Омилени анимеа

Осврти и мислење за популарните и не-толку-популарните анимеа

Омилени манги

Осврти и мислење за популарните и не-толку-популарните манги

Топ листи

Годишни осврти на најдобрите манги и анимеа

Кратки анимации

Видео од кратки но слатки уживања

Музика во анимеата

Фантастичките почетни или завршни музички теми

2 август 2009 г.

20 Century Boy(s)



Cool песничка, со сеуште заразни рифови и скоро бессмилен текст :)) Некако така личи и почетокот на едно од оние чудни, нацртани нешта наречени манга. Замислете дека сте дете во 70-тите, во случајов во Јапонија и овој револуционерен дух ви ја разбуди фантазијата дека еден ден вие и вашата гитара ќе бидете спасувач на светот.

Ја сум сеуште на почетокот, со прочитани 5 од 22 вол. на мангата 20 Century Boys. Но, многу ми се допаѓа, прво заради фактот што нема аниме по истиот наслов и едноставно можете сами да си ги замислувате гласовите, изразите на лицата, движењата на јунаците (иако се одлично прикажани во мангата). Второ, зашто авторот сеуште добро се сеќава на детските наивни игри: фантазиите за борба со огромни роботи со ласери и херојските акции на јунаците пред крајот на светот. Се надевам дека ќе бидам доволно трпелива да ја дочитам до крај, или пак, дека мангата ќе ја задржи свежината се’ до последната глава. А навистина, за мене е нешто навистина свежо, и во начинот на раскажување, и во уникатните ликови, и во хуморот.

31 јули 2009 г.

Just another eye-candy

За жал ретко има добри анимеа во последно време што ги опфаќаат сите елементи на задоволство. И за жал, и Yukikaze спаѓа во групата на „просечни кон ОК“. Ако сте расположени за уште едно неверојатно CG доживување, а притоа сте доволно стрпливи да ја погледнете целата приказна (5 епизоди по 35 минути) која е толку расфрлана и уште поткрепена со уште по-„бајати“ карактери, само тогаш впуштете се во гледање на анимево.

Пред неколку децении Земјата е нападната од вонземјани преку портал на Антарктикот. ОН успеваат да ги истуркаат непријателите назад преку порталот до нивната планета Fairy, но таму битката продолжува помеѓу мистериозните непријатели и пилотите на Специјалната Авијација, дел од ФАФ (Fairy Авијација). Во центарот на приказната е младиот пилот и неговиот авион Yukikaze (име на јапонски разурнувач од Втората Светска војна), кој поседува огромна вештачка интелегенција.

Единствено нешто што ве држи да не чепкате по ФБ или МАЛ или нови торенти додека работи вашиот плеер, се неверојатните анимации на воздушни битки помеѓу ЈАМ и авионите од Земјата. Карактерите се...па, скоро без карактер и потполно досадни, оние кои би требало да бидат носечки речиси и воопшто да не се издвојуваат од оние споредните. Приказната е толку расфрлана, помешана и досадна, што треба озбилно да се намачите да ви се допадне. А тоа не е целта на нашето гледање аниме, нели? Па одлучив да го закачам овој можеби и неофицијален trailer без приказна...зашто ова е единствената причина што го изгледав анимево до крај, а вас можеби и ова ќе ви биде доволно:

29 јули 2009 г.

Боженствена комедија во 10 минути

Ова е нешто старо, одамна прикажано на Јапанорама, ама epic е... комплет :) Плус, некако имав инспирација да ја посветам некому ;)

Можеби најдобротo дело на Studio 4oC и на Nakazawa Kazuto, кој еднаш веќе го споменав овде.



Во време на Борбата за независност на Ирска, петгодишно девојче оди во Замокот на Демоните да го бара Црниот Витез. Витезот е роден во време кога „книгите симболизираат моќ и смеењето или зборувањето за нив е табу“, па тие се единствено платежно средство кои тој го прифаќа. Девојчето за неговата услуга му плаќа со (мислам) "Denny's Comedy" и успева на крај да го натера да се насмее. (Не е Боженствената Комедија на Данте, проверено)
Во овие 10 минути свират две дела на Franz Peter Schubert - "Ave Maria" и "Erlkönig", така што стои и претпоставката дека "Lucifer" на Schubert е всушност и инспирација за ова кратко, но слатко уживање.

27 јули 2009 г.

Too real

Не е нешто особено, и не е нешто невидено, и не е нешто што апсолутно „моооора да се види“. Ама е ОК, за нешто кратко (12 еп. + ОВА) и релативно лесно, без преголем напор на мозокот. Посебно што ме потсети на онаа многу добра германска ТВ серија (live action) што ја даваа на ТЕЛМА, за екипата на хеликоптери за спасување и нивните секојдневни победи, ако некој by off chance ја гледал.
Yomigaeru Sora e аниме кое се занимава со оваа тематика - реалноста на пилотите и медицинскиот персонал на ваквите хеликоптери. Посебно што реалните приказни од реални животни ситуации, од кои некои се особено трагични и потресителни, се надополнети со одлична анимација на хеликоптерите и останатата механика. CG kicks ass here. Ликовите се само површно обработени, меѓутоа многу реално, ги нема оние екстра драматики и себе-анализи што ги има во другите драмски серии од овој тип. Што значи - ликовите се одлични, заедно со seiyuu-ата позади нив.
Едноставно аниме што зборува за соништата и плановите што ги имаме и како многу треба да работиме за да стигнеме до нив. Дека понекогаш она што го сакаме не е она што е најдобро за нас. И дека мора да го искористиме секој момент и од она во кое се наоѓаме моментот. Да ја промениме перспективата, оптимистички, да си поставиме нова цел. И животот има повторно смисла. Што вели еден лик во серијата, секој ден без оглед колку жртви има, ако само една е спасена, тој ден е победа.

