Едно од оние аниме кои на мене бар оставија трага и ми останаа во сеќавање е Eureka SeveN. Во листата на MAL ми стои во Топ5, а ликовите сеуште ми се помеѓу омилените. Иако, вистина е, дека оние анимеа кои сте ги гледал меѓу првите ви се омилени и им давате високи оценки иако можеби не го заслужуваат тоа. Сепак, и покрај тоа што сум фан на mecha, military и sci-fi жанрот, ве уверувам дека ова е навистина одлично аниме и секогаш високо оценето меѓу добрите познавачи.
Eureka Seven, во Јапонија е познато како Psalms of Planets Eureka Seven (交響詩篇エウレカセブン Kōkyōshihen Eureka Sebun). Дел е од продукцијата на BONES заедничка творба на режисерот Kyoda Tomoki и сценаристот Sato Dai, двајцата со импресивни резимеа. Покрај одличното сценарио и многу добрата режија, впечатлив е и soundtrack-от на Sato Naoki, можеби и најдобриот дел од анимето. Ако сте фан на аниме музика, оваа е одлична епска инструментална оркестарска музика, која топло ја препорачувам.
Концептот на анимето е многу интересен, според мене. Во 50 епизоди ја гради приказната за Renton, 14-годишно момче со желба и талент за lifting (сурфање во воздух врз гасовитиот медиум trapar), кој по игра на случајот ќе успее да влезе во легендарниот тим на „бунтовници“ Gekkostate, запознавајќи ги пред се’ Eureka и нејзиниот Nirvash typeZERO. Серијата содржи огромен број теми и алегории, почнувајќи од насловите на епизодите (наслови на песни од Јапонија и светот), актуелни политички настани, расна интеграција, политичка коректност, сурф- и хипи- култура, родителство, фамилија, пријателство, љубов во сите дефиниции, потрага по идентитет, себе-откривање, себе-дефинирање, држење до идеали и принципи, баланс меѓу доброто и злото, правилното и погрешното, индивидуалното и заедничкото, слободата и должноста. Дури, алегорија имаат и имињата на ликовите, меѓу кои особено ми беа привлечни Charles & Ray (B)Eams (како брачниот пар архитекти).
Нормално, за сите оние кои ги сакаат овие жанрови, анимето е полно со терминологија за нова, измислена и фантастична земна и вонземна технологија. Во основа, многу потсеќа, како концепт на своите протходници NGE, Escaflowne и Ryvius, а од друга страна, покрај очигледната основа за Bounen no Xamdou, забележлива е и врската со поновите Dragonaut и Basquash. Анимацијата на mecha-та и сурфањето во воздух e фантастична. Се пазело особено на поедините детали, на јаките бои и општиот визуелниот впечаток, а особено на големите сцени и позадините. Ликовите се навистина добро и длабоко обработени, и релативно карактеристични за серијава. Има за секого по нешто, и ништо не е досадно. Добро, освен, тегнењето на приказната на крај на серијата. Последните 5-10 епизоди и временскиот распон кој го офаќаат малку се расплинија и целото дејство се стишува. Ама, покажете ми аниме кое завршило без епилог. Крајот е секогаш основата за приказната, бар во анимеата.
Покрај успешното аниме, секако следуваат манга верзии, light-novel и дури 3 игри. Но, морам навистина да го споменам долгометражниот филм кој во Јапонија го носи името Eureka 7 -Pocket full of Rainbows, зашто едноставно може подеднакво да ви се допадне едно потполно поинакво видување на светот, скоро спротивна приказна од алтернативен универзум, каде ликовите добиле сосема поинаква, да речеме „извртена“ улога. Најмалку, барем е прекрасно да се видат сцените на широкото ѕвездено небо во 1080р резолуција.
Eureka Seven, во Јапонија е познато како Psalms of Planets Eureka Seven (交響詩篇エウレカセブン Kōkyōshihen Eureka Sebun). Дел е од продукцијата на BONES заедничка творба на режисерот Kyoda Tomoki и сценаристот Sato Dai, двајцата со импресивни резимеа. Покрај одличното сценарио и многу добрата режија, впечатлив е и soundtrack-от на Sato Naoki, можеби и најдобриот дел од анимето. Ако сте фан на аниме музика, оваа е одлична епска инструментална оркестарска музика, која топло ја препорачувам.
2 коментари:
Сеа чим толку го исфали, ќе мора да го позајмиш :)
Обавезно, и филмот дури ,)
Објави коментар