Омилени анимеа

Осврти и мислење за популарните и не-толку-популарните анимеа

Омилени манги

Осврти и мислење за популарните и не-толку-популарните манги

Топ листи

Годишни осврти на најдобрите манги и анимеа

Кратки анимации

Видео од кратки но слатки уживања

Музика во анимеата

Фантастичките почетни или завршни музички теми

Се прикажуваат објави со етикета Kuchu Buranko. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета Kuchu Buranko. Прикажи ги сите објави

10 јануари 2010 г.

Once in a blue moon

"Once in a blue moon" мислам дека е совршен опис за нешто толку психоделично, што сум сигурна и јас, како и оние неколкумина што го изгледаа ова аниме, дека ова е едно од оние остварувања, што ќе одврати 90% од гледачите. Пола од тие што ќе продолжат да го гледаат веројатно ќе го остават на пола сметајќи го за визуелно и ментално напорно, а останатите ќе го завршат давајќи му епитети како „фантастично“, „брилијантно“ или „генијално“. Замалку ќе бев категоризирана во првата група, да не беше мојата помалку егоцентрична и "obsessive-compulsive" карактерна црта на не-застанување пред предизвикот, кој најчесто сама си го поставувам, а во случајов, да го догледам до крај чудново дело и да го ставам на completed листата.
Kuchu Buranko е серија која ретко се среќава прво по невообичаениот концепт на анализа и презентација на својата тема, а второ во хибридната анимација на 2D анимација, Rotoscop, live-action и композитни слики. Главниот протагонист е психијатарот со променлив, наметлив и детски изглед, но и пристап во лекување на пациентитет. Неговиот метод на лечење се витаминските инјекции кои, како да му се фетиш, ги дели неговата згодна и во розе облечена медицинска сестра, како и директната конфронтација на пациентите со нивните проблеми. Ликовите и дејствијата (или „болестите“) се епизодни иако се среќаваат во 2 или 3 епизоди, на пример: службеникот со постојана ерекција, средношколецот со зависност од мобилни телефони, јакузата со страв од оштри агли, писателот со чувство дека нема нови идеи, детето-ѕвезда со нарцисоидна слика за себе итн.
Незнам дали би го препорачала. Иако јас одлично се забавував, мислам дека ова едно од оние анимеа за кои прво треба да прочитате критика и препорака и да заклучите дали е вредно за вашето внимание. Веројатно 90% ќе речат не. За моето вредеше. Епа сега, кој психичка состјба владее со мојот карактер деновиве, проценете сами ,)