4 август 2009 г.

Алхемија и концепт на еквивалентна размена

Get up, walk ahead... you have your legs

За да добиеш нешто, треба да се откажеш од нешто друго со иста вредност. (Не)среќно меѓу првите анимеа што сум ги гледала Fullmetal Alchemist ми остави неверојатен впечаток. Да се врати нешто што е изгубено, но да се изгуби нешто што еднакво важно. И забранетата човечка трансмутација - од куп органски и неоргански материјали, парче тело и душа, да се направи нов/стар човек. Така мрачно почна анимето, што ме остави вкопана во столица, посебно кога сфатив дека не е со незнам каква озбилна тематика, напорна за мозок, и дека е полно со хумор. Едноствано, забавно, но екстремно блиско до моите сфаќања на светот. Основниот принцип на алхемијата, концептот на еквивалентна размена (не ме сфаќајте погрешно, не мора баш во се’ буквално да се примени) концептот на сфаќање, расклопување и повторно креирање.

Hagane no Renkinjutsushi (鋼の錬金術師) е приказна за браќата Elric - Edward и Alphonse, кои ја изгубиле својата мајка во епидемија, па во желба да ја вратат, ја прават таа забранета човечка трансмутација. Во неа, Al го губи целото тело, а Ed за да го спаси, му ја „врзува“ душата за голем рицарски оклоп, и при тоа ги губи едната рака и нога. Прогонувани од она што го направиле, а во желба да си ги вратат телата, тргнуваат во потрага по каменот на мудроста, Al со неговата душа во големиот оклоп, а Ed со челична рака и нога и моќ да прави трансмутации без алхемичарскиот круг. Поради своите таленти, Ed е регрутиран од Државните Алхемичари, во суштина војската на државата, и двајцата заедно тргнуваат на патешесетвие за вистината на светот и постоењето.
Fullmetal Alchemist e цела огромна франчиза. Во прв план е мангата која почна да се издава во 2001 досега има 22 тома и сеуште се црта и издава. Мангата, без оглед на вредноста, уметничка или било каква, е неверојатно популарна, со изданија на повеќе јазици и интереснo контраверзни и различни сцени, на пример помеѓу јапонската и англиската верзија.
Покрај сите оние ситни додатоци, specials & OVAs, оригиналната прва серија од 2003-та, е навистина доживување. Некаде во првата четвртина на приказната, мангата и ова аниме се разделуваат во завршеток со филмот Conqueror of Shamballa. Според мене, е еден дополнителен, екстра голем плус. Да се прераскаже така, да не се изгуби главната нишка, но да се добие токму оној ефект на паралелна димензија.

Новата серија Fullmetal Alchemist: Brotherhood, која моментално се емитува, е исто нешто одлично. Веродостојно ја следи приказната на мангата, со помек цртеж, во кој се насетува „стриповското“ потекло, со поразредено доловување на ликовите и со поголема доза на хумор во однос на нејзината алтернатива. Ако сте се заљубиле во првата серија, и оваа ќе ви биде скоро на исто ниво. Посебно ликовите како Ed и Al, Maes Hughs, Roy Mustang, Хомункулите... still amongst the favs ^_^
На крај, навистина концепт на (еквивалентна) размена. Трошите време за забава. Ама сепак моето време беше вредно.

0 коментари: