Омилени анимеа

Осврти и мислење за популарните и не-толку-популарните анимеа

Омилени манги

Осврти и мислење за популарните и не-толку-популарните манги

Топ листи

Годишни осврти на најдобрите манги и анимеа

Кратки анимации

Видео од кратки но слатки уживања

Музика во анимеата

Фантастичките почетни или завршни музички теми

Се прикажуваат објави со етикета Genius Party. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета Genius Party. Прикажи ги сите објави

14 јули 2009 г.

Geniusly assembled, part 5

Фала Богу, BSS успешно ги преведоа и sub-оваа преостанатите две епизоди од Genius Party првото DVD. За среќа, после нивното прегледување можам да заклучам дека совршено го надополнуваат целиот круг на серијалов. Во анимација, приказна и порака.
Deathic 4 е сосема едноставно аниме, со обична приказна и одлична, оригинална анимација. Станува збор за светот на мртвите, т.е. зомбите, кога едно „момче“ ќе налета на жива жаба. Пред се’ поради детската игра, а потоа и заради љубопитноста и доблеста да се спаси нечиј „живот“, момчето со своите другари, „суперхерои“, бара начин да го избави миленичето и да во врати во „другиот“ свет. Интересен и моментот што зомбите зборуваат на јазик кој не наликува на ниеден познат на Земјата. Режијата е на Kimura Shinji кој е art-director на Steam-boy и Tekkon kinkreet и background artist на филмови како Akira, My neighbor Totoro и Angel's egg.




Или јас незнам што е деменција, или некој потполно погрешно ја дефинирал епизодава, но Limit Cycle по мене барем, е сосема логична епизода. Единствено што е помалку напорна по мозокот. Мора да се концентрирате и да ги слушате зборовите, буквално да го врежувате она што го читате и да го процесирате - значи ви треба малку време да ја сварите. Но кога ќе почнете да ја разбирате сфаќате дека не е приказна, ни нарација, туку цитати од философска расправа. Поточно, цитати од Pensées на Blaise Pascal. Дури и самиот збор limit-cycle се однесува на виша математика - затворена траекторија во фазен простор (претпоставувам добро преведов, не ми е воопшто познат овој дел од динамичките системи). Низ помалку CG анимација и фотографии, патува главниот лик низ светот, природата и математичките принципи зборувајќи за дуалноста на светот и значењето на природата, Господ Бог и Јас. Генијално режирано во заслуга на Futamura Hideki, кој има кратка, но значајна кариера како режисер на Jojo's bizzare adventure или key animator на Perfect Blue или Vampire Hunter D: Bloodlust. За мене сеуште интригантно - зошто епизодава толку ме фасцинира и покрај фактот што не ми е сосема јасна.




4 јуни 2009 г.

Geniusly assembled, part 4

Уште едно од оние artsy-go-figure-it-out дела, вклопено во „генијалната дружина“. Happy machine e уште едно чудно, но врвно дело на генијалецот Yuasa Masaaki. Ако не ви е познат, само ќе споменам наслови како Mind Game, Cat Soup и Kaiba. И се надевам ќе ви се разјасни малку. Сите се игри на цртеж и приказна, апстрактен начин на раскажување и прикажување на идејата и помалку напорни за мозочните ќелии. Не дека нема да ги разберете, верувам во вашата интелегнција, штом сте почнале воопшто да гледате аниме. Туку од аспект што не се за лесна забава, туку за долгочасовно дискутирање после гледањето. Истото се случува и со Happy Machine. Едноставно треба да ги продискутирате сите ликови и сите моменти од ова 20-минутно аниме кое кругот на животот го врти без дијалози.



Последната епизода, 7-ма по ред од првото DVD e Baby Blue. И слободно можам да се надоврзам на групата приврзаници на титулата "Makoto Shinkai rip-off". Дефинитивно. Неверојатно колку потсеќа на 5cm per second и The place promised in our early days. Приказната се врти околу момче и девојче, кои бегаат од школо и одат на еднодневна авантура. Љубовта е горка колку што е и слатка. Имаат време само колку да се потсетат колку биле среќни како деца и колку се оддалечиле со растењето. И сега, конечно се разделуваат со чувство дека нема веќе да се видат. Искрено, би очекувала повеќе од автор како Watanabe Shin'ichiro, режисер и одговорен за сторибордот на серии како Cowboy Bebop, Samurai Champloo, Ergo Proxy, Eureka 7, Macross plus, па дури и творец на музиката на Michiko to Hatchin. Blah!




Од вкупно 13 епизоди од Genius Party, една е сеуште необјавена (Le manchot mélomane од Nicolas de Crécy), две епизоди од првото ДВД не се преведени - Deathtic 4 и Limit Cycle. Успеав да најдам RAW верзија од Deathtic 4, меѓутоа, многу е тешко да се разбере што сакал да каже авторот, кога цртежот е тотална деменција, а јазикот не е ниту јапонски. А Limit Cycle, од она што го прочитав е дефиниција за деменција... Сепак, ако некој случајно дојде до некоја од овие 3 епизоди, нека ме контактира, чисто колекционерски, да си го догледам анимето и да го тргнам од on-hold листата :))

1 јуни 2009 г.

