Се прикажуваат објави со етикета video. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета video. Прикажи ги сите објави
7 јули 2011 г.
14 јуни 2010 г.
Anime, mahjong and politics
Се запрепастив. Искрено. Го знаев значењето на mahjong-от како коцкарска игра во Јапонија, која бара страгетија, калкулација и среќа, ама не и политика ;) Значи, нема потреба да ја познавате играта добро, ниту пак политиката, за да се забавувате со аниме
Enjoy the power of Junichiro Koizumi!
Enjoy the power of Junichiro Koizumi!
17 февруари 2010 г.
Каде е границата?
Ken Ishii - EXTRA
Пишував еднаш за него, кога пишував за Dimension Bomb, за генијалецот по име Morimoto Koji, кој стои зад толку добри, откачени и нереални остварувања. Денес беше тој среќен ден посветен на барање на торенти, „кинење“ од YouTube и генерално читање за секое негово дело. И сепак сум далеку од комплетно сфаќање на неговите замисли. Но, барем ми е појасно, кога во неговата биографија го прочитав името на Otomo Katsuhiro, сфатив бар од кого учел.
И имал што да научи. Му била дадена шанса да работи со Otomo, како на асистент главниот аниматор на Akira, и да режира дел од Robot Carnival. Како аниматор, пак, работи на многу проекти како Animatrix: Beyond, Kiki's delivery service, Golgo 13: The Professional, Roujin Z, Lupin III, а со Otomo соработува и после отворањето на сопствено студио.
Noiseman Sound Insect
Studio 4oC го основа во 1986 година, заедно со Tanaka Eiko и аниматорот Sato Yoshiharu, кога пред се’ се фокусира на режирањето (и тоа на се’ почудни и почудни дела), а се’ помалку на анимацијата. Eдинствени негови дела, каде повторно се зафатил со цртање се концертната сцена на Macross Plus (филмот) и неговото речиси комплетно дело Noiseman Sound Insect (кое по мојата лаичка пресметка заслужи 9-ка). Интересно е што во рамките на студиото режира и неколку музички спотови. Клиповите кои ги „наредив“ помеѓу овие редови се само дел-чисто да се одбележи деменцијата/генијалноста на Morimoto-san.
Clip from Animatrix: Beyond
Инаку, неговата кариера опфаќа и продукција на многу различни и покомерцијални анимеа. А моментално, а ANN објави уште во 2005-та, работи на ново дело Sachiko, како прв негов долгометражен анимиран филм. We'll see...
Link до официјалниот сајт [FR] ... и уживајте.
13 јануари 2010 г.
17 декември 2009 г.
1001 ноќ како што требаше да биде раскажана
Нeкако ми е жал што е единствениот глас кој се слуша на почетокот е на англиски ама Amano Yoshitaka ми е еден од омилените автори на визуелно уживање - после Angel's Egg кој беше даван на една Јапанорама и Vampire hunter за кој се надевам еден ден ќе успеам да напишам некој ред, како и дизајнот за Final Fantasy игрите, еве го и фантастичниот сон на 1001 Ноќ. Без оглед дали ANN ќе се сложи дали е ова аниме или не (поради тоа што само замислата, надзорот на анимацијата и продукцијата е јапонска, и генерално не е наменето за јапонски пазар) е серијал од кратки „жешки“ соништа, режирани од Mike Smith со одлична background музика компонирана од David Newman
22 септември 2009 г.
Тага и надеж
Во 300-та чуда што имам изгледано од аниме, сум наишла на неколку анимеа, кои не можам да ги споредам со ниедно друго. Меѓу тие, ретките такви, и прекрасното Wolf's Rain. Навистина го жалам секој оној кој пропуштил да го гледа. Зашто пропуштил едно ремек-дело на кинематографијата воопшто. Без оглед на комерцијалниот момент на 4-делната ОВА која го завршува анимето или мангата која излезе после анимето, без оглед на сите бенефиции од продажбите на сите колекционерски предметi и фетишот на тинејџерките, кон волците (што лично, не го сфаќам)


Совршено, комплетно дело: приказната на Nobumoto, Keiko која потсеќа на некоја руска бајка, грчка трагедија, дури и помалку sci-fi, епско патешествие; цртежот кој сеуште ми е неверојатно оригинален, полн со мрачна и студена атмосфера, чувство кое ве следи дека дошол крајот на светот изразено низ навистина одличниот приказна, празните позадини, интернационалниот soundtrack и музиката на Kanno, Yoko, одлично креираните (btw, сите трагични) ликови од страна на еден од најискусните аниматори во аниме индустријата Kawamoto, Toshihiro, сето тоа прекрасно изрежирано од Okamura, Tensai.
Сижето би било следното: се знае дека кога ќе дојде крајот на светот ќе настапи рајот, а него можат да го најдат само волците со помош на Девојката на Цвеќето (The Flower Maiden). Но волците веќе 200 години не одат по лицето на Земјата, поточно не одат на 4 нозе и изгледаат како секој друг човек. Тие што преживеале, бар некои од нив Kiba (Песјак), Tsume (Канџа), Hige (Мустак) и малиот Toboe (Виење), здружени, во потрага по рајот, тргнуваат да ја бараат својата спасителка Cheza. Практично, секаде околу нив светот се откажува и умира, а нивните животни приказни и личните трагедии, кои им го дефинирале и карактерот, но и иднината, случајно ги спојуваат заедно, со Рајот како цел. Kiba е неуморен, дрзок, инаетлив, независен и непоколеблив; Tsume е арогантен, искусен, силен, заштитник; Hige е весел, позитивен, оној кој ги држи сите заедно, но со голема грижа на совест и долг кој треба да го искупи;Toboe e млад, ведар, полн се енергија да се докажи. Нормално, тука има и неколку пратечки ликови, моќници кои и самите сакаат да стигнат до Рајот, научници и полицајци кои сакаат да ја откријат вистината за крајот на светот, ловци кои едноставно сметаат дека волците се криви за нивната трагична судбина.
Незнам, веројатно, целиов овој осврт води кон тоа дека 30 епизоди тага и не се баш инспиративни за гледање. Но, од друга страна, таа потрага по Надежта и Иднината, мене барем ме тераше да одам до крај, со волците низ пустините и снегот до Cheza и Рајот.



Незнам, веројатно, целиов овој осврт води кон тоа дека 30 епизоди тага и не се баш инспиративни за гледање. Но, од друга страна, таа потрага по Надежта и Иднината, мене барем ме тераше да одам до крај, со волците низ пустините и снегот до Cheza и Рајот.