Омилени анимеа

Осврти и мислење за популарните и не-толку-популарните анимеа

Омилени манги

Осврти и мислење за популарните и не-толку-популарните манги

Топ листи

Годишни осврти на најдобрите манги и анимеа

Кратки анимации

Видео од кратки но слатки уживања

Музика во анимеата

Фантастичките почетни или завршни музички теми

Се прикажуваат објави со етикета Sunrise. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета Sunrise. Прикажи ги сите објави

15 март 2010 г.

The Message

Се вратив на анимево после повеќе од година дена, и сеуште незнам што да очекувам. Само знам дека песнава е одна од најдобрите што ги имам слушнато. Дефинитивно за топ 10, бар за оваа година


OP - "Message #9" by Tomoko Tane

14 март 2010 г.

Starwind of the Outlaw Star

Некако така се погоди, во распон од месец дена да довршам две space blues анимеа, кои веројатни и не така случајно се препорака едното за другото. Cowboy Bebop и Оutlaw Star не се ни малку слични освен во тоа што, веројатно во крајот на 90-тите години на минатиот век мешаните стилови во анимеата беа во мода, особено со сеуште силното влијание на space операта кај фановите.

За разлика од Bebop кој е сериозен кандидат за едно од најдобрите анимеа на сите времиња, Outlaw Star e само 26-епизодна shounen забава. Она што е „добро“ во анимето е комплетноста на забавата. Ликовите се одлично стереотипно поставени и добро развиени - Gene Starwind, „фраер“ пилот на сопствен вселенски брод со физички и емоционални лузни, Jim Hawkins (нормално името на главниот јунак на Treasure Island, аналогно со „учеството“ на свемирските пирати), малиот sci-fi генијалец, Melfina, андроидот со решение до центарот и знаењата на универзумот и нивните две повремени сопатнички, дивата жена-мачка Aisha и осветољубивата ронин Suzuka. Хуморот е секако составен дел од анимево, од основните дофрлања и алузии, до ecchi сцените и коментарите.


Линијата на приказната ја има, започнува и завршува, со интересен концепт на раскажување или подобро објаснување на делови од неа со почетокот на секоја епизода. После некое време, анимето преоѓа во епизодно решавање на проблеми и трки и борби низ свемирот. Во позадина стои приказната за потрагата што пред скоро цел век ја почна Wizard of Oz. Melfina се бара себеси и патот до дома, лудиот професор Gwen Khan ги бара сите мистерии на Универзумот, Harry MacDougall е во очајничка трка по љубовта на Melfina, а 7-те главни пирати, Тао мајстори, се желни за моќ поголема од Универзумот. Неможе да се сврсти во сериозна, и покрај тоа што митската The Galactic Leyline изгледа како Rama на Arthur C. Clark, пред се’, поради тоа што физичките закони не важат во поглед на свемирското патување (а верувајте, ќе најдете анимеа физички прецизни). 


Мене лично ми се допаднаа сите ефекти на акционите сцени на вселенска борба и епските слики на ѕвезденото небо, но без детали на ликовите и без многу различни емоции. Иако цртежот припаѓа на крајот на ’90-тите, што не е веоопшто одбивно, многу лош впечаток добив од тоа што ликот на Gene понекогаш е толку различен во анфас во различни епизоди, што единствено се поклопуваат неговите, лузни, тетоважи и бушавата црвена коса. 

Едно нешто што е толку блиску за двете анимеа е blues музиката, која и овде е во позадина на донекаде емотивните сцени. За жал, не е Kanno Yoko, ама сепак е доволна добра за вака забавно аниме. 

19 февруари 2010 г.

Hunger is the best spice


The work which becomes new genre itself will be called... Cowboy Bebop

Како да напишеш било каква критика за нешто што е веќе именувано, фалено и опишувано, прераскажувано, гледано и слушано по милионити пат. Како да пишувам за Cowboy Bebop, ремек делото на Watanabe Shinichiro (овде сум го споменала бар за Michiko to Hatchin), револуционерниот почеток на мешаниот жанр, оригиналот на денешниве бледи, бесмислени копии.  

Кога почнав да го пишувам блогот мислев дека треба да раскажувам за „Големите“, но некако веднаш, уште со Trigun  почнав да пишувам за работите што во моментот ги гледав. Можеби затоа некои од „Големите“ ги нема на блогов, зашто или сум ги гледала претходно, или не сум ги гледала до сега. Знам, јас и мојот не-конформистички став кон она што е "a must see". Верувајте не е таков случајот. Кога сфатив дека го немам гледано анимето (серијалот, бидејќи филмот е меѓу првите анимеа што во животот сум ги гледала), и кога го знаев веќе soundtrack-от на памет, веќе и не беше некоја фама, освен за 2-3ца што ги познавам, што и денес ги чуваат аватарите по messenger-ите. Не само што не беше фама, туку единствена верзија што успеав да ја најдам беше англиската. И само англиската. За жал (или среќа) не ги гледам анимеата на англиски. Иако, наслов како Cowboy Bebop нелогично е да го врзете со Јапонија, ама сепак. Аниме си е аниме. Почекав, стрпливо си чекав до remastered верзија во 700х480 резолуција, со одличен звук и кодинг, и одличен превод. И уживав, два дена нон стоп. Како што одамна не сум уживала. Така да, коментарите, како „/facepalm“, или „кхм, се надевам ова е rewatch“ ги одбивам од старт, како hostile. :) По дефиниција не припаќаат на овој блог :)



И повторно, незнам од каде да почнам. Bebop не е само класика, "must see", или едно од најдобрите анимеа кои сте ги гледале (факт!), во сите големи жанрови на акција, комедија, драма, sci-fi. Bebop е како враќање дома, кон нешто познато, како стара книга која сте ја подзаборавиле, ама секој пат кога ја земате во рака не можете да ја испуштите, како песна која носталгично ве враќа на некое сигурно, препознатливо чувство. Bebop e нешто добро, совршено нормално и разбирливо, возбудливо, драматично и комично истовремено, целосно, прекрасно. Секако, тука е и моментот на расположението на гледачoт, a „yours truly “ во последно време е во mood на меланхолија.  Bebop ми дојде како најубавото колаче, кое го чекате пак да го пробате некаде, и се сеќавате на вкусот и на мирисот, ама едноставно не на рецептот - за конечно да го најдете кога ќе бидете во совршено расположение, десерт совршено припремен, послужен во совршена атмосфера. Можеби претерав сега во емоции, ама тоа е до блузот, оној каубојскиот, што го испратија во вселената со The Soul of the man.

For the Ordinary Julia. The kind of beautiful, dangerous ordinary that you just can't leave alone. 

Like an angel from the underworld. Or a devil from Paradise.

Накратко Cowboy Bebop e телевизиска серија со релативно епизодно дејство, за ловците на награди, Spike Spiegel, бивш војник и агент со мрачно и мистериозно минато и Jet Black, пензиониран полицаец со протетички делови на телото, и нивниот свемирски брод Bebop. Во текот на нивното патување ја среќаваат мистериозната, независна и самоуверена Faye Valentine, cyber-чудото од дете Edward (btw, девојче) и необично интелегентното куче Ein. Откачено друштво кое совршено се вклопува во предводникот на новиот филм ноар -комбинација од space opera, spaghetti western и детективските приказни од 70-тите. Забавна е замислата на светот после Големата Војна, каде се патува не до градови, туку до планети, а цело време го имате чувството дека патувате низ pulp филмовите. Минатото и иднината се потполно измешани со реалноста, музиката и перфектната анимација се постојано надополнувани со инспирации и референци од денешницата, насекаде и од секаде -од филмски дејствија, од наслови на песни, од имиња на ликови и личности.

Значи, стои само фактот дека анимево нема никаква врска со клише, и дури, и изјавата дека е меѓу најдобрите анимеа било кога направени - и таа не е клише. На крај, единствен доказ за тоа дека Cowboy Bebop e меѓу „Големите“ се вашите очи и уши. Моите уживаа во десертот.


See You Space Cowboy...