I'm a sucker for a good slow mystery/drama anime. Барем во последно време.
Haibane Renmei е еден неуспешен проект како doujinshi na
Abe Yoshitoshi. Прво започнал како неколку страници, краток опис на ликовите со ореоли и сиви крилја, слични на ангели. Потоа прерасна во приказната која е разработена во анимето, и тоа навистина добра приказна. Сигурна сум дека ако авторот продолжеше да црта и да работи на doujinshi-то ќе читавме манга подобра од анимацијата, но сепак.
Haibane се ликови налик на ангели со ореоли и крила, родени во кожурки. Во кожурките сонуваат за патот од нивниот поранешен живот, до новиот свет. Rakka сонува како паѓа од небото, па така го добива своето име Rakka (落下 lit. "falling"). Се раѓа во свет, во кој Haibane не се мешаат со луѓето, употребуваат работи и живеат на места кои луѓето веќе не ги користат. Свет опкружен со ѕидови кои не смее да ги помине додека не биде повикана на денот на нејзиниот „Лет“. Запознава други Haibane, учи за нивните карактери, и секоја од нив добива некакво значење и место во нејзиниот живот. И постојано е опседната со чувство дека заборавила нешто значајно од претходниот живот, дека некого поврeдила и треба да се искупи. Постојано се прашува каде припаѓа додека не и потемнат крилата, како знак дека е
обземена со грев. Додека комуникаторот не и каже дека тоа е кругот на потрагата по гревот што треба да се исчисти и губењето на патот кој треба да се оди. Дека гревот се раѓа кога мислиш дека не грешиш и дека се прочистуваш од гревот во моментот кога го препознаваш. Тука ќе почне нејзиното лечење и патот до прифаќањето, дека најголемиот грев е немоќта да се присетат на сонот на нивоното раѓање - и со тоа, значењето на своето постоење. (Ако не го сфатам ова како дел од сфаќањето на јапонците за светот, погрешно ќе го дефинирам како клише)
Авторот оставил простор за замислување на постоењето на Haibane, па некако јас дојдов до заклучок дека Glie, градот внатре во ѕидините е еден вид на чистилиште, за оние кои треба да расчистат со сопствените внатрешни борби и товари, и да ја најдат смислата на своето постоење.
1 коментари:
Твојава рецензија ми е далеку попривлечна од онаа на МАЛ .
Ќе го стаам на полица за црни денови :)
Објави коментар