Омилени анимеа

Осврти и мислење за популарните и не-толку-популарните анимеа

Омилени манги

Осврти и мислење за популарните и не-толку-популарните манги

Топ листи

Годишни осврти на најдобрите манги и анимеа

Кратки анимации

Видео од кратки но слатки уживања

Музика во анимеата

Фантастичките почетни или завршни музички теми

Се прикажуваат објави со етикета Bokurano. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета Bokurano. Прикажи ги сите објави

5 мај 2009 г.

Драма и џиновски роботи

Warning!!! Contains spoilers!!!

Всушност, насловот на постов е премногу клише, како синопсис воопшто, почнувајќи од Макрос, па се’ до 90% од новите аниме серии. Можеби и Bokurano би се вклучила во таквото клише. Се обидувам да си ја објаснам некако, но нешто ми фали. Бев во искушение да и’ доделам 9-ка, ама нешто мнооогу ми смета.
Да претпоставиме дека приказната е потполна фантазија. Светот ќе биде уништен, ако 15 пилоти од Земјата не се борат со џиновски робот, против слична таква џиновска машина, раководена од слични такви 15 пилоти, од друга временска и просторна димензија. Ако некој изгуби во борба, автоматски светот и постојната галаксија се бришат од постоењето. Да ви ја откријам однапред тајната, тие 15 пилоти умираат со секоја борба, бидејќи човековата животна енергија е двигател на огромната машина.
Проблемот е што овде пилотите се деца од околу 15 години. Добро, не е прва серија со такви главни ликови. Плус, тие низ сите 15 борби се доволно силни да не „одлепат“ од притисокот (со еден исклучок). Никој не помислува да се откаже од борбата и да го фрли светот во непостоење. Сите се борат беспрекорно и ниту еднаш нема да дојдат во практично безизлезна ситуација во борба против другата машина. Смртта во серијава е прикажана толку драстично неизбежна, а ликовите толку помирени со тој факт. Заклучок: проблемот е што се 15 годишни деца.Од она што го прочитав, се базира на манга која сеуште се црта и издава, меѓутоа, режисерот на анимето Morita Hiroyuki, многу контраверзно изјавил на својот блог, дека воошто не му се допаѓала оригиналната приказна и дека секој оној кој ја сака мангата не би требало да ја гледа серијата, и обратно. Доказ дека најчесто е подобро да не ги гледате екранизираните верзии на книгите. Најчесто резултатот е разочарување.
Сепак, колку и да сум збунета од целокупниот концепт на анимето, морам да кажам, дека ако ги исклучам ваквите анализи, целиот впечаток беше одличен. Почнувајќи од цртежот, доста уникатен, (и конечно ликовите личеа на Азијати), преку приказната која ни во еден момент не стана досадна (иако 15 главни ликови, и уште толку споредни, и сите тие животни приказни кои се испреплетуваат), до музиката која мене лично, како што споменав и во претходниот пост, многу ми се допадна. И насловот, Bokurano ぼくらの -како наш/а/е/и: Земја, живот, свет, приказна, борба, победа, опстанок....
Искрено, ме потстети на NGE, воглавно заради фактот што децата беа принудени да се борат покрај своја воља; борбите беа во епски димензии, и во првите борби, без евакуација, гинеа по илјадници луѓе - прилично реално; пилотите носеа свои причини и позадински приказни во борбите. И тоа е се’.
Можеби овој пат сум пре-строга, или обратно, можеби сум наклонета кон жанрот. Сеедно, моето уживање во серијата беше големо. Толку што ќе се обидам да ја избегнам мангата, како што и обично правам, за да не ми расипе впечатокот од анимето. Ете.

29 април 2009 г.

OP и едно аниме

Саундтракот е еден од основните елементи на едно аниме. А посебно што остава впечаток се opening & ending themes. Неможам ни да почнам да набројувам во колку такви нумери сум се заљубила, и ми ја подигнале оценката за анимето. Оваа е нешто актуелно - Ishikawa Chiaki - Uninstall (Bokurano). Навистина певлива песна. Незнам зошто од песнава добив филинг дека ќе го гледам NGE.



Еве ја и целата песна на You Tube
(поздрав до Свезнајко ;) )