Омилени анимеа

Осврти и мислење за популарните и не-толку-популарните анимеа

Омилени манги

Осврти и мислење за популарните и не-толку-популарните манги

Топ листи

Годишни осврти на најдобрите манги и анимеа

Кратки анимации

Видео од кратки но слатки уживања

Музика во анимеата

Фантастичките почетни или завршни музички теми

Се прикажуваат објави со етикета Hetalia Axis Powers. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета Hetalia Axis Powers. Прикажи ги сите објави

13 јануари 2010 г.

26 мај 2009 г.

Weird history

Многу откачен "cynical gag" :) Светот меѓу двете Светски војни и неговата поделба на земјите на владеачки сили.
But the funniest thing се всушност ликовите - одделни држави. Земјите од Оската: Италија е идиот кој цело време мафта бело знаменце и се предава, и вика „ПАСТА!!“, Германија - педантен, прецизен, строг војник на диета од компири и колбаси, Јапонија - вистински отаку, околу кого летаат сакура ливчиња... И не само тоа...Земјите од Алијансата: Америка - со плакар стар 100 години, убеден дека знае се’, а планот му е „вие организирајте се, јас ќе бидам лидерот“, Англија - секогаш скришно позади, а секогаш со план, Франција - шармер со долга косичка, промовира храна од полжави, Русија - насмеано ви кажува дека е посилен од вас, во онаков "scary mood", Кина (единственото женско, или можеби и не е, ама мене ми личи така) - го научила се’ Јапонија, па кога ја надминал во вештини се кажува негова постара сестра, се бори со вок-тава и со ефекти а-ла Брус Ли...Стереотипни претстави за земјите и луѓето во нив до екстреми. Најголемиот GAG е всушност „обидот да се разбеде како моќната Империја Рим, добила ваков релаксиран, нежен внук во Италија“ :))Ова е само ED синглот, не се наоѓа така лесно, иако се 5 минутни епизоди, бидејќи и мангата и анимето се webcast (треба да платите да ги гледате и читате). Сепак, многу забавни клипчиња, цинизам и црн хумор до бесвест, плус има и онакви chibi ликови, и откачени референци, и луда музика...На авторот мора да му фали некоја даска :)))
Всушност, серијава е толку забавна, токму и за тоа што е кратка, па се најавува и втор дел, (досега само успеавме да ги ѕирниме другите земји, како Австрија и Унгарија, а Белгија, Швајцарија... беа само блиц)