Обично избегнувам да коментирам на R17+ рангирани анимеа, ама ова аниме прво што ме насмеа и расположи, второ што не ме замараше со некоја приказна, пошто и ја нема, трето што ми се вклопува во моменталниот hate mood што го имам за машкиот свет *evil grin*. Colorful е кратка телевизиска серија, базирана на манга со истото име, која прикажува само екстремно деформирани слики од имагинацијата и фасцинацијата со женскиот долен веш на неколку стереотипни ликови. Ова е смешна, помалку чудна, брза и манијачна парада на перверзија до екстрем. И вреди да се погледне, чисто заради варијација во изборот на гледање.
За жал, јас се пронајдов во Наградата Б, па оттука фрустрацијата моја моментална :) Ba-bai засега