Некако секое аниме кое има еден посебен тип на ликови ми станува меѓу омилените. Оној тип на жени лидери, кои најчесто ги има во војската или во големите корпорации - вистински лидери, тактични, храбри, гласни, строги, понекогаш груби и со помалку машки карактеристики. Но, тоа е најчесто фасада, а оние кои интимно ги познаваат знаат дека се нежни, емотивни и ранливи. Shoot me if I can explain this.Ќе наведам неколку примери, па пресудете сами: Katsuragi Misato (NGE), Mao Melissa (FMP), Yuuki Talho (Eureka 7), Benikawa Ishu (Xam'd), Hawkeye Rizа (FMA), Balalаika (Black Lagoon), (tribute на Би) Kusanagi Motoko (GITS),...
Всушност, тоа е една од причините за тоа што Xam'd: lost memories ми е една од омилените серии, од оние за кои лично би рекла дека е "8 - very good", со тенденција за "9-great".
Како љубител на sci-fi воопшто, серијава ми беше некако како збир на се’ што сум сакала до сега во овој жанр. Светот е замислен да биде постојано во војна, оружјата се големи роботи пилотирани од луѓе и генетски модифицирани луѓе кои губат се’ хумано во нив. Во завојуваниот свет едно момче ќе добие натчовечки моќи, кои ќе мора да научи да ги контролира и на крај дури и да се потсети што е тоа што го прави човек. И тоа воопшто не е во shounen стил - не е таа моќ единствена, не е единствениот избран, не е херој, нема практично ништо комично и карикирано.
Ми се допаѓа воопшто начинот на раскажување во јапонските анимеа, и како хероите се херои без моќите, како приказната нема еден слој и точки на почеток и крај, како ликовите и развојот на нивните карактери се зависни едни од други. Во анимево има толку различни и испреплетени односи и верзии на љубов, омраза, посветеност, верност, освета, горчина, сеќавања... Толку комплексни приказни една до друга...барем една ќе ви стане омилена, барем еден однос меѓу било кој 2 лика во серијата ќе ве „улови“.
Понекогаш така конципираните анимеа имаат одличен успех, понекогаш завршуваат како Xam'd - просечни кон добри. Продуцентите Bones (FMA, Eureka 7, Darker than Black, Wolf's Рain, Soul Еater....) како да биле ограничени со средства и време, па некако анимево, кое има толку многу потенцијал во приказна и карактери, го „натискале“ во 26 епизоди, толку што многу работи ќе ви останат нејасни. Како да се плашеле дека ќе го има оној ефект на Eureka 7 на долг, замалку бессмислен завршеток. Навистина, цртежот и музиката (која, освен ОР е прилично класична, но доловува совршена атмосфера) ве влечат да ја гледате секоја наредна епизода. За жал, треба време да ја проџвакате до следната.
Нема да се расплинувам во детали, да ги опишувам ликовите и настаните. Најчесто, кога ситно сецкате, на крај не останува ништо од вкусот. А за мене, ова беше еден од оние вкусови кои долго се паметат, се’ додека не станат дел од тебе. Како "hiruko"-то во Xam'd.
Note: на MAL открив дека на официјалниот сајт на Bones, беше најавена манга за декември 2008.... can't wait to read it, really.
Edit: I sort of sneaked a peek at the RAW :))) И ми изгледа потполно различно од анимето - прво и основно ова не се Akiyuki и Nakiami :)))) Mожеби тоа ќе испадне плус! Pls, someone translate this series !!!!

0 коментари:
Објави коментар