И продолжуваме. Moondrive е третата епизода од второт ДВД и е нешто многу откачено. Авторот Nakazawa Kazuto стои зад наслови како Kigeki, The Origin of O-Ren (анимираниот клип во Kill Bill), како и зад дизајнот на ликовите во Samurai Champloo и сеуште необјавениот Miyamoto Musashi - Souken ni Haseru Yume. Moondrive e откачена пародија за трагачи по злато во свет на тотално безредие и беззаконие - или тоа е само светот во кој припаѓаат четворицата наши главни јунаци. По мрачната атмосфера и острите карикирани линии на ликовите ме потсети на мојата стара љубов Cool World (и не заради Brad Pitt :P) или пак на тоталната деменција од Aachi wa Ssipak
Четвртата епизода не ми остави голем впечаток, всушност најлош од сите. Како авторот Ohira Shinya да се присилувал да се потсети на некој страшен сон од детството, ама некако очигледно дека го заборавил сонот, па за љубовта на својата мајка да го направил Wanwa the Puppy со помош на едноставен детски цртеж и креони. Сепак, уникатно аниме.
Последната епизода, мислам дека многумина би се сложиле, заслужува серијализација. Tanaka Tatsuyuki успеа да направи интересно аниме, не толку психоделично, а во никој случај безлично. Tojin kit, во cyber-punk атмосфера, со оригинален стил на анимација, раскажува чудна приказна на добар начин. Девојка одгледува забранети миленичиња „вонземјани“, скриени во плишани зајачиња, жапчиња, кукли...Се’ додека еден ден владини службеници не влезат во нејзиниот стан. Кога ќе сфатите колку брзо дошол крајот, сакате уште.
Во моментов го гледам првото ДВД, кое за жал, не успеав да го најдам цело, но сепак, следува prequel-от за неколку денови.
Од срце, препорачувам да се гледаат, сите епизоди. Во секој случај, интересна комбинација на жанрови, стилови на анимација. Нешто сигурно ќе ви ги разбуди пеперутките во стомакот.
Од срце, препорачувам да се гледаат, сите епизоди. Во секој случај, интересна комбинација на жанрови, стилови на анимација. Нешто сигурно ќе ви ги разбуди пеперутките во стомакот.
0 коментари:
Објави коментар