(продолжува од дел 1.)
11. Claymore е манга која има аниме, но анимето застанува со аркот за Пиета, а мангата продолжува уште и уште и уште трае. Kога станува збор за гледање аниме, да се разбереме, aнимето е едно од оние кои се референтни. А бидејќи приказната не завршува во него, нормално дека мангата би ми била интересна за читање. Ја почнав уште пред години, па сега ја пречитував од почеток. На кратко, во средновековен свет, единствен спас од демоните кои јадат луѓе, се жените воини „вештиците со сребрени очи“ и сребрени коси, кои носат мечеви клејмор. Приказната започнува со Клер, која го носи најголемиот број, односно е најслабиот клејмор. Нормално, нашиот underdog е најголемиот херој и главниот јунак на приказната. И толку од спојлери од мене. На почеток е тешко да преминете преку едноличноста на ликовите, посебно што нервира фактот што покрај различните специјални способности на девојките, различни им се единствено фризурите. Практично нема ни дистинкција меѓу мажите и жените. Но, варијациите на способностите и облиците на демоните се очигледно бесконечни. Приказната патува низ времето, објаснувајќи го потеклото и на клејморите и на јома демоните. Акција, мистерија, мечеви, супер моќи, драма, емоции, врски и пријателства... што друго да посакате за забава?
Жанрови: акција, авантура, хорор, фантазија, шонен
12. Кога станува збор за Naver, едно од популарните webcomic изданија преведувана на сајтовите за читање манга е Noblesse. Како „вампирска“ манва некако не ме привлече веднаш, ама сепак ја почнав. Навистина е лесна за читање, и споро напредува, симпатично и лесно раскажувајќи ја приказната и напредувајќи логично низ арковите. Како што веќе спомнав станува збор за свет во кој вампирите и врколаците постојат, хиерархиски распоредени во кланови на благодарници, како заштитници на луѓето. Од друга страна, се организациите на луѓето, алчни за бессмртност и супермоќи. Има мноштво главни ликови, обични средношколци, модифицирани луѓе, бессмртни благодордници и исто толку антагонисти. Но, за жал, не се премногу анализирани и детализирани. Манвата до сега има 4 аркови, и така се поделени и книгите кои почнаа да излегуваат благодарејќи на популарноста. Цртежот е доста типичен за западните стрипови, со елеганцијата на долгите, истенчени стави на ликовите типични за мангата. Дигитален и во боја, со многу убави лица и тела (за среќни очи). Дури и како типичен западен стрип, се чита од лево на десно, обратно од мангата. Но, сепак, лесен и доволно интересен за да не го оставам и после речиси 270 поглавја.
Жанрови: акција, авантура, комедија, хорор, школо, шонен, супермоќи
Книги: 6 (колку што јас сум видела, и тоа по три за првиот и вториот арк/сезона) / Поглавја: 263 (досега)

Книги: 23 / Поглавја: 133 (досега)
Статус: Се’ уште се објавува (Започна со издавање: 2001)
Автор:
Yagi, Norihiro
Серијализација: Jump SQ
Baka Updates: 8.90 / 10.0 /// Manga Helpers: 4.7 / 5.0 /// MAL: 8.74/10.0
Моја оценка 9.0/10.0 Образложение: зашто не е фантастична, но е повеќе од одлична
Моја оценка 9.0/10.0 Образложение: зашто не е фантастична, но е повеќе од одлична
12. Кога станува збор за Naver, едно од популарните webcomic изданија преведувана на сајтовите за читање манга е Noblesse. Како „вампирска“ манва некако не ме привлече веднаш, ама сепак ја почнав. Навистина е лесна за читање, и споро напредува, симпатично и лесно раскажувајќи ја приказната и напредувајќи логично низ арковите. Како што веќе спомнав станува збор за свет во кој вампирите и врколаците постојат, хиерархиски распоредени во кланови на благодарници, како заштитници на луѓето. Од друга страна, се организациите на луѓето, алчни за бессмртност и супермоќи. Има мноштво главни ликови, обични средношколци, модифицирани луѓе, бессмртни благодордници и исто толку антагонисти. Но, за жал, не се премногу анализирани и детализирани. Манвата до сега има 4 аркови, и така се поделени и книгите кои почнаа да излегуваат благодарејќи на популарноста. Цртежот е доста типичен за западните стрипови, со елеганцијата на долгите, истенчени стави на ликовите типични за мангата. Дигитален и во боја, со многу убави лица и тела (за среќни очи). Дури и како типичен западен стрип, се чита од лево на десно, обратно од мангата. Но, сепак, лесен и доволно интересен за да не го оставам и после речиси 270 поглавја.
