Омилени анимеа

Осврти и мислење за популарните и не-толку-популарните анимеа

Омилени манги

Осврти и мислење за популарните и не-толку-популарните манги

Топ листи

Годишни осврти на најдобрите манги и анимеа

Кратки анимации

Видео од кратки но слатки уживања

Музика во анимеата

Фантастичките почетни или завршни музички теми

Се прикажуваат објави со етикета Game. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета Game. Прикажи ги сите објави

30 јуни 2010 г.

Anime over Game

Одамна уште, во првите мои постови напишав дека под аниме се подразбираат и сите оние синематици на популарните и не толку популарните игрици, кои се од продукција и анимација на јапонските цртачки куќи. Тогаш имав веројатно скромна листа на гледани анимеа. Денес имам (се разбира дека го кажувам ова со надмено подигната глава) позамашна листа, не само на гледани, туку и разгледани, (и тоа и самонаречено критички)оценети анимеа. Откако изгледав буквално еден тон од таа моја листа, има еден интересен дел кој слободно можам да ги тагирам како “game anime”. И уште, еден дел од оваа листа што следува можам да ја штиклирам како done!

LINK to WIKIPEDIA - List of anime based on video games

Генерално кажано, тоа се анимеа кои се дел од голема франчиза, па следствено и таргет публиката се фановите на игрите од кои потекнуваат овие анимации. Но, исто, тоа се аниме кои можете да ги гледате независно од тоа дали сте ја играле игрицата, ако сте доволно фанатични да гледате било што што е аниме (знам неколкумина меѓунас *wink wink* *nudge nudge*, say no more!). Иако често, веднаш ви е јасно дека темата е така акциски ориентирана, ликовите така изградени, што единствено би можеле да бидат ликови од видео игри, сепак сте паднале на некој аниме квалитет и сте решиле да го догледате до крај.

Некаде во драфт верзија ми стои постот за Final Fantasy, па веројатно е ок да почнам од таму. Додека моите другари ја играа FFVII, јас стоев позади и гледав. На игрицата не се навлеков, ама на оваа 3Д верзија да. Анимациите се фантастични. Ги изгледав сите синематици, сите додатоци, двете верзии на Advent Children, практично идиотската ОВА Legend of the Crystals и нормално Spirit Within. Advent Children е едно од тие, што и покрај сите поврзаности со оригиналната приказна на играта, филмот е независен и навистина визуелно доживување – од анимацијата, преку ликовите и приказната (јас дури еден период се поистоветував и го носев аватарот на Yuffie), до музиката. Cloud Strife, Sephiroth, Zach и Vincent верувам дека се сеуште меѓу омилените ликови на многумина. Верувам дека не е само до тоа што е меѓу првите кои ги изгледав анимеа. Убедена сум дека многумина ќе се сложат со мене во вкупно одличниот впечаток и во високата оценка на Final Fantasy VII: Advent Children

CANAAN веќе ја споменав овде. Анимето не е премногу вредно за осврт. Посебно што премногу потсеќа на останатите анимеа на ТYPEMOON. Ама е добра анимацијата, интересни ликовите и е забавно, до толку да и не ви е напорно да изгледате 13 епизоди, и да ви е доста некое време од клише приказни за жени платени убијци и агенти.

Кога сме овде, Tsukihime, исто на TYPEMOON, како да е урнек ликот за CANAAN. Ама анимето е веројатно најдоброто од овој куп. Вампирска приказна, како што само јапонците можат да раскажат, со драма и мистерија, покрај интересната приказна и дозата на крвава акција. Немате појма дека е базирано на игра.

Од оние кои веќе сум ги споменала Sengoku Basara (Devil Kings) – нема повеќе да го коментирам, освен што едвај ја чекам новата сезона – PAAAARTY!

Hakuoki(Shinsengumi Kitan)– currently airing, забавна (самураи, плус Shinsengumi, се разбира забавна), иако недоволно акција, интересни бројни ликови, поврзани со имињата на реални луѓе од јапонската историја, добро нацртана ...само... oni? Озбилно? Ама, ајде, нели, на база на игра. Се простува.

