Омилени анимеа

Осврти и мислење за популарните и не-толку-популарните анимеа

Омилени манги

Осврти и мислење за популарните и не-толку-популарните манги

Топ листи

Годишни осврти на најдобрите манги и анимеа

Кратки анимации

Видео од кратки но слатки уживања

Музика во анимеата

Фантастичките почетни или завршни музички теми

29 април 2009

OP и едно аниме

Саундтракот е еден од основните елементи на едно аниме. А посебно што остава впечаток се opening & ending themes. Неможам ни да почнам да набројувам во колку такви нумери сум се заљубила, и ми ја подигнале оценката за анимето. Оваа е нешто актуелно - Ishikawa Chiaki - Uninstall (Bokurano). Навистина певлива песна. Незнам зошто од песнава добив филинг дека ќе го гледам NGE.



Еве ја и целата песна на You Tube
(поздрав до Свезнајко ;) )

Fantastic children - импресии

Понекогаш избегнувам анимеа кои имаат во опис драма или романса. Всушност, многу често. Од некоја причина, премногу емоции, солзи, ми го намалуваат уживањето во гледањето аниме :)
Неможам да кажам што точно ме привлече да почнам да го гледам анимево, но на крај сфатив дека гледав една трагедија, една драма, една прекрасна љубовна приказна. Некако ме потсети на Хамлет, на Ромео и Јулија, на практично се’ што сум читала од Шекспир.
Како поинаку да дефинирам жанр, освен трагедија, во кој, со секое ново раѓање, со секоја инкарнација вие живеете живот, среќавате луѓе; и кога ќе се присетите на некого кого неизмерно сте го сакале, било љубовник, сестра, родител, другар, а сте го оставиле „назад“ во времето, сте ја направиле таа грешка, што ли ќе осетите освен неизмерна болка? А што ако неможете да се присетите и ви остане празна душата знаејќи дека нешто заборавате, некое ветување што сте го дале некому, и тоа ве излудува?
Искрено, анимево беше најмалку научна-фантастика. Ако треба да го споредам со нешто, можеби со Contact - зашто зад кулисите на фантазија и научна фантастика, се крие длабока приказна за љубовта, во општа смисла. Ако го споредувам со аниме... незнам со кое, можеби единствено со Laputa, но во делот на скриените технологии и патот до пронаоѓањето на вистинското „јас“. Ако бидам „пообјективна“ и помалку бесчувствителна, би рекла потсеќа на оние cheesy sci-fi филмови од 60-тите и 70-тите, првите обиди за научно-фантастични филмови, кога Шон Конери имал бубуљици.
Но, за среќа, малку се продлабочив во анимево, па навистина ми остави впечаток на добра приказна. И покрај почетниот слика дека ликовите се деца, а цртежот едноставен. Понекогаш треба да се пројдат тие клучни први епизоди. Понекогаш ќе се открие ремек-дело.

27 април 2009

LMAO! Big time!

Зошто во основа гледаме аниме?
Се цитирам себеси, од пред година дена....
.... или едноставно - за чиста, незаборавна, неверојатна >>ЗАБАВА<< !!

Неверојатно, но вистинитно, јас сеуште гледам аниме заради тоа - чиста Забава! Можеби ми се под-истенчил вкусот и не лепам толку 10-ки на анимеата и толку! I'm having FUN!!!


Во моментот на гледање на првата епизода на ова аниме - Sengoku Basara, јас бев во делириум од смеење. Прво и основно, толку е очигледно дека е направено по игра... ликовите имаат свои карактеристични напади во различни бои, (демек се тепаат нешто црвениот и плавиот)... нинџите се појавуваат од нигде-никаде... едниот главен лик уфрлува англиски зборови кога напаѓаат, како Let's go guys, другиот ентузијастички прима удари од неговиот oyakata-sama (буквално-господар) ... жената-нинџа е практично гола, и нормално, паѓа во „љубовен занес“... Леле, навистина незнам од каде да почнам, каде да завршам...

Кога се оценува некое аниме на МАЛ, најниската оценка е (1) - unwatchable. Според мене такво нешто не постои, тоа само зависи од расположението и ставот на гледачот. За (2) - horrible - не сум приврзаник ни на оваа оценка, ако е вака дефинирана... во секое аниме се наоѓа по нешто, инаку воопшто не би ни гледала аниме. Значи почнувам со (3) - very bad. И тоа е оценката овде, само што доби 3 плуса и еден голем минус-
  1. (+) за seiyuu ангажирале фантастични артисти - прво и основно ги имате Ichigo(Bleach) и Mugen(Samurai Champloo) еден против друг, а плус еден од главните фаци e Ed Elrick(Fullmetal Alchemist) - и уште многу закон гласови!
  2. (+) за сцените на пејзажите и традиционална Јапонија од тој период, за сцените на дуелите или масовните сцени на борба, одлични се, за рачно нацртани аниме (добро, не комплетно, но очигледно е дека нема некои драстични употреби на компјутерска анимација)
  3. (+) многу битно за мене, за одличната seinen смисла за хумор, ликовите се стереотипни до екстреми, хуморот во цртежот е типично стриповски, pure fun - so, thumbs up!

  1. (-) за приказната - супер е идејата за прикажување на фантастична верзија на Sengoku периодот (периодот на завојуваните држави), но не ми се допаѓа идејата на давање натприродни моќи на историски битни личности на Јапонија, како Oda Nobunaga, или главните протагонисти, реални daimyo од тоа време - Date Masamune и Sanada Yukimura. Не ми се допаѓа кога историјата на некој начин се исмејува, заради некои западни стандарди на забава. Ако го исклучам овој факт, може и понешто да научам за јапонската историја, со чепкањево по Wikipedia.
Сепак и’ давам шанса на серијава, ако не заради приказна, тогаш заради забавата. Се надевам нема да ме разочара, па отпимистички и дадов 6-ка, што веројатно не ни заслужува. Ама и онака сум вообичаено великодушна.

26 април 2009

Weird or Wired

Во Јапонија не е чудно еден проект да биде замислен како мултимедијален, не само како аниме, манга или видео игра. Таков е случајот со Serial Experiments Lain - во една иста 1998 година излегува игра за PlayStation, аниме од 13 епизоди и doujinshi (манга или новела, кое ја објавува и финансира самиот автор) The nightmare of fabrication во рамките на artbook-от (книга со концептуални скици од сцени од анимето) Omnipresence in the Wired.
Бидејќи немам можност да ја погледнам играта, можам само накратко да ја опишам од она што прочитав. Оригиналното сценарио, првата замисла за Lain е играта, иако е последно издание на франчизата. До денес не е квалифицирана во ниту еден жанр, а самите автори ја нарекуваат "Psycho-Stretch-Ware" (w/e the hell that means ) или графичка новела. Во неа собирате потполно random информации за Lain, кои треба да ги организирате во приказна, со цел да ја „почувствувате“ и сфатите Lain. (a-ha... so that's what they meant.). Некако очекувано е дека само малкумина останаа заинтересирани да ја играат играта, и тоа само оние кои го засакале анимето. Познавајќи го гејминг светот, очекувано нормално, поради игривоста или недостатокот од неа.
The nightmare of fabrication е манга во колор од 18 страници, нацртана од истиот автор Abe Yoshitoshi, но навистина интересна, и доволно интригантна за да го погледнете анимето (ако сте како мене, на пример). Интересно е дека приказната е потполно независна, и нема никаква врска со онаа на анимето или PS играта. Мрачна, помалку хорор, помалку научна фантастика, а најмногу присхолошка.

Епа, после вакво „влечење“ на погледот, следува и гледање на анимето...
Наскоро од poljaff ^^

25 април 2009

Fantastic Children - интро


Во моментот на пишување на постов, стигната сум до 16-та од 26 епизоди, оттука она „интро“ во насловот.

Се сеќавате ли на Village of the damned? Кога ќе се испородат деца со бели коси во едно селце во Америка, со чудни манири на возрасни и страшно, страшно зли? Кога прв пат го видов постерот и прочитав набрзина што се случува во Fantastic Children, помислив на овој филм. За среќа, нема абсолутно никаква врска.

Годината на случување е 2012 на Земјата кога конечно ќе се реши мистеријата на „Децата од Befort“ (измислено село во Белгија), кои се појавуваат низ различни места во Европа, секои 11 години, во последните 500 години. Веднаш знаете дека приказната можеби не е уникатна, но ќе биде навистина добра.
Навистина сакам sci-fi приказна која расте. Нека има и враќање назад, и скокање напред, ама да има правец. Од првата, потполно збунувачка епизода, кога не ви е јасно што има врска сега Конрад Рендген со анимево, до 15-тата кога почнуваат пополека да се разјаснуваат работите, и кога ќе ја видите и втората, приказната во приказната, со светлосни години подалечна и поинаква. Тоа е драма во фантазија во научна фантастика...
Анимето не е впечатливо по цртеж, ликовите се премногу едноставно нацртани, со премногу нагласени диференцијални карактеристики, но послушајте ме и не дозволувајте тоа да ве одвлечи од приказната. Кога издржав да ја прегледам петтата епизода веќе ми беше навистина привлечно анимево.
Потоа се зачитав по интернет, како што и обично правам за скоро секое аниме што го гледам, и открив дека авторот Nakamura Takashi, кој е комплетен автор на ова аниме, е режисер и на насловите A tree of Palme (филм кој беше во официјална конкуренција на Берлинскиот филмски фестивал), background artist на Akira (филмот од 1988) и key-animator на наслови како Nausicaa of the valley of the wind. (веќе презентирано на овој блог). И кога се потсетив на A tree of Palme, ми стана јасно каде сум го видела ликот на Helga (главниот женски лик е идентичен во двете анимеа).
Кога читате на recommendations на MAL... искрено, од опишаниве анимеа, не ме потсети на ниедно од нив. Можеби сепак на крај приказната ќе испадне уникатна. Ќе видиме до крај...

23 април 2009

Motorcycle diaries - the girls' way

Michiko to Hatchin е последна серија која ми остави впечаток. Сепак се работи за личен вкус. Мојата листа на fav anime ја содржи, на пример, Samurai Champloo - не секој може да поднесе комбинација на хип-хоп и самураи. А јас се заљубив... дури и во ликовите.
Морам да цитирам едно review на Myanimelist. „Комбинација на Thelma& Loiuse и City of God“. Скоро совршен опис. Дејството е поставено во латино-американска земја, може било која, но е измислено името - Дијамандра. Нетипично за едно аниме, посебно што нема никаква врска со Јапонија. Не е шпанска серија - далеку од тоа. Двете хероини, во потрага од слободата и човекот со кој конечно би биле семејство, едната бегајќи од затворот и законот, другата од семејството кое ја малтретира и физички и психички, ќе се пронајдат во улогите на мајка и ќерка.
Michiko Malandro e агресивна, некултурна, необразована, детинеста, но независна, самоуверена, своеволна и доволно искусна во светот во кој владее мафијата, насилството и законите на џунглата.
Hana "Hatchin" Morenos е десет-годишно девојче, кое пораснало пред време. Често имате впечаток дека таа е возрасната личност во дуото. Таа е вредна, чесна, но и претпазлива и недоверлива. Со бушава коса, слабичка и налик на момче, речиси потсеќа на ангел - потполна спротивност од нејзината мајка -"the sexy diva".
Со еден збор, двете заедно се едно. Во потрага по Hiroshi Morenos (не ја сфатив комбинацијата на јапонски и латино имиња), кој наводно е татко на Hatchin, сретнуваат најразлични луѓе, во најразлични ситуации. Постојано се бркани од полицијата и мафијата и никогаш немаат доволно пари. Секоја епизода оди напред, и секоја епизода гледа назад. Во речиси секоја епизода препознавате некоја непријатна приказна од животот во Латинска Америка - мафија, изнудувања, детска проституција, физички малтретирања....

Незнам дали би ја опишала серијава како драма, или како комедија, или како акција, можеби авантура одговара...но не во онаа смисла кога се опишуваат цртани серии... Едноставно, одлична приказна, фантастична музика, прекрасен цртеж. Да не беше Mitchiko практично семоќна во физичките пресметки, дури и оние против огнени оружја, од мене ќе добиеше 10 - masterpiece. Сепак и една оценка подолу не е на одмет, посебно кога уживањето беше големо.

22 април 2009

Oд plan to watch листата

Ме потсети на еден пост на еден мој колега од јапан.мк
Japan@mk: Слики од Токио по апокалипсата

Приказната е за светот во кој е ограничена емисијата на јаглерод двооксид и контролата и доминацијата со новата карбон валута. Искрено многу ме потсеќа на Last Exile, по ликовите, и концептот, и помалку по цртежот...(ќе дојде и тоа на ред - сега сакав само да покажам нешто, од currently airing series, што ми годи по вкус)

И плус кога ќе се вклучи и screen-shot од анимето на, нормално, my fav kick-ass girl caracters ;)
Едвај чекам, до погледам нешто повеќе од 3 епизоди, па да раскажам...

20 април 2009

Малку поинаков саундтрак



Now isn't this blood-boiling ;)

16 април 2009

Репер за sci-fi анимеата

Објавено на poljaff.blog.com.mk на 06.03.2008

За љубителите на Артур Кларк и оние на аниме

Долго ме немаше нешто и еве ме назад "by popular demand"- фрлена сум на гледање на аниме, заостанувам зад 15-годишњаци, значи доцнам скоро 15 години со едно 900 аниме наслови (^_^). Притоа да додадам уште нешто за мене - не ги сакам баш оние аниме серии кои се во моментот актуелни, пазам да најдам нешто оригинално или нешто "старо, а добро".

Neon Genesis Evangelion го гледав пред некое време, и се воодушевив, како што како дете се воодушевував на книгите на Жил Верн, само што NGE / Eva / Evangelion е аниме како извадено од главата на Артур Кларк. Можеби зашто креаторот на серијата Hideaki Anno пател од клиничка депресија, што толку болно е развлечено низ серијата. Според мене, една од емоционално најискрените и најреалните aниме за наоѓањето на своето место под сонцето. Плус постапокалиптичната тема, одличната sci-fi приказна и kick-ass mecha-та. Одличен рецепт за успех.

Ikari Shinji e 14-годишен пилот на Ева, биомеханички mecha, со извонредно висок процент на синхронизација со својата Ева - Unit 01. Ayanami Rei и Soyru Asuka Langley се двете девојки пилоти на Unit 00 и Unit 02. Shinji е депресивен дечко, без самодоверба, сонува за се што е женско, па и машко во анимето, па ви доаѓа да го заплескате во стилот "ало, свести се!!". Rei e многу тивка, осамена и единствена цел и се борбите - lives to obey, и вие цело време се чудите како истрпила тооолку ќотек. Asuka e енергична, мора-да-биде-најдобра, гласна и нападна. Покрај двете девојчиња, кои без двоумење би можела да кажам дека се многу посилни ликови од Shinji, тука е и Katsuragi Misato, капетан одговорна за обуката и старател на Shinji. Мене лично Мисато ми беше омилен лик, ми се чини единствен копмплетен.

Приказната се одвива во Токио-3, постапокалиптичен, милитаризиран град, после "The Second impact", удар најпрво опишан како пад на метеорит на Антарктика, заради кој оската на Земјата се искривува, нивото на светската вода се подига и следат огромни климатски промени. Токио-3 е постојано нападнат од "Ангели" против кои се борат Евангелионите водени од трите деца. Секој напад на Ангелите е се појак и води до целосно уништување на Земјата.

И бидејќи предлагам да го гледате анимето, само ќе надополнам дека мора да ги гледате и OVA-те, зашто од серијата нема да ви стане јасен крајот, а богами ни приказната. Макијавелистички - целата приказна се врти околу вредноста на индивидуата, соочувањето со стравовите и сомнежите, за вредноста на постоењето, за поттикнување на следниот степен на еволуцијата - колективната свест, како глобален духовен ентитет. Ве збунив? Верувајте, анимето уште повеќе ќе ве збуни. Можеби затоа толку ми се допадна.

15 април 2009

I love One-Shots

One-shot во стрип индустријата е обично е пилот верзија на некој стрип или посебно издание на последното, нешто како „слатко за на крај“.

Во јапонската манга индустрија, се користи терминот yomikiri (読み切り), а тоа е стрип претставен потполно во едно издание без продолженија, вообичаено долго 15-60 страници. Како и пилот епизодите, понекогаш продолжува да се серијализира. На пример популарните серијали на Dragon Ball, Naruto, Berserk, One Piece или Death Note започнале како one-shot манга.

Лично, ми се допаѓа концептот да се раскаже приказна низ неколку кратки сцени.
На пример, нешто што многу ми се допадна беше The Time Milk Wound the Spring. Надреални сцени полни со фантазија, мене не ми беа мистични туку сонувачки некако и прилично смешни.... сеедно... ми се допадна многу

Потсетување: Се чита од десно на лево ;)

14 април 2009

Macross - Историја низ вселената

Вчера се потсетив зошто го засакав анимето воопшто. Се потсетив дека како дете чекав да почне оваа серија на телевизија, за чудо, се сеќавав на се’ - MACROSS!!! Кај нас го носеше името Роботека (тоа е американската верзија, адаптација и преработка на оригиналниот Макрос - кај нас беше давана таа верзија). Сеедно - ми стана јасно, зошто од секогаш сум сакала military, sci-fi, giant robot stuff анимеа. МАКРОС!!!
Серијата започнува со нејзино емитување во Јапонија во 1982-3 година. Сеуште е популарна и сеуште се снимаат продолженија. Во чест на 25 годишницата од првото издание, во 2007 излезе пилот епизода, а во 2008 и цела ТВ серија - Macross Frontier (првично замислена како Macross 25).

