Омилени анимеа

Осврти и мислење за популарните и не-толку-популарните анимеа

Омилени манги

Осврти и мислење за популарните и не-толку-популарните манги

Топ листи

Годишни осврти на најдобрите манги и анимеа

Кратки анимации

Видео од кратки но слатки уживања

Музика во анимеата

Фантастичките почетни или завршни музички теми

Се прикажуваат објави со етикета BONES. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета BONES. Прикажи ги сите објави

5 август 2010 г.

Mecha love story

Едно од оние аниме кои на мене бар оставија трага и ми останаа во сеќавање е Eureka SeveN. Во листата на MAL ми стои во Топ5, а ликовите сеуште ми се помеѓу омилените. Иако, вистина е, дека оние анимеа кои сте ги гледал меѓу првите ви се омилени и им давате високи оценки иако можеби не го заслужуваат тоа. Сепак, и покрај тоа што сум фан на mecha, military и sci-fi жанрот, ве уверувам дека ова е навистина одлично аниме и секогаш високо оценето меѓу добрите познавачи.

Eureka Seven, во Јапонија е познато како Psalms of Planets Eureka Seven (交響詩篇エウレカセブン Kōkyōshihen Eureka Sebun). Дел е од продукцијата на BONES заедничка творба на режисерот Kyoda Tomoki и сценаристот Sato Dai, двајцата со импресивни резимеа. Покрај одличното сценарио и многу добрата режија, впечатлив е и soundtrack-от на Sato Naoki, можеби и најдобриот дел од анимето. Ако сте фан на аниме музика, оваа е одлична епска инструментална оркестарска музика, која топло ја препорачувам.

Концептот на анимето е многу интересен, според мене. Во 50 епизоди ја гради приказната за Renton, 14-годишно момче со желба и талент за lifting (сурфање во воздух врз гасовитиот медиум trapar), кој по игра на случајот ќе успее да влезе во легендарниот тим на „бунтовници“ Gekkostate, запознавајќи ги пред се’ Eureka и нејзиниот Nirvash typeZERO. Серијата содржи огромен број теми и алегории, почнувајќи од насловите на епизодите (наслови на песни од Јапонија и светот), актуелни политички настани, расна интеграција, политичка коректност, сурф- и хипи- култура, родителство, фамилија, пријателство, љубов во сите дефиниции, потрага по идентитет, себе-откривање, себе-дефинирање, држење до идеали и принципи, баланс меѓу доброто и злото, правилното и погрешното, индивидуалното и заедничкото, слободата и должноста. Дури, алегорија имаат и имињата на ликовите, меѓу кои особено ми беа привлечни Charles & Ray (B)Eams (како брачниот пар архитекти).


Нормално, за сите оние кои ги сакаат овие жанрови, анимето е полно со терминологија за нова, измислена и фантастична земна и вонземна технологија. Во основа, многу потсеќа, како концепт на своите протходници NGE, Escaflowne и Ryvius, а од друга страна, покрај очигледната основа за Bounen no Xamdou, забележлива е и врската со поновите Dragonaut и Basquash. Анимацијата на mecha-та и сурфањето во воздух e фантастична. Се пазело особено на поедините детали, на јаките бои и општиот визуелниот впечаток, а особено на големите сцени и позадините. Ликовите се навистина добро и длабоко обработени, и релативно карактеристични за серијава. Има за секого по нешто, и ништо не е досадно. Добро, освен, тегнењето на приказната на крај на серијата. Последните 5-10 епизоди и временскиот распон кој го офаќаат малку се расплинија и целото дејство се стишува. Ама, покажете ми аниме кое завршило без епилог. Крајот е секогаш основата за приказната, бар во анимеата.

Покрај успешното аниме, секако следуваат манга верзии, light-novel и дури 3 игри. Но, морам навистина да го споменам долгометражниот филм кој во Јапонија го носи името Eureka 7 -Pocket full of Rainbows, зашто едноставно може подеднакво да ви се допадне едно потполно поинакво видување на светот, скоро спротивна приказна од алтернативен универзум, каде ликовите добиле сосема поинаква, да речеме „извртена“ улога. Најмалку, барем е прекрасно да се видат сцените на широкото ѕвездено небо во 1080р резолуција.


13 мај 2010 г.

Мечот на туѓинецот


Место интро за претходната Јапанорама, еве еден субјективен ривју од мене. Sword of the stranger, изгледан по 4-ти. Зошто оставена 8-цата од мене на MAL? Зашто станува збор за навистина добро аниме.

Прво, и за мене лично многу битно, анимацијата на акционите сцени е неверојатно динамична и беспрекорна. Нешто што е сосема јасно кога ќе се спомене BONES и Ando Masahiro. Човекот стои зад клучните анимации на Cowboy Bebop: Knocking on heaven's door, Fullmetal Alchemist, Eureka 7, Metropolis, MS Gundam SEED Destiny, Jin-Roh the Wolfbrigade... Need I say more


Позадинската музика, во епски димензии ги доловува бескрајните пејсажи и брзите дуелите. На моменти ќе се запрашате од кој свет доаѓаат зурлите и гајдите, и дали не сме со јапонците еден народ во две земји. На моменти, јас барем го имав впечатокот, особено при изливите на чест и достоинство, дека го гледам Последниот Мохиканец со музиката на Trevor Jones и Randy Edelman.

Приказната од друга страна, не е нешто особено, односно не е нешто што не може да се раскаже во две реченици. Како што Еден дечко тоа го направи во најавата за филмот на Facebook. Битно, има логика, не е незамислива и мачна за размислување. Ликовите се доволно обработени со едноставни црти кои веднаш ви го доловуваат карактерот. А и spagetti western/real action a-la-Kurosawa самурајските сцени на припрема на дуелите. Thumbs up од овој субјективен самонаречен критичар. А според реакциите во LaKana, во Скопје, и публиката уживаше во уште едно визуелно доживување наречено Јапанорама.


4 март 2010 г.

Зората на Црвената Планета

Кога ќе ги споите приказните за Robin Hood и 20.000 милји под морето, со mecha и shounen аниме добивате забавно доживување како што е Mars Daybreak. Анимето е доволно да ве забавува неколку дена, без да ви се здосади, зашто како за секој типичен  претставник на овој жанр, содржи од се’ помалку - добри акциони сцени на подводни борби, интересни ликови на бескруполозни и силни негативци, приказна поддржана со авантура, и по малку љубов и драма.

Веројатно мене лично ќе ми беше и потпросечно, ама за моја среќа, на анимево работела екипа на продукциската куќа Bones и дел од творците на некои од моите омилени анимеа. Режисерот Mori Kunihiro работел на неколку Gundam-и и на Samurai Champloo, Ousaka Koji, кој е творецот на карактерите, работел на Wolf's Rain и FMA, Mizuhata Kenji, кој е дизајнер на mecha-та работел на Eureka 7, Xam'd, Macross и RahXephon, а епската позадинска музика е на Wada Kaoru, кој е творец на музиката на Inuyasha, Samurai 7 и D.Gray-man. Многу различни луѓе работеле на многу различни елементи, особено на сценариото и на анимацијата, па оттука анимето делува малку некохерентно. 


Приказната е едноставна, тече во еден правец без многу осцилации, дигресии и дивергенции >> Животот на сега веќе потполно поплавениот Марс е тежок, особено за сирачињата на градовите-бродови како што е Adena. Gram River случајно „заглавува“ со пиратскиот брод Aurora, кој како герила се бори против доминацијата на војската од Земјата врз немилитантниот Марс. Пиратите покрај тоа што постојано бегаат од војската, нормално, го бараат големото богатство на Марс. Така започнува авантурата на Gram, кој во потрага за подобар живот, го наоѓа и големото значење на љубовта.

Екипажот на бродот, т.е. подморницата е составен од најразлични ликови, поддржани од делфинот и мачката кои се движат и зборуваат со помош на техника, се разбира, како и од цела армија роботизирани механичари - „BALLS“ (точно, топки со ножиња, кои пак, се разбира, зборуваат). Непријателите се состојат во 1. администрацијата на Марс, лигава политичарка и нејзиниот асистент, 2. војската на Земјата, со доминантни mecha, бродови и оружја, 3. богатите бизнисмени од Земјата кои бескруполозно ги искористуваат ресурсите на Марс, и секако 4. „конкурентни“ пирати, кои се’ работат за пари. И кога ќе сфатите дека се соочувате со некои 200 ликови, од кои можеби два се интересни, а другите не се ништо друго освен жива позадина за неколкуте главни - бар за мене - тоа е just fine. 


Она што според мене вредеше за да се спомене анимето, е тоа што некако како да беше тест за нешто поголемо, како што се Eureka и Bounen no Xamdou. O, да, и заради негативецот со наочари, каков што е Kubernes и неговата mecha - сирена. And so... I like it - just fine.

8 декември 2009 г.

So Scandalous

Soul Eater е нешто потполно откачено, смешно, game-like/ fight-style клише-антиклише shounen аниме, со фантастичен soundtrack, хумор кој нема да ве остави рамнодушни и одлична 2Д анимација.
Она што започнало како манга од Otubo Atasushi, прераснало во аниме во продукција на BONES и игра на Sqaure Enix - верувајте, успешен наслов благодарение на леснотијата на приказната и генералното уживање што го нуди. Незнам која била таргет групата, меѓутоа анимево е навистина едно од оние must-see, посебно, за оние како мене, кои и на 30 години, гледаат „цртани филмови“ за забава.

Приказната и не е нешто посебно, ниту нешто оригинално, ниту нешто особено вредно да се споменува. Она што е особено забавно се ликовите, и сите "puns" околу нивните имиња и презимиња, и потекла, и карактери, и комбинациите, и пријателствата. Искрено, нема каков осврт да се пишува - едноставно, забавно аниме. Ликовите се ученици во Академијата за мајстори на смртоносни оружја, односно ликовите СЕ мајсторите и нивните оружја. Главните протагонисти се трите парови/групи - Maka + Soul Eater (добрата ученичка и наследничка и нејзиниот партнер, стрпливиот и cool, „коса на смртта“), Black Star + Tsubaki (упорниот, самоуверен сирак и неговата партнерка со моќи на трансформација во разни нинџа-оружја) и Death The Kid + Lizz & Patti Thompson (неподносливиот наследник на Богот на Смртта, владетелот со Death city, и неговите револвери - сестри каубојки). Да не почнувам да набројувам за Excalibur, Franken Stein, Ox Ford... Има нешто во јапонската пародија на западниот свет, што мене неверојатно ме забавува, посебно тоа што како да е дел од нивното секојдневие, а искомбинирано со ваков уметнични стил и ваква музика, мене ми е дефинитивно two thumbs up!

OP Theme #1 - T.M Revolution | Resonance

П.С. Ќе се обидам screen-shots да додадам некој нареден пат, а мислам дека preview-то е доволно добро за почеток.

22 септември 2009 г.

Тага и надеж


Во 300-та чуда што имам изгледано од аниме, сум наишла на неколку анимеа, кои не можам да ги споредам со ниедно друго. Меѓу тие, ретките такви, и прекрасното Wolf's Rain. Навистина го жалам секој оној кој пропуштил да го гледа. Зашто пропуштил едно ремек-дело на кинематографијата воопшто. Без оглед на комерцијалниот момент на 4-делната ОВА која го завршува анимето или мангата која излезе после анимето, без оглед на сите бенефиции од продажбите на сите колекционерски предметi и фетишот на тинејџерките, кон волците (што лично, не го сфаќам)
Совршено, комплетно дело: приказната на Nobumoto, Keiko која потсеќа на некоја руска бајка, грчка трагедија, дури и помалку sci-fi, епско патешествие; цртежот кој сеуште ми е неверојатно оригинален, полн со мрачна и студена атмосфера, чувство кое ве следи дека дошол крајот на светот изразено низ навистина одличниот приказна, празните позадини, интернационалниот soundtrack и музиката на Kanno, Yoko, одлично креираните (btw, сите трагични) ликови од страна на еден од најискусните аниматори во аниме индустријата Kawamoto, Toshihiro, сето тоа прекрасно изрежирано од Okamura, Tensai.
Сижето би било следното: се знае дека кога ќе дојде крајот на светот ќе настапи рајот, а него можат да го најдат само волците со помош на Девојката на Цвеќето (The Flower Maiden). Но волците веќе 200 години не одат по лицето на Земјата, поточно не одат на 4 нозе и изгледаат како секој друг човек. Тие што преживеале, бар некои од нив Kiba (Песјак), Tsume (Канџа), Hige (Мустак) и малиот Toboe (Виење), здружени, во потрага по рајот, тргнуваат да ја бараат својата спасителка Cheza. Практично, секаде околу нив светот се откажува и умира, а нивните животни приказни и личните трагедии, кои им го дефинирале и карактерот, но и иднината, случајно ги спојуваат заедно, со Рајот како цел. Kiba е неуморен, дрзок, инаетлив, независен и непоколеблив; Tsume е арогантен, искусен, силен, заштитник; Hige е весел, позитивен, оној кој ги држи сите заедно, но со голема грижа на совест и долг кој треба да го искупи;Toboe e млад, ведар, полн се енергија да се докажи. Нормално, тука има и неколку пратечки ликови, моќници кои и самите сакаат да стигнат до Рајот, научници и полицајци кои сакаат да ја откријат вистината за крајот на светот, ловци кои едноставно сметаат дека волците се криви за нивната трагична судбина.
Незнам, веројатно, целиов овој осврт води кон тоа дека 30 епизоди тага и не се баш инспиративни за гледање. Но, од друга страна, таа потрага по Надежта и Иднината, мене барем ме тераше да одам до крај, со волците низ пустините и снегот до Cheza и Рајот.




Линк до преходниот пост и одличните OP & ED теми.

18 септември 2009 г.

Dear Yuuki...

Кога човек има бујна фантазија, како што е случајот со мене, избегнува драми, особено онакви со кои јас се соживувам, какви што се The Grave of the Fireflies (кој беше на таа Јапанорама, се извинувам за гласниот БЕНГ од задните редови - ми испадна апаратот од раце, барајќи шамивче да си ги избришам очите). Или на пример, Sutjeska (1973) (умирав од плачење кога бев мала, кога на крај загина Борис Дворник, а.к.а. Далматинац). Дефинитивно не! Плачка!
Tokyo Magnitude 8.0 не ме расплака, што значи сум се поместила во по-„ладни“ води. Се’ до 10-тата епизода, реалноста на серијата ме допре, но некако останав со ставот, па баш и не е толку се’сјајно, се’ реално... Се’ до крајот...
Ми се допадна развојот на приказната и ликовите, навистина нешто „свежо“ низ толкуте Глупости што излегоа сезонава. Едноставна анимација, ништо посебно во цртеж, но одлично доловена атмосфера - не требаше ништо повеќе. Ми се допадна амбиенталната музика, не премногу драматична, но некако тивко осамена, болна, помалку трагична. Гласовите повторно одлично избрани. Незнам, ретко одбирам драма, но овие единаесет епизоди беа навистина одлични.
Нeвозможно е да се случи земјотрес од толкав размер без толкава трагедија - да се поместат згради, да распукаат улици, да се рушат мостови, да избувнат пожари, да паѓаат кули, да гинат луѓе. Невозможно е да се остани присебен, особено ако изгубите некој близок - невозможно да е не ви се здроби срцето од болка...
На почетокот...
"this work of fiction surrounding the circumstances of a massive earthquake in Tokyo is based on tremendous amount of research and verification. Striving for a sense of realism, many simulations were thought of to create this original story, however circumstances may be different to the real thing"

Некако на крајот, не сакам ни да замислам колку би можело да е пореално, пострашно од ова............