Geniusly assembled, part 3

Now here's something by my own taste! За мене врв, досега, меѓу овие кратки анимации. Kawamori Shoji e меѓу творците на Macross (повеќе изданија), творец на Еscaflowne, Earth Girl Arjuna, новата серија Basquash!, mechanical designer за Еureka 7, Parlabor 2, Gundam 0083... my kind of guy. Во Shanghai Dragon очигледна е супериорноста на авторот во цртањето и доловувањето на роботите, но не е тоа она што ме освои. Ставот дека светот во иднина и световите далеку од овде ќе се потпираат на детската имагинација, на соништата и желбите и моќта на нивната реализација - тоа ме освои. Теоријата дека еден ден, во средината на минатиот век, на едно пет годишно дете ќе му биде / му било врачено оружје во вид на „светлосен молив“ кој ќе ги реализира неговите фантазии, а момент потоа светот е нападнат од џиновски роботи во лов на потенцијалниот иден најголем непријател. И сликата која често ја сонувам - темното небо освоено од џиновски вселенски брод. Што да кажам, I'm a sucker for a good sci-fi, плус кога има ваква невиност во приказната, поддржана со доза на анти-клише хумор.




Од друга страна, Doorbell - дело на Fukuyama Yoji. Овде пак очигледно е дека авторот е манга-ка, со одлично чувство за раскажување, меѓутоа, анимето заради тоа заостануваше малку. Предоминантна беше приказната врз цртежот, иако за да се раскаже ваква едноставна приказна, не треба сложен цртеж. Сепак. Главниот лик среќава друга верзија од себеси, која мора да ја надитри и претрка за да не остане дух во сопствениот свет. На крај станува свесен дека има многу негови „верзии“ и мора да внимава да се зачува себеси и да не дозволи да исчезнe неговото вистинско ЈАС.


And just a few more left...

30 мај 2009 г.

Geniusly assembled, the beginning

Нешто што заслужува посебен пост! Потполно се воодушевив, од комплетната петминутна презентација! Неверојатно! Интересно! Возбудливо! ( И мојот омилен збор, очигледно) Оригинално! And you actually get it in the end!


Во техно-tribal музика, едно суштество налик на птица ги лови малите, камени топки во пустината и се храни со нивните мисли и соништа за љубовта кон кометите, кои всушност нивните чувства и емоции, развиени, пораснати, блескави. И на крај, сите тие мали, камени топки, гледајќи се едни со други, имитирајќи се, се поврзуваат низ бран на електрицитет.
Genius Party - како забава на генијалци или моето прво толкување, друштво на генијалци. И токму тоа е - одлично интро, за одлична забава :)
За жал, потрагата по дела од авторот Fukushima Atsuko повторно ме доведоа до stub articles. Но, беше и пријатно изненадување да се види, дека оваа журка беше пропратена со музиката на Joe Hisaishi. Пет минути и не се многу да ги посветите на вакво мало ремек-дело. A screen-shot-овите се во случај да ве мрзи и толку да посветите.

29 мај 2009 г.

Geniusly assembled, part 2

И продолжуваме. Moondrive е третата епизода од второт ДВД и е нешто многу откачено. Авторот Nakazawa Kazuto стои зад наслови како Kigeki, The Origin of O-Ren (анимираниот клип во Kill Bill), како и зад дизајнот на ликовите во Samurai Champloo и сеуште необјавениот Miyamoto Musashi - Souken ni Haseru Yume. Moondrive e откачена пародија за трагачи по злато во свет на тотално безредие и беззаконие - или тоа е само светот во кој припаѓаат четворицата наши главни јунаци. По мрачната атмосфера и острите карикирани линии на ликовите ме потсети на мојата стара љубов Cool World (и не заради Brad Pitt :P) или пак на тоталната деменција од Aachi wa Ssipak


Четвртата епизода не ми остави голем впечаток, всушност најлош од сите. Како авторот Ohira Shinya да се присилувал да се потсети на некој страшен сон од детството, ама некако очигледно дека го заборавил сонот, па за љубовта на својата мајка да го направил Wanwa the Puppy со помош на едноставен детски цртеж и креони. Сепак, уникатно аниме.


Последната епизода, мислам дека многумина би се сложиле, заслужува серијализација. Tanaka Tatsuyuki успеа да направи интересно аниме, не толку психоделично, а во никој случај безлично. Tojin kit, во cyber-punk атмосфера, со оригинален стил на анимација, раскажува чудна приказна на добар начин. Девојка одгледува забранети миленичиња „вонземјани“, скриени во плишани зајачиња, жапчиња, кукли...Се’ додека еден ден владини службеници не влезат во нејзиниот стан. Кога ќе сфатите колку брзо дошол крајот, сакате уште.


Во моментов го гледам првото ДВД, кое за жал, не успеав да го најдам цело, но сепак, следува prequel-от за неколку денови.
Од срце, препорачувам да се гледаат, сите епизоди. Во секој случај, интересна комбинација на жанрови, стилови на анимација. Нешто сигурно ќе ви ги разбуди пеперутките во стомакот.