Оваа навистина голема франчиза опфаќа 3 серии, 3 филмови, 2 манга едиции, 6 OVA серијали, и 5 видео игри, што за компјутер што за Play Station.

Хронологијата е следнава

1. Во 1982 до 1983 година во Јапонија излегува The Super Dimension Fortress Macross, како ТВ серија од 36 епизоди, со хронологија на настани од 2009-2012 година (во Америја поод наслов Macross Robotech Saga запошнува да се емитува 1985)

2. Во 1984 излегува филмот The Super Dimension Fortress Macross: Do You Remember Love? со алтернативен крај на серијата,од 2-ра до 27-та епизода и хронологија од 2031

3. 1987 излегува ОVA - The Super Dimension Fortress Macross: Flash Back 2012, како епилог на филмот за „совршено издание“ - хронологија од 2012

4. За 10-годишнината на Macross излегува The Super Dimension Fortress Macross II: Lovers, Again - 6 епизодна OVA, како континурана паралелна реалност - хронологија од 2089

5. Macross Plus започнува во 1994-1995, како споредна приказна раскажана низ 4 OVA, која продолжува онаму каде завршува оригиналната приказана, со хронологија од 2040.

6. Серијалот продолжува со Macross 7, во 49 епизоди во 1994-1995, со хронологија од 2045-46 година.

7. Нормално, следуваат филмски верзии Macross Plus: Movie Edition, во 1995 и хронологија 2040, како алтернативна серија со додадени сцени.

8. Истата 1995 излегува и филмската верзија на Macross 7 the Movie: The Galaxy is calling me, хронологија 2045-46, како резиме на серијата

9. 1995 излегува и 3-епизодната OVA - Macross 7: Encore, како дополнителни епизоди на серијата, со иста хронологија

10. 1997-1998 е 15 годишница, па нова серија, т.е. OVA од 4 епизоди Macross Dynamite 7, за наредната 2047

11. 2002-2004 на 20 годишницата, започнува со прикажување 4-епизодната OVA, Macross Zero, како prequel на оригиналниот Macross, односно со хронологија на настани од 2008

12. 2007 - излегува пилот епизодата на Мacross Frontier - Deculture Edition, во чест на 25-годишницата на серијалот. Овојпат дејствието се одвива во 2059.

13. 2008 - успешниот пилот, значи и успешна серија од 25 епизоди - Macross Frontier, со дејствие од 2059.

14. За 2009 е најавен филмот, двочасовна верзија на серијата Macross Frontier Movie Edition.
Можеби за 30 години ќе гледаме и нова серија. Којзнае, се надевам. Јас сум спремна, екстерниот хард е полн (додуша Zero и Frontier се во мојата листа на completed anime), и среќна продолжувам од почетокот, повторно.

Само уште една кратка тривијалност. Името на серијалот требало да е Battle City Megaload, бидејќи во јапонскиот би звучело и како Megaroad, па насловот би има двојно значење - на градот кој го носи во себе и на патот пред себе. Но спонзорите, како фанови на Шекспир (???) инсистирале да го носи името Macbeth. Како компромис се дошло до Macross - како макро (големо) и како далечината што треба да ја поминат (cross). Како и да е Мacross e епик-серијал, веќе и дефиниран како anime classic. I'm REALLY looking forward to it...Oтидов да гледам аниме!!!!!

13 април 2009

Pale Cocoon

Замислете да постоиме без минато, да не се сеќаваме на ништо од историјата. Светот да не познава океани, планини, сонце и месечина. Да го живееме секој ден во потрага по сеќавањата за нас и Земјата, впишани во дигитални записи кои лебдат некаде во етерот. Работиме само на тоа да ги „откопаме“, анализираме и дотераме тие записи на слики, да ги подредуваме и да ги ставаме во некаков контекст, нaдевајќи се дека ќе ја откриеме вистината за светот кој некогаш не’ опкружувал. Се’ додека не ја откриеме...

Ова е крајот на Pale Cocoon, кратка sci-fi анимација, за реалноста која следи, ако продолжиме да се однесуваме безгрижно со светот окoлу нас. Само ве предупредувам - ова е spoiler!

12 април 2009

Howl's moving castle

Јое Hisaishi e композитор неразделно поврзан со филмовите на Гибли, по неговата музика се делумно и препознатливи тие филмови. А ова е, според мене, најубавиот меѓу soundtrack-овите, и мојата омилена Merry-go-round.

11 април 2009

Nausicaa of the valley of the wