Омилени анимеа

Осврти и мислење за популарните и не-толку-популарните анимеа

Омилени манги

Осврти и мислење за популарните и не-толку-популарните манги

Топ листи

Годишни осврти на најдобрите манги и анимеа

Кратки анимации

Видео од кратки но слатки уживања

Музика во анимеата

Фантастичките почетни или завршни музички теми

Се прикажуваат објави со етикета Wolf's rain. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета Wolf's rain. Прикажи ги сите објави

22 септември 2009 г.

Тага и надеж


Во 300-та чуда што имам изгледано од аниме, сум наишла на неколку анимеа, кои не можам да ги споредам со ниедно друго. Меѓу тие, ретките такви, и прекрасното Wolf's Rain. Навистина го жалам секој оној кој пропуштил да го гледа. Зашто пропуштил едно ремек-дело на кинематографијата воопшто. Без оглед на комерцијалниот момент на 4-делната ОВА која го завршува анимето или мангата која излезе после анимето, без оглед на сите бенефиции од продажбите на сите колекционерски предметi и фетишот на тинејџерките, кон волците (што лично, не го сфаќам)
Совршено, комплетно дело: приказната на Nobumoto, Keiko која потсеќа на некоја руска бајка, грчка трагедија, дури и помалку sci-fi, епско патешествие; цртежот кој сеуште ми е неверојатно оригинален, полн со мрачна и студена атмосфера, чувство кое ве следи дека дошол крајот на светот изразено низ навистина одличниот приказна, празните позадини, интернационалниот soundtrack и музиката на Kanno, Yoko, одлично креираните (btw, сите трагични) ликови од страна на еден од најискусните аниматори во аниме индустријата Kawamoto, Toshihiro, сето тоа прекрасно изрежирано од Okamura, Tensai.
Сижето би било следното: се знае дека кога ќе дојде крајот на светот ќе настапи рајот, а него можат да го најдат само волците со помош на Девојката на Цвеќето (The Flower Maiden). Но волците веќе 200 години не одат по лицето на Земјата, поточно не одат на 4 нозе и изгледаат како секој друг човек. Тие што преживеале, бар некои од нив Kiba (Песјак), Tsume (Канџа), Hige (Мустак) и малиот Toboe (Виење), здружени, во потрага по рајот, тргнуваат да ја бараат својата спасителка Cheza. Практично, секаде околу нив светот се откажува и умира, а нивните животни приказни и личните трагедии, кои им го дефинирале и карактерот, но и иднината, случајно ги спојуваат заедно, со Рајот како цел. Kiba е неуморен, дрзок, инаетлив, независен и непоколеблив; Tsume е арогантен, искусен, силен, заштитник; Hige е весел, позитивен, оној кој ги држи сите заедно, но со голема грижа на совест и долг кој треба да го искупи;Toboe e млад, ведар, полн се енергија да се докажи. Нормално, тука има и неколку пратечки ликови, моќници кои и самите сакаат да стигнат до Рајот, научници и полицајци кои сакаат да ја откријат вистината за крајот на светот, ловци кои едноставно сметаат дека волците се криви за нивната трагична судбина.
Незнам, веројатно, целиов овој осврт води кон тоа дека 30 епизоди тага и не се баш инспиративни за гледање. Но, од друга страна, таа потрага по Надежта и Иднината, мене барем ме тераше да одам до крај, со волците низ пустините и снегот до Cheza и Рајот.




Линк до преходниот пост и одличните OP & ED теми.

11 јуни 2009 г.

Совршена атмосфера

Еве пример на еден неверојатно добар интернационален саундтрак на едно одлично аниме. За комплетната музика се погрижи генијалната Kanno Yoko, а вокалите се снимени и ги исполнуваат артисти од Јапонија, Бразил, Полска, Италија и САД. Особено инструменталните дела успеваат да доловат чувство на тага и загуба и се вклопуваат совршено во мрачната атмосфера на приказната. Прекрасен додаток кон емоционалното доживување на анимето.


The OP theme - "Stray" by Steve Conte


The ED theme - "Gravity" by Yoko Kanno


The ep 26 ED theme - "Tell me what the rain knows" by Maaya Sakamoto