TALES исто сум ги споменала на кратко: Abyss e серија од 26 епизоди, која освен пар ликови и за мене заразната воведна песна, е УДАВ. Сега го изгледав филмот за Vesperia, и искрено, не бев воодушевена, но ни разочарана. Независна, релативно издржана приказна, солидни не доволно обработени ликови, но не така добра анимација. Symphonia е тековен проект, па освен тоа дека има потенцијал неможам ништо дефинитивно да кажам.

Valkyria Chronicles беше повеќе по мој вкус аниме, military drama, интересна fantasy приказна, доволно забавно за викенд гледање. Според љубителите на играта, анимето does good на играта. Некако, верувам на гласините. Посебно што после тоа исфрлија и хентаи верзии – oh all the fan boys.
Persona (Trinity Soul) исто доволно забавно, иако... можеше мааалце повеќе да има смисла, ама ионака нема да бараме смисол во забавата. Ликовите се интересни, комплетни, акцијата е доста забавна, а и драмата е впечатлива.

Слично, Ayakashi, лесно shounen аниме, fight style, кратко, забавно, вечерна викенд акција. И ништо повеќе.

Utawarerumono, fantasy world, интересно, слатко, гледливо, ама многу епизодно и со многу додатоци и ОВА. Мислам дека на крајот ми се смачи од толку раси, разлики и ликови.

.hack// цел серијал?? Никому не го препорачувам. Драма! Толку драма во MMORPG игра не сум видела. Како да се обиделе да го доловат ефектот на одличните аниме серии како Serial Experiment Lain и Ghost in the shell, кои си поигруваат со виртуелното јас, но од гледна точка на 12 годишен играч, чија единствена цел во животот е да ја „сврти“ играта. Верувајте, очајно е дури и слаб термин за дефиниција на секоја од серијалите.

Tower of Druaga – жив очај. Иако првата серија имаше потенцијал да прерасне во нешто интересно, втората ја промаши потполно работата. Посебно интересно за ММО играчите на fantasy world игрите. Бар мене и скромното мое искуство во role play игрите ми беше интересно, се’ додека не заспав, и навистина се трудев да ја догледам.

Веројатно е често така со продолженијата. Tokio Majin– првата серија беше одлична, и ликови, и оригинален цртеж и приказна и акција. Поврзувајќи ја популарноста на school анимеата со demon fight, доволно да ви привлече внимание. Ама втората, доволно епизодна и расплината да ви го изгуби.

Demonbane, фала богу за белешките на subber-ите на крај на анимето (бар во верзијата која јас ја гледав). Посебно што цело аниме беше со рефернци за H.P.Lovecraft и неговото дело. Има доста мрачна страна, и мојата љубов – mecha, овде како Deus Machina! Се разбира ќе ми се допадне (доволно за една 6-ка, или оценка fine), нели?

Кратките: Natsuiro no Sunodokei – ех, досадно, како може ова да е забавна видео игра; Ar Tornelico, пих, исто; Ninja Gaiden–хм, доволно (независно) добро.
Е сега, Devil may cry и Chaoshead – не смеам да коментирам, зашто не бев импресионирана и ги „забаталив“, па и неможам да ги искритикувам. Жалам, сигурно има некој кој е покомпетентен за критика.

А на листата plan to watch по азбучен ред: 11 eyes, Air, Arc the Lad, Arad Senki, Ef, Fatal Fury, Fate/ stay night, Gungrave, Halo, Higurashi, Kimi ha Nozomu Eien, Ragnarok, Sakura Wars, School Days, Soul Link, Street Fighter, Tears to Tiara, Tekken, Umineko, World Destruction, Xenosaga…

Значи, можам само да најавам уште еден ваков пост, и уште неколку слични вакви, тематски crit wall постови. To those who stumble upon this blog once in a while, please enjoy the ride!

15 јуни 2009 г.

Learning japanese history

Како момциве од Capcom да седнале и да разговарале, како да ја пренесат борбата меѓу завојуваните држави во Јапонија, за време на Sengoku jidai. И како да се одлучувале што е комерцијално интересно, што е привлечно за секого, а што може да излезе поучно. Од она што го прочитав во интервју со еден од творците е дека јапонската верзија на играта е практично точно врзана за историјата. Дури и односите помеѓу ликовите се точно прикажани. Фантазијата е повеќе вклучена во претставувањето на ликовите. И нормално, требало да се даде некаква игривост на карактерите и посебни карактеристики и моќи. Па ќе се обидам да бидам без предрасуди и повторно ќе тргнам од идеата дека анимево се базира на игра.
Она што во почетокот ме смееше во анимево, сега ме смее уште повеќе :) Замислете односот на Takeda и Yukimura да е реално претставен. Многу се смешни кога лице в лице се довикуваат по име секој покажувајќи ја својата почит и верба во другиот.

Но од друга страна многу ми се допадна начинот на кој ги разглобуваат нападите и борбите со тактиките и мапите. Учите нешто и за стратегиите на војната. Нешто тоа ми се врти во глава последно време. И аналитичкото раскажување за воените размислувања и создавањето на постојани или привремени сојузи (за победување на еден непријател со помош на друг, привремено сојузник - Takeda и Date, Takeda и Uesugi, Takeda и Tokugawa, Maeda и Uesugi).

Интересен е и фактот што доста реално го прикажуваат и користењето на жените (сестри, ќерки) во стратешки цели, преку брак со други држави и нивно шпиунирање со цел за освојување на тие други држави. - Oda Nobunaga и неговата сестра Oichi, мажена за големиот daimyo Azai Nagamasa

И таман почнав да ги споредувам ликовите од играта и анимето со вистинските ликови од историјата, сфатив дека има и уште две продолженија на играта Sengoku Basara 2 и Sengoku Basara 2 Heroes, со уште ликови, кои се појавуваат во втората половина од анимето. И сфатив дека имам многу, многу за читање. A навистина, неверојатно многу ми се допаѓа историската референца, без оглед на тоа колку и како е искористена во анимето.

И сеуште многу, многу ми се допаѓа цртежот, анимацијата и гласовите нa seiyuu-ата :))

Моментално трагам по историски податоци, или барем „тривиа“ поврзана со историјата. Во меѓувреме на wiki - Луѓето од Sengoku периодот во популарната култура (манга, аниме и видео игри) - иако генерално се базираат на тривиа, сепак интересно за читање.

12 јуни 2009 г.

Infinite space

Од аспект на аниме, Infinite space е 4-епизодна ОNA за промоција на игра од SEGA за Nintendo која во Јапонија излезе вчера, 11 јуни 2009 година, а интернационалната верзија се најавува за во иднина. Анимето е само извадоци, како синематици за она што е дел од приказната во играта. Она што мене ме привлече беше податокот дека наводно се базира на "Childhood's End" на Arthur C. Clarke, една од моите омилени sci-fi книги.
Допрва треба да ги видиме оценките за играта која во суштина е sci-fi RPG, во која креирате и контролирате свој брод и се борите во real-time во две различни вселени. Некако, целта и како во книгата, иако очигледно немаат многу заеднички точки, е да ја откриете улогата на човештвото во Вселената.

Ова не е анимето, ова е trailer за играта и game-play-от

Иако не сум некој гејмер и нема да чекам оценки за играва, и нема ни да ја играм очигледно, сепак, многу ми се допаѓа начинот на маркетинг преку аниме. Иако не е нешто прво и оригинално. Ликовите во играта се 2D и аниме, што исто е привлечно за многумина, барем од оние јас што ги познавам.
Промотивните видеа беа презентирани на Game Show-a во Токио, а и на официјалниот сајт, а можат да се најдат во RAW верзија на YouTube и sub-овани и по торенти oд DATS - вкупно 10 минути мошне интересна анимација.

P.S. Има нешто епско, што помалку потсеќа на Star Wars. Барем во музиката. ^^