Ми се допадна нешто што дознав денес. Една фирма во Македонија имаат на влез мото Si vis pacem, para bellum - Ако бараш мир, припреми се за војна. Фино мото, нема што.

25 јули 2009 г.

Фолклор низ тишина и осаменост

"It's all in the eyes of the beholder"
Кога за прв пат почнав да го гледам Mushishi пред нешто повеќе од година дена, ми беше бескрајно досадна епизодноста на приказната (иако ги изгледав само првите две епизоди), ми беше напорно да гледам аниме со тивка background музика, бавно и некако полно со осаменост и меланхолија. Можев да го drop-нам и да го дефинирам како „бљак“, како моите ценети отаку другарчиња (no pun intended :P). Незнам што се промени, можеби личната состојба на меланхолија, можеби се’ помалку дискриминирачкиот поглед врз жанровите аниме, можеби само едноставно имало среќа да дојде на ред. И за среќа, за мене, зашто уживав во едно ремек дело. Последен пат вака сум се осеќала за Kino no Tabi, иако жанровски би го сврстила (и е сврстено) во група со Natsume Yuujinchou. Навистина, одамна не сум уживала во раскажувањето, до толку, што сеуште ги паметам приказните и би сакала секогаш да ги паметам.
Можам да ви ја раскажам приказната за девојчето со клетва да умира секој ден, за вторите очни капаци, за мајката-ќерка и островот на Вратените, за трагачот по виножитото, за девојката од патувачкото мочуриште, за пролетта насред зима, за девојката со зарѓан глас, за претскажувачот, за сестричките разделени од невнимание, за слепата девојка која гледа во иднината, за девојката со гревот на нејзините претци врз нејзиното тело, за децата на папратот, за планината која живее на една хакама, за човечката жртва на гладта, за жената-бамбус, за детето изгубено во темнината... Сите приказни кои почнуваа интригантно, возбудливо, раскажани секоја на свој начин, а завршуваат секогаш мирно, тивко, секоја со своја единствена песна... како хаику. Во вакво меланхолично расположение како што сум сега, вака соџвакано, оддалеку... сеуште ми изгледа совршено.
Ginko (во превод би дошло како „сребрено дете“), со сребрена коса и едно зелено око, е mushishi - трагач, откривач и лекувач, познавач на mushi-те, суштествата помеѓу овој и оној свет. Низ неговите патешествија, со гласот на неговата учителка Nui, се раскажуваат приказни од прекрасниот, обилен фолклор на Јапонија. Фолклор полн со мистика.
Mushishi инаку е манга во 10 тома, дело на Urushibara Yuki, која заврши со издавање во 2008 година, и која покрај анимето има и live-action адаптација (не ни помислувам да споменам нешто за тоа). Мангата и анимето имаат добиено повеќе награди, а и двете во 2007 на 10тиот јапонски Фестивал на медијска уметност рангираа меѓу првите 10 во своите категории. Уште еден факт дека станува збор за нешто што не е само комерцијално вредно за гледање, туку и уметнички, а по овој мој секогаш прекраток осврт, и духовно. Па, препорака - не го drop-нувајте. ;)

23 јули 2009 г.

Љубовна приказна и растење

Ми тргна со Miyazaki. Еден ден седнав и ги изгледав сите негови филмови во еден здив... бар оние што ги немав гледано. Незнам зошто сум ги оставила за доцни години, ама сепак, и покрај оние карактеристики за кои и самиот тој вели дека се типични за секој негов филм, незнам зошто... сите ми беа различни. Конкретно Whisper of the heart не е во режија на Miyazaki, тој го пишува само текстот за филмот, но сепак е дел од филмовите на Studio Ghibli. Иако, ова е првиот филм на Ghibli кој користи дигитална технологија во движењето на елементите во светот на Баронот на пример, и прв јапонски цртан филм кој користел Dolby Digital технологија. Тоа, секако, не го спречува да биде одличен филм.
Оригиналниот наслов на филмот е Mimi o Sumaseba (耳をすませば), буквално значи Ако слушаш внимателно и е адаптација на мангата и новелата со ист наслов од Hiiragi Aoi. Иако, во многу детали двете приказни се потполно различни, основата е иста. Приказната е за Shizuku, која е сосема обично девојче, заљубено во светот на книгите. Еднаш патувајќи со воз, случајно ќе наиде на голема дотерана мачка, која ќе ја одведе до продавницата за антиквитети каде започнуваат сказните. Тука ќе го запознае Seiji, кој и’ го кажува сонот да учи да прави виолини во Cremona, што ќе ја поттикне и Shizuku да го оствари својот сон и да пишува книги, тестирајќи се со приказна за Баронот, чудната мачка од антикварницата.
Филмот многу нежно, непретенциозно зборува за растењето, за тенката линија на пријателството и детската љубов, за изборот што го правиме кога растеме и прашањето „што сакаме да бидеме“. Сето тоа го раскажува низ прекрасни сцени на реалниот и имагинарниот свет. Сцените во фантазијата на Shizuku, летечките острови и чудните градови се дело на уметникот Inoue Naohisa кој целата своја фантазија ја преточува во сликите кои Ghibli ги претвори во уметничкиот филм Iblard Jikan.
Има нешто што ме потсети на 5 centimeters per second, претпоставувам звукот на емоциите, бидејќи во основа се толkу различни. Во Whisper of the heart, децата на 14 години, сеуште се по малку деца, нивните светови се полни со книги за фантастичниот свет на самовилите, џуџињата (и мачките), љубовта има поинаква смисла и шанса, а ветувањата се помалку реални и сеуште детски. И setting-от, и приказната, и ликовите, се’ е некако по-детски, по-фантастично, и според мене, малку пореално.