Омилени анимеа

Осврти и мислење за популарните и не-толку-популарните анимеа

Омилени манги

Осврти и мислење за популарните и не-толку-популарните манги

Топ листи

Годишни осврти на најдобрите манги и анимеа

Кратки анимации

Видео од кратки но слатки уживања

Музика во анимеата

Фантастичките почетни или завршни музички теми

Се прикажуваат објави со етикета First squad. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета First squad. Прикажи ги сите објави

9 декември 2009 г.

Не баш импресивно прво дело

Кога беше најавено анимето First Squad: The Moment of Truth, го постирав трејлерот овдека. И очекував нешто посебно после сите japanimations и chinanimations, и понекое аниме од кореанска продукција, да видам нешто што спаѓа во категоријата на јапонска анимација, а е такво потсетување на руските цртани филмови. Ако успеете да го изигнорирате фактот дека ликовите зборуваат на руски, јасно ви е дека ова е сепак аниме, по цртежот, по акцијата, по збунувачката приказна. Всушност, што друго би се очекувало од Studio 4oC. Анимето е режирано од Yoshihari Ashino, напишано и продуцирано од Миша Шприц и Аљоша Климов, а дизајнот на ликовите и анимацијата е дело на Hirofumi Nakata.
Приказната е интересен бленд на реална сторија од Втората Светска Војна, сведоштва на воени ветерани, историчари и психолози, митови и легенди, фантазија. Вистината е дека никогаш не се знае точно што се случило на ниедно воено поле. Секој што е вклучен, секоја страна има своја вистина. Секогаш постојат легенди, за тајни оддели, за тајни испитувања и натприродни случувања кои се граничат со чуда. Секогаш постојат претпоставки дека позади она што е видливо се кријат многу мистерии. И дека можеби подобро да останат скриени.
Приказната има потенцијал, но раскажана е конфузно, и бавно се собираат парчињата, иако трае само 1 час. Моментите на сведоштва на живите луѓе се уфрлени некако без ред и случајно и само придонесуваат за конфузијата. Анимацијата е беспрекорна, звукот е сосема прикладен, но на ликовите им е посеветено премалку внимание. И покрај временската рамка. За жал, не беше ни одблиску возбудливо, ниту пак ги достигна очекувањата ветени во трејлерот.
Сепак, интересно е да се замисли, дека после таквата, релативна, историска нетрпеливост помеѓу Русија и Јапонија дека може да израсне ваква интересна комбинација. Јас искрено се надевам на повеќе, глобализацијата во аниме индустријата и не е така страшна, особено што вака придонесува за разбирање на културите и бришење на „гревовите“ од минатото.

6 мај 2009 г.

И ова е аниме

Понекогаш ќе налетате на нешто вакво, музички спот со оригинална видео анимација.
Приказната е за рускиот Пионерски одред од Втората Светска војна. Спотов повеќе личи како трејлер за новиот филм со исто име кој треба да излезе на 13ти мај 2009. Јас сум фан на military жанрот, па искрено, can't wait