Жанрови: акција, авантура, комедија, хорор, школо, шонен, супермоќи
Книги: 6 (колку што јас сум видела, и тоа по три за првиот и вториот арк/сезона) / Поглавја: 263 (досега)
Статус: Се’ уште се објавува (Започна со издавање: 2007)
Серијализација:
Naver
Baka Updates: 9.10 / 10.0 /// Manga Helpers: 4.6 / 5.0 /// MAL: 8.74/10.0
Моја оценка 9.0/10.0 Образложение: не е ништо посебно, ама многу е лесна за следење и читање
13. Наеднаш нешто екстремно ретро. Five Star Monogatari e мнооогу ретро цртеж, многу ретро приказна. Цртежот е многу класичен, типичен за 80-тите, со многу долгокоси феминизирани машки ликови, од типот на Сент Сеија. Приказната, ликовите, световите, меката, сето е поединечно и детално објаснето на крајот од секоја книга. Во основа, како и во секоја спејс опера, во епски димензии се раскажува за завојувани светови на различни планети нивните владетели и војски и воените и политичките стратегии. Војните се водени од витези во мека оклопи со кои ракуваат девојки клонови со вештачка интелегенција, создадени со таа единствена цел - да управуваат со меката. Девојките се ретки, особено убави и многу скапи, па дури и војни се водат за нив. Тој донекаде шовинистички момент, карактеристичен за покласичните манги, малку ме одбива, но тоа не значи дека самата манга е одбивна. Напротив, цртежот е убав, без големи позадински детали, а приказната е забавна и на епската димензија и е додадена симпатична доза на хумор. Јас лично застанав на 4-тата книга и тешко ми е да продолжам, пред се’ поради тоа што на интернет може да се најдат целите книги по стотина страни, неподелени на поглавја, така што понекогаш ми е тешко да се снајдам до кај сум застанала.
Жанрови: мека, сај-фај, воена стратегија, спејс опера
Книги: 13 / Поглавја: /
Статус: Завршена (Издавана: 1986 до 2006)
15. Кога сакам да се забавувам тогаш читам шонен манга, и тоа типична. Интересно ми е кога читам критики за мангите. На пример, на МАЛ Ao no Exorcist ја опишуваат како една од топ десетте. Можеби и може да се квалификува во топ 10 меѓу оние кои излегуваат во последните 3-4 години. Но, кога пројдоа доволно години, што Наруто и Блич се веќе референтни и класични манги, оваа манга, не само што не нуди ништо ново, туку и имитира практично се’ што до сега сте виделе. Јас на пример, цело време гледам референци од D.Gray-man, Soul eater или Harry Potter. Секако дека е многу тешко да направите нешто ново со веќе многу силни слични претходници и веројатно на некој што прв пат се среќава со аниме и манга би му биле и супер интересни. Раскажува за школо егзорсисти со посебни вештини, а во центарот на приказната се близнаците Окумура, синови на ѓаволот. Нашите јунаци се ниту добри, ниту зли, едноставно си го бараат местото во светот. И секако, имаат по 15 години. Цртежот е одличен, заедно со акционите сцени и позадините, иако на моменти потсетува повеќе на шоџо отколку на шонен. Мангата добро напредува, и иако излегува еднаш месечно и до сега има околу 40 поглавјa, очигледно успеала побрзо од многу други да добие свое аниме, кое до сега има една сезона од 12 епизоди, неколку специјални изданија и филмче. Воопшто не е не-вреден наслов за читање/гледање, но мислам дека би му бил поинтересен на некој кој е нов во аниме/манга.
Жанрови: акција, демони, школо, комедија, шонен, натприродни сили
Книги: 11 (досега) / Поглавја: 41 (досегa)
Статус: Се’ уште се објавува (Започна со издавање: 2009)
Моја оценка 6.0 /10.0 Образложение: веќе видено
16. Во оние што високо котираат во моментов, и како манга и како аниме спаѓа и Beelzebub. Насловот е славното име од демонологијата на еден од седумте принцови на пеколот, или во некоја литература и името на самиот ѓавол. Еден деликвент, кој сите работи ги решава низ тепачки, случајно ќе стане старател на синот на ѓаволот во светот на луѓето. Сите перипетии и авантури почнуваат и се вртат околу Ога и голото бебе Биелзебаб кое му виси на врат, каде и да оди Ога (да, толку е лудо). Мангата го има бизарниот хумор на Gintama, концепт ко Katekyo Hitman Reborn, став ко GTO, тепачки ко Yu Yu Hakusho и слични, со тоа што за разлика од Ao no exorcist, Биелзебаб, како и Гинтама, често јасно ги објаснува референците на кои се повикува ( Dragon Ball, Saiyuki итн). Мангата напредува брзо, со повеќе аркови и потприказни, многу забавно и во акција и во хумор, но заради многуте филери, искрено премногу ме потсеќа на темпото во Блич, и полека ме губи како фан, посебно што не гледам каде би можела понатаму да оди приказната. Мангата има и свое аниме, како што спомнав, со 60 епизоди, но искрено, не планирам да го гледам.
Жанрови: акција, демони, школо, комедија, шонен, натприродни сили
Книги: 18 (досега) / Поглавја: 186 (досегa)
Статус: Се’ уште се објавува (Започна со издавање: 2009)
Моја оценка 6.0 /10.0 Образложение: почнува да се врти во круг, со многу филери без цел
17. Кога веќе читам шонен, ќе се префрлам на едно од моите омилени анимеа D.Gray-man. Исто како и Claymore, анимето престана да се снима, а мангата и понатаму продолжува да излегува, иако имаше мала пауза и промена на серијализацијата. Најпрво ја исчитав Zone, која како one-shot има сличен концепт, но различен главен лик. Веројатно добро прошла кај читателите на Џамп па не била тешка ни серијализацијата. Темата е веројатно таа што секогаш успешно проаѓа - демони, натприродни моќи, борба на добро и зло. До сега нема филери, дејството си тече и интензивира, се внесуваат нови карактери, се обработуваат пополека и детално. Цртежот е по малку конфузен при акцијата, но деталите на ликовите и нивните моќи, а особено различните стилови на декадентни класични облеки, особено на главниот негативец Ерлот на Милениумот и неговата фамилија Ное се многу стим-панк, што мене ми е многу привлечно. Досега сум се’ уште на делот што се анимираше и носталгично се сеќавам на скоро се’. Се надевам дека уживањето ќе продолжи и понатаму.
Жанрови: акција, демони, авантура, комедија, шонен, натприродни сили
Книги: 23 (досега) / Поглавја: 217 (досегa)
Статус: Се’ уште се објавува (Започна со издавање: 2004)
Моја оценка 8.0 /10.0 Образложение: не сум сигурна дали ќе остане истата оценка и понатаму
18. Gamaran е манга која ги има сите предиспозиции за успешност. Самураи во едо периодот, добар цртеж, боречки вештини- измислени и реални, на кои е посветено доста време во истражување, и варијации од ликови со добро обработени карактери и детали. Тоа што Vagabond ми е една од омилените, сосема е јасно дека и Гамаран ќе ми се допадне. Секако дека не се исти и една со друга можат да се споредат само со стилот на раскажување за класичните јапонски боречки вештини. Но, Гамаран не е шонен. Навистина, главниот лик има 15тина години, и начинот на растење на неговите моќи е многу нереален. Понатаму, темата на натпревар во боречки вештини исто така не е нова и е досега многу обработена. Но самиот тек на настаните и ставањето на натпреварот во втор план, уфрлањето на политичките и освојувачките агенди на aнтагонистите го вжештува дејството и ја созрева приказната до сеинен. Дејството некогаш се убрзува, некогаш успорува, а посебно во моментов на пишување на блогот, многу споро се напредува, претпоставувам, се’ во интерес на автентичноста на крвавиот и скоро невозможен пат до стигањето до целта.
Жанрови: акција, историска, боречки вештини, шонен
Книги: 18 (досега) / Поглавја: 169 (досегa)
Статус: Се’ уште се објавува (Започна со издавање: 2009)
Моја оценка 8.0 /10.0 Образложение: мој тип на приказна, секако, далеку од совршен
19. За да не си го заборавам сај-фај фанатизмот, ископав еден стар наслов на аниме, кој сум го ставила на листа за гледање, но кого сепак го најдов во манга верзија. Повеќе политичка од воена, приказната на Venus Wars раскажува за меѓуконтиненталната војна на населената планета Венера. Приказната е раскажана во два дела, едната за првата војна на Венера кога јужниот континент Афродиа е нападнат од северниот Иштар. Во центарот на првата книга е младиот волонтер војник, возач на оклопен моторцикл и неговите пријатели. Втората приказна е за освојувачките амбиции на полковникот на Иштар и младиот офицер кој му се спротивставува. Се разбира и Земјата е овде да го надгледува растењето на своите потомци. Приказната е речиси досадна и донекаде недообработена, а цртежот е ретро класичен. Повторно, незнам колку ќе им се допадне на оние кои не се пораснати во 80-тите. Но, беше интересно како пауза за читање.
Жанрови: акција, сај-фај, воена, шонен
Книги: 4 / Поглавја: 29
Статус: Завршена (Издавана: 1986 до 1990)
Моја оценка 7.0 /10.0 Образложение: недообработена приказна
Моја оценка 9.0/10.0 Образложение: не е ништо посебно, ама многу е лесна за следење и читање
13. Наеднаш нешто екстремно ретро. Five Star Monogatari e мнооогу ретро цртеж, многу ретро приказна. Цртежот е многу класичен, типичен за 80-тите, со многу долгокоси феминизирани машки ликови, од типот на Сент Сеија. Приказната, ликовите, световите, меката, сето е поединечно и детално објаснето на крајот од секоја книга. Во основа, како и во секоја спејс опера, во епски димензии се раскажува за завојувани светови на различни планети нивните владетели и војски и воените и политичките стратегии. Војните се водени од витези во мека оклопи со кои ракуваат девојки клонови со вештачка интелегенција, создадени со таа единствена цел - да управуваат со меката. Девојките се ретки, особено убави и многу скапи, па дури и војни се водат за нив. Тој донекаде шовинистички момент, карактеристичен за покласичните манги, малку ме одбива, но тоа не значи дека самата манга е одбивна. Напротив, цртежот е убав, без големи позадински детали, а приказната е забавна и на епската димензија и е додадена симпатична доза на хумор. Јас лично застанав на 4-тата книга и тешко ми е да продолжам, пред се’ поради тоа што на интернет може да се најдат целите книги по стотина страни, неподелени на поглавја, така што понекогаш ми е тешко да се снајдам до кај сум застанала.
Жанрови: мека, сај-фај, воена стратегија, спејс опера
Книги: 13 / Поглавја: /
Статус: Завршена (Издавана: 1986 до 2006)
Автор:
Nagano, Mamoru
Серијализација:
Newtype
Baka Updates: 9.10 / 10.0 /// Manga Helpers: 4.6 / 5.0 /// MAL: 8.74/10.0
Моја оценка - /10.0 Образложение: немам се’ уште мислење
14. Понекогаш се обидувам да прочитам и нешто слајс оф лајф, па се решив за Bakuman. Таа е популарна манга која доби веќе трето продолжение аниме. Има многу оригинална приказна и раскажува за амбициите на две момчиња кои сакаат да станат професионални мангаки - Акито со висока интелегенција и талент за пишување, и Моритака со вистински талент за цртање, наследен од неговиот починат чичко мангака. Успехот на Моритака како мангаки му е многу битен, па амбицијата ја надополнуваат со ветувањето дека нема да отиде на состанок со Михо, додека нивната манга не добие аниме. Приказната ги опишува потешкотиите со кој секој автор на стрип се соочува која се обидува да објави свое дело. Почнувајќи од натпревари за едноволуменски манги, до серијализација во популарниот јапонски Шонен Јамп стрип магазин. Јас застанав со читање некаде на третина, зашто едноставно ми дојде премногу чекање да успеат. Разочарувања имам и премногу во личниот живот за да чекам и на некој друг да му се случи чудо.
Жанрови: комедија, драма, романтика, шонен
Книги: 20 / Поглавја: 176
Статус: Завршена (Издавана: 2008 до 2012)

Серијализација: Shounen Jump (Weekly)
Baka Updates: 8.6 / 10.0 /// Manga Helpers: 4.7 / 5.0 /// MAL: 8.55/10.0 Моја оценка - /10.0 Образложение: немам се’ уште мислење
15. Кога сакам да се забавувам тогаш читам шонен манга, и тоа типична. Интересно ми е кога читам критики за мангите. На пример, на МАЛ Ao no Exorcist ја опишуваат како една од топ десетте. Можеби и може да се квалификува во топ 10 меѓу оние кои излегуваат во последните 3-4 години. Но, кога пројдоа доволно години, што Наруто и Блич се веќе референтни и класични манги, оваа манга, не само што не нуди ништо ново, туку и имитира практично се’ што до сега сте виделе. Јас на пример, цело време гледам референци од D.Gray-man, Soul eater или Harry Potter. Секако дека е многу тешко да направите нешто ново со веќе многу силни слични претходници и веројатно на некој што прв пат се среќава со аниме и манга би му биле и супер интересни. Раскажува за школо егзорсисти со посебни вештини, а во центарот на приказната се близнаците Окумура, синови на ѓаволот. Нашите јунаци се ниту добри, ниту зли, едноставно си го бараат местото во светот. И секако, имаат по 15 години. Цртежот е одличен, заедно со акционите сцени и позадините, иако на моменти потсетува повеќе на шоџо отколку на шонен. Мангата добро напредува, и иако излегува еднаш месечно и до сега има околу 40 поглавјa, очигледно успеала побрзо од многу други да добие свое аниме, кое до сега има една сезона од 12 епизоди, неколку специјални изданија и филмче. Воопшто не е не-вреден наслов за читање/гледање, но мислам дека би му бил поинтересен на некој кој е нов во аниме/манга.
Жанрови: акција, демони, школо, комедија, шонен, натприродни сили
Книги: 11 (досега) / Поглавја: 41 (досегa)
Статус: Се’ уште се објавува (Започна со издавање: 2009)
Автор: Katou, Kazue
Серијализација: Jump SQ
Baka Updates: 8.6 / 10.0 /// Manga Helpers: 4.7 / 5.0 /// MAL: 8.34/10.0 Моја оценка 6.0 /10.0 Образложение: веќе видено
16. Во оние што високо котираат во моментов, и како манга и како аниме спаѓа и Beelzebub. Насловот е славното име од демонологијата на еден од седумте принцови на пеколот, или во некоја литература и името на самиот ѓавол. Еден деликвент, кој сите работи ги решава низ тепачки, случајно ќе стане старател на синот на ѓаволот во светот на луѓето. Сите перипетии и авантури почнуваат и се вртат околу Ога и голото бебе Биелзебаб кое му виси на врат, каде и да оди Ога (да, толку е лудо). Мангата го има бизарниот хумор на Gintama, концепт ко Katekyo Hitman Reborn, став ко GTO, тепачки ко Yu Yu Hakusho и слични, со тоа што за разлика од Ao no exorcist, Биелзебаб, како и Гинтама, често јасно ги објаснува референците на кои се повикува ( Dragon Ball, Saiyuki итн). Мангата напредува брзо, со повеќе аркови и потприказни, многу забавно и во акција и во хумор, но заради многуте филери, искрено премногу ме потсеќа на темпото во Блич, и полека ме губи како фан, посебно што не гледам каде би можела понатаму да оди приказната. Мангата има и свое аниме, како што спомнав, со 60 епизоди, но искрено, не планирам да го гледам.
Жанрови: акција, демони, школо, комедија, шонен, натприродни сили
Книги: 18 (досега) / Поглавја: 186 (досегa)
Статус: Се’ уште се објавува (Започна со издавање: 2009)
Автор: Tamura, Ryuuhei
Серијализација: Shounen Jump (Weekly)
Baka Updates: 8.8 / 10.0 /// Manga Helpers: 4.7 / 5.0 /// MAL: 8.40/10.0 Моја оценка 6.0 /10.0 Образложение: почнува да се врти во круг, со многу филери без цел
17. Кога веќе читам шонен, ќе се префрлам на едно од моите омилени анимеа D.Gray-man. Исто како и Claymore, анимето престана да се снима, а мангата и понатаму продолжува да излегува, иако имаше мала пауза и промена на серијализацијата. Најпрво ја исчитав Zone, која како one-shot има сличен концепт, но различен главен лик. Веројатно добро прошла кај читателите на Џамп па не била тешка ни серијализацијата. Темата е веројатно таа што секогаш успешно проаѓа - демони, натприродни моќи, борба на добро и зло. До сега нема филери, дејството си тече и интензивира, се внесуваат нови карактери, се обработуваат пополека и детално. Цртежот е по малку конфузен при акцијата, но деталите на ликовите и нивните моќи, а особено различните стилови на декадентни класични облеки, особено на главниот негативец Ерлот на Милениумот и неговата фамилија Ное се многу стим-панк, што мене ми е многу привлечно. Досега сум се’ уште на делот што се анимираше и носталгично се сеќавам на скоро се’. Се надевам дека уживањето ќе продолжи и понатаму.
