Мислев да пишувам за нешто друго, но, утрово сосема случајно се разбудив со оваа песна. Откако за прв пат ја слушнав како ending theme на Zoku Natsume Yuujinchou (втората сезона од анимето - Natsume Yuujinchou или Книгата на пријатели на Natsume), мислам дека тоа беше клучен момент за ова аниме да ми стане едно од најомилените досега.
Natsume Takashi e момче кое нема сопствено семејство, па живее со родители кои го посвоиле и кои многу добро се грижат за него. Но тој се плаши да биде близок или барем искрен со нив, за да не биде осуден поради неговата клетва да комуницира со youkai и ayakashi (духови). Неговиот живот потполно се менува, кога од својата покојна баба Reiko, во наследство ја добива Книгата на Пријателите (Yuujinchou). Reiko, која поседувала исти моќи, и на кого Takashi и физички потсеќа, во својата осаменост и потрагата по пријатели, собирала имиња на youkai во својата книга, со договорот секогаш кога ќе ги повика по име, тие да и ’ помогнат. Книгата на пријателите во светот на youkai станува вистинско богатсво, па многу „пријатели“ и „не-пријатели“ излегуваат на патот на Takashi, барајќи сопственост врз книгата или барајќи си го назад своето име. За среќа Takashi не е толку осамен; пред се’ тука постојано, неразеделно врзан, е неговиот телохранител Madara (постојано преправен во формата на порцеланската мачка Nyanko-sensei) - навистина оригинален и свеж лик, кој многу ќе ве изнасмее, особено ако сте љубител на мачки. Потоа, тука е истерувачот на духови и познатиот актер Natori Shuuichi, со кого може слободно да разговара за светот на youkai и магијата, неговите другари од класот, и најмногу, родителите, кои му даваат безрезервна поддршка во желба да се осети дека конечно нашол свој дом.
Вообичаено не гледам епизодни анимеа, барем многу ми се здосадуваат кога ги гледам наеднаш. За некоја чудна среќа, првата серија Natsume Yuujinchou, ја гледав додека почнав да ја спуштам втората, па гледав само по две-три епизоди. Потоа, едвај чекав да ги спуштам наредните епизоди. Но, сепак мислам дека не беше тоа единствената причина.
Пред се’, зашто анимево, комплетно, како цртеж, како приказна и како музика е толку нежно со вас. Делува толку смирувачки. И низ приказните кои треба да ви го покажат светот од другата страна на животот, кои за нас од „западот“ се хорор приказни, раскажуваат за фолклорот и традицијата на Јапонија на еден бескрајно нежен начин. Аниме створено за деца, но и за возрасни кои се сеќаваат радо на своето детство.
Кога станува збор за музиката, бидејќи за мене беше навистина неразделив дел со приказната, Ви препорачувам да го чуете саундраток од анимево. Господинов Yoshimori Makoto e според мене гение за раскажување на приказна низ музика, како да учел од Tchaikovsky или од Mussorgski. Едноставно, секое чувство и секоја слика има свој звук. А исто, обидете се да најдете нешто и од Kourin. Гласот и музиката се вонвременски.
0 коментари:
Објави коментар