Омилени анимеа

Осврти и мислење за популарните и не-толку-популарните анимеа

Омилени манги

Осврти и мислење за популарните и не-толку-популарните манги

Топ листи

Годишни осврти на најдобрите манги и анимеа

Кратки анимации

Видео од кратки но слатки уживања

Музика во анимеата

Фантастичките почетни или завршни музички теми

Се прикажуваат објави со етикета Spice and wolf. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета Spice and wolf. Прикажи ги сите објави

5 мај 2009 г.

Колку повеќе зачинето, толку подобро

Додека ја чекам втората сезона на Spice and Wolf, успеав да ја пронајдам епизодата 00, како preview/reminder за оваа оригинална серија. И сметав дека анимево заслужвува барем да се спомне. Хронолошки, најпрво излегува илустрирана новела со оригинално име Ōkami to Kōshinryō односно Wolf and Spice во серијализација од 2006-2009г, каракатеристична по својата уникатна фантазија и средновековна атмосфера на приказната. Подоцна е адаптирана во манга и на крај во аниме.
Приказната е за Horo/Holo (зависи како ќе ја романизирате каната), која е паганско божество на житото, со волчји лик; луѓето и’ принесуваат жртви, ја молат за помалку ветер, повеќе сонце, подобар род. Horo, која повеќе ужива во својот човечки облик, еден ден е откриена од Lawrence, трговец-патник, кој има единствена цел во животот-да направи доволно профит да отвори своја сопствена продавница. Тие двајца со нивната кочија, најчесто полна со јаболка, патуваат заедно, гонети од Црквата, во долгови кон различните феудалци и со идеја за поголем профит. Прилично интересно колку економијата е дел од серијата. Тука доаѓаат до израз моќите на пресметување и расудување на Lawrence, a пред се’ искуството и мудроста на Horo "The Wise". Многу е симпатична врската и блискоста помеѓу нив двајцата, која како што тргнало, во идните епизоди ќе прерасне во искрена љубов.
Иако првата сезона имаше само 13 епизоди, се’ ќе беше дури и помалку досадно, ако Horo не беше толку симпатичен лик. Имено таа е волчица, со ушиња и опашка, ужива во јаболка, и на многу сладок начин постојано го манипулира Lawrence. Ова гледано од аспект на девојка, би се дефинирало во "almost kick-ass girl" или уште подобро, како инспирација :) Но кога барав по интернет слики од Horo или од серијата воопшто, наидов на толку вкусни, а и не вкусни сексуални алузии, што само ме насмејаа и потсетија на она „како работи машкиот ум“. Сепак, серијата вреди да се погледне, чисто заради промената на атмосфера, дијалози и приказна воопшто. Едвај чекам до јули 2009 ^^