Жанрови: акција, демони, авантура, комедија, шонен, натприродни сили
Книги: 23 (досега) / Поглавја: 217 (досегa)
Статус: Се’ уште се објавува (Започна со издавање: 2004)
Автор: Hoshino, Katsura
Серијализација: Shounen Jump и Jump SQ
Baka Updates: 8.6 / 10.0 /// Manga Helpers: 4.6 / 5.0 /// MAL: 8.39/10.0 Моја оценка 8.0 /10.0 Образложение: не сум сигурна дали ќе остане истата оценка и понатаму
18. Gamaran е манга која ги има сите предиспозиции за успешност. Самураи во едо периодот, добар цртеж, боречки вештини- измислени и реални, на кои е посветено доста време во истражување, и варијации од ликови со добро обработени карактери и детали. Тоа што Vagabond ми е една од омилените, сосема е јасно дека и Гамаран ќе ми се допадне. Секако дека не се исти и една со друга можат да се споредат само со стилот на раскажување за класичните јапонски боречки вештини. Но, Гамаран не е шонен. Навистина, главниот лик има 15тина години, и начинот на растење на неговите моќи е многу нереален. Понатаму, темата на натпревар во боречки вештини исто така не е нова и е досега многу обработена. Но самиот тек на настаните и ставањето на натпреварот во втор план, уфрлањето на политичките и освојувачките агенди на aнтагонистите го вжештува дејството и ја созрева приказната до сеинен. Дејството некогаш се убрзува, некогаш успорува, а посебно во моментов на пишување на блогот, многу споро се напредува, претпоставувам, се’ во интерес на автентичноста на крвавиот и скоро невозможен пат до стигањето до целта.
Жанрови: акција, историска, боречки вештини, шонен
Книги: 18 (досега) / Поглавја: 169 (досегa)
Статус: Се’ уште се објавува (Започна со издавање: 2009)
Автор: Nakamaru, Yousuke
Серијализација: Shounen Magazine (Weekly)
Baka Updates: 8.4 / 10.0 /// Manga Helpers: 4.7 / 5.0 /// MAL: 8.06/10.0 Моја оценка 8.0 /10.0 Образложение: мој тип на приказна, секако, далеку од совршен
19. За да не си го заборавам сај-фај фанатизмот, ископав еден стар наслов на аниме, кој сум го ставила на листа за гледање, но кого сепак го најдов во манга верзија. Повеќе политичка од воена, приказната на Venus Wars раскажува за меѓуконтиненталната војна на населената планета Венера. Приказната е раскажана во два дела, едната за првата војна на Венера кога јужниот континент Афродиа е нападнат од северниот Иштар. Во центарот на првата книга е младиот волонтер војник, возач на оклопен моторцикл и неговите пријатели. Втората приказна е за освојувачките амбиции на полковникот на Иштар и младиот офицер кој му се спротивставува. Се разбира и Земјата е овде да го надгледува растењето на своите потомци. Приказната е речиси досадна и донекаде недообработена, а цртежот е ретро класичен. Повторно, незнам колку ќе им се допадне на оние кои не се пораснати во 80-тите. Но, беше интересно како пауза за читање.
Жанрови: акција, сај-фај, воена, шонен
Книги: 4 / Поглавја: 29
Статус: Завршена (Издавана: 1986 до 1990)
Автор: Yasuhiko, Yoshikazu
Серијализација: Comic NORA
Baka Updates: 6.8 / 10.0 /// Manga Helpers: - / 5.0 /// MAL: 7.03/10.0 Моја оценка 7.0 /10.0 Образложение: недообработена приказна
1 коментари:
ama da napravis i lista za anime... :) sakam nekoja preporaka
Објави коментар