3 ноември 2009 г.

Metropolis revitilized

Под псевдонимот кој го носам без право, продолжувам да пишувам на страницава, за душичкава моја и менталната релаксација која ми ја дава анимето, воопшто.


Кога го прочитав насловот, очекував нешто слично на Metropolis, германскиот нем екпресионистички научно фантастичен филм од 1927 година. И не се излажав многу. Всушност, премисата на двата филмови е иста - последиците од капитализмот и социјалната криза на класната поделба. Иста е и неверојатно замислената архитектура, на високи згради која потсеќа на Њу Јорк, аналогијата на Вавилонската кула / Зигуратот - патот до небото и Боговите, напредната технологија која доминира низ целата приказна и во секојдневниот живот на јунаците.
Анимето се базира на манга, која оригинално е напишана од Tezuka Osamu (The God Of Manga) во 1949 година, инспирирана од единствена слика од раѓањето на роботот од германскиот филм, без авторот претходно да го погледне филмот. Меѓутоа, филмуваната верзија, т.е. анимето, тема на постот е многу поблиску до оригиналниот нем филм. Но барем, карактеристичниот цртеж на авторот на Astro Boy и Black Jack, ја задржал својата мекост на острата позадина на технички фантастичниот свет.
Разликата е и во ликовите и нивната улога, го нема дуалитетот кој беше некако подтема на филмот, во однос на пример, на улогата на работниците (како роботи), ниту пак виси во воздух прашањето на полот на ликовите. Иако Duke Red и овде се бори меѓу улогите на татко и владетел над градот. Tima е робот - девојче со реален човечки лик, направена како ќерката на Duke Red. За разлика од неа, Michi е главниот лик во мангата, кој може да си го менува полот по желба. Или пак, ликот на Мариа и роботот по нејзин лик, и нивната улога во оригиналниот филм.

Музиката е некако „откачено вклопена“, цело време вие New-Orleans-style-brass band-jazz, а во климаксот на настаните кога се руши Зигуратот, свири Ray Charles и неговата I Can't Stop Loving You - искрено мене ми беше memorable moment, можеби поради тоа што звукот на песната ги надгласи звучните ефекти на рушењето. Не беше ништо помалку ефективно од оригиналната симфониска музика на големиот оркестар на Вајмарската република во лајт-мотивот на Wagner и Strauss. Едноставно поддршка на ефектот дека се случува нешто величенствено.


Don't you ever let them tell you who you are

2 коментари:

Го имам немачко-немиот филм гледано , анимево ми е у план.... офкорс , со помал приоритет од taking over the world :))

Абе јас го имам во ептен добра снимка, пошто то ми беше моментот, ама english е dub-от, ако не ти смета

Имаш нешто на листата помеѓу taking over the world и Metropolis???
Otherwise, don't bother :))))