5 јануари 2011 г.
11 декември 2010 г.
Long time no see
Не сум напишала одамна ништо.
Размислував да го променам дизајнот и концептот на блогот, можеби еден ден ќе успеам и во тоа, но во суштина не сум гледала одамна ништо.
Лажам...
Во суштина сум погледнала неколку епизоди од различни анимеа, ама не сум изгледала ништо.
Мојата листа на аниме кои ми се започнати, расте по стрмна нагорна линија. Дури и MAL го забаталив, за да не ме фаќа паника од што се’ треба да завршам со гледање.
Последниве неколку месеци ја затурив мојата „ненаситност од аниме“, и се посветив на „живите“ ликови од американските телевизиски серии. Да не набројувам сега, ама скоро да компензирав за сето време што досега го посветив на анимираните јапонски серии.
И со сите промени во мојот живот, малку повеќе се посветив на готвењето, особено во вештината и различните вкусови на мафините (можеби наскоро ќе започнам со пишување и на таков еден блог, едноставно од вишок време и само моментално пригушената желба да прибележувам се’.)
Сепак, од време на време, го отварам фолдерот со аниме на екстерниот диск наместо да буричкам по куповите дивидија - така ми е најлесно - постојано достапен и од двата компјутери. Насловите кои ги чепнав и за кои се надевам наскоро ќе успеам да напишам и стандарното краток осврт, а кои во меѓувреме ги препорачувам како не популарни и скоро непознати: Master Keaton, Skullman и FLAG.
И покрај мојата моментална доследност на „трендот“ на следење на моментално популарните американски ТВ серии, стојам зад мојата максима бар кога станува збор за аниме: Бидете авантуристи и дозволете си да најдете нешто различно од Bleach, без оглед дали имате со кога да го споделите тоа. Едноставно, аниме светот е навистина богат. И ако еднаш сте влегле во него, тешко дека ќе го напуштите засекогаш.

5 август 2010 г.
Mecha love story
Едно од оние аниме кои на мене бар оставија трага и ми останаа во сеќавање е Eureka SeveN. Во листата на MAL ми стои во Топ5, а ликовите сеуште ми се помеѓу омилените. Иако, вистина е, дека оние анимеа кои сте ги гледал меѓу првите ви се омилени и им давате високи оценки иако можеби не го заслужуваат тоа. Сепак, и покрај тоа што сум фан на mecha, military и sci-fi жанрот, ве уверувам дека ова е навистина одлично аниме и секогаш високо оценето меѓу добрите познавачи.
Eureka Seven, во Јапонија е познато како Psalms of Planets Eureka Seven (交響詩篇エウレカセブン, Kōkyōshihen Eureka Sebun). Дел е од продукцијата на BONES заедничка творба на режисерот Kyoda Tomoki и сценаристот Sato Dai, двајцата со импресивни резимеа. Покрај одличното сценарио и многу добрата режија, впечатлив е и soundtrack-от на Sato Naoki, можеби и најдобриот дел од анимето. Ако сте фан на аниме музика, оваа е одлична епска инструментална оркестарска музика, која топло ја препорачувам.

Концептот на анимето е многу интересен, според мене. Во 50 епизоди ја гради приказната за Renton, 14-годишно момче со желба и талент за lifting (сурфање во воздух врз гасовитиот медиум trapar), кој по игра на случајот ќе успее да влезе во легендарниот тим на „бунтовници“ Gekkostate, запознавајќи ги пред се’ Eureka и нејзиниот Nirvash typeZERO. Серијата содржи огромен број теми и алегории, почнувајќи од насловите на епизодите (наслови на песни од Јапонија и светот), актуелни политички настани, расна интеграција, политичка коректност, сурф- и хипи- култура, родителство, фамилија, пријателство, љубов во сите дефиниции, потрага по идентитет, себе-откривање, себе-дефинирање, држење до идеали и принципи, баланс меѓу доброто и злото, правилното и погрешното, индивидуалното и заедничкото, слободата и должноста. Дури, алегорија имаат и имињата на ликовите, меѓу кои особено ми беа привлечни Charles & Ray (B)Eams (како брачниот пар архитекти).

Нормално, за сите оние кои ги сакаат овие жанрови, анимето е полно со терминологија за нова, измислена и фантастична земна и вонземна технологија. Во основа, многу потсеќа, како концепт на своите протходници NGE, Escaflowne и Ryvius, а од друга страна, покрај очигледната основа за Bounen no Xamdou, забележлива е и врската со поновите Dragonaut и Basquash. Анимацијата на mecha-та и сурфањето во воздух e фантастична. Се пазело особено на поедините детали, на јаките бои и општиот визуелниот впечаток, а особено на големите сцени и позадините. Ликовите се навистина добро и длабоко обработени, и релативно карактеристични за серијава. Има за секого по нешто, и ништо не е досадно. Добро, освен, тегнењето на приказната на крај на серијата. Последните 5-10 епизоди и временскиот распон кој го офаќаат малку се расплинија и целото дејство се стишува. Ама, покажете ми аниме кое завршило без епилог. Крајот е секогаш основата за приказната, бар во анимеата.
22-46-32%5D.JPG)

Покрај успешното аниме, секако следуваат манга верзии, light-novel и дури 3 игри. Но, морам навистина да го споменам долгометражниот филм кој во Јапонија го носи името Eureka 7 -Pocket full of Rainbows, зашто едноставно може подеднакво да ви се допадне едно потполно поинакво видување на светот, скоро спротивна приказна од алтернативен универзум, каде ликовите добиле сосема поинаква, да речеме „извртена“ улога. Најмалку, барем е прекрасно да се видат сцените на широкото ѕвездено небо во 1080р резолуција.
Eureka Seven, во Јапонија е познато како Psalms of Planets Eureka Seven (交響詩篇エウレカセブン, Kōkyōshihen Eureka Sebun). Дел е од продукцијата на BONES заедничка творба на режисерот Kyoda Tomoki и сценаристот Sato Dai, двајцата со импресивни резимеа. Покрај одличното сценарио и многу добрата режија, впечатлив е и soundtrack-от на Sato Naoki, можеби и најдобриот дел од анимето. Ако сте фан на аниме музика, оваа е одлична епска инструментална оркестарска музика, која топло ја препорачувам.

20 јули 2010 г.
Уште една поинаква приказна за Shinsegumi
Морам само на кратко да споменам, меѓу сите чудни наслови што излегоа во последно време, меѓу хорор, мистерии, трчаници и свирки, и училишни саги и слатки девојчиња и параноични ликови, после долго време, повторно некое (донекаде) историско аниме. Додека го чекав нестрпливо вториот дел од комичното Sengoku Basara, ме забавуваше Hakuouki: Shinsengumi Kitan, базирано на истомената игра.Од друга страна, она што повторно мене лично ме воодушевува, исто како и во Sengoku Basara, е поврзаноста и сличноста/различноста на ликовите со вистинските историски личности. За Shinsengumi, специјалната полиција од ронини од Едо периодот, или „Волците од Мибу“ првпат слушнав во Rurouni Kenshin - таму беа негативците на Saito Hajime (the hot general dude, anyone?). А во Gintama, пак, се вистинска пародија од секоја војска/полиција. Овде беа совршен пример на reverse harem самураи.
19 јули 2010 г.
Meh! Tenshi....
Еднаш ги разглабав ангелите и религиските убедувања во чистилиштето >> poljaff_>>manga & anime<<: Чистилиштето. Денес, раскажувам за нешто во кое не можам да најдам никаква логика. Не ми беше ни забавно, па да речам дека не барам логика во забавата. Едноставно ми е непоимливо: зошто Чистилиштето во случајов е едно школо, надвор од него не постои ништо, во него само деца со „нерешени раб оти“, и чувствата, а особено љубовта се забранети до таа мера што во случај на бунтовништво против училишниот ред се појавува Ангел / Tenshi со агресивни и крвави мерки за решавање на проблемите.
20-54-45%5D.JPG)
20-55-20%5D.JPG)
20-56-40%5D.JPG)
20-57-25%5D.JPG)
20-57-32%5D.JPG)
20-57-39%5D.JPG)
Прво, серијата почнува на релативно црно-хумористичен начин - ликовите во него, не главните, туку споредните постојано гинат (на доста крвав и насилен начин), за да оживеат после кратко време „со нови сили во нови победи“. На почетокот анимето имаше потенцијал да раскаже навистина интересна приказна, раскажувајќи низ комични настани, но и болни сеќавања, за претходниот живот на децата и совеста која ги држи овде, каде владеат „нерешените работи“, потиснатите чувства и заборавот. Но потоа се изгуби во детска драма романса, со понекој крвав ефект. Нешто како Haruhi; дури и главиот лик, лидерот на Отпорот - Yurippe премногу потсеќаше на Haruhi. А и сцените на girl-bandот не ми беа сфатливи. Само заради диверзија на Отпорот девојките излегуваа на сцена да пеат? Ама затоа пак, анимацијата и визуелните ефекти на концертите на девојките од бендот беа неверојатно добри!
OP Theme: Lia | My soul, your beats
Уште едно нешто што ме освои повторно беше музиката. Воведната и крајната тема заслужуваат внимание. Некако јасно, ова е уште едно дело на Maeda Jun и студиото Key за визуелни новели, кои стојат зад наслови како Kanon, Air и Clannad, сите со релативно високи оценки и популарност. И во овој дел барем си ја завршиле работата. За споредба со приказната и другите дела на Key незнам да кажам. Не сум фан на school-girl-romance-harem анимеа. Битно ме изгуби анимево и не ми даде надеж дека еден ден ќе седнам и ќе сфатам што е толку добро во Visual Key анимеата.
OP Theme: Lia | My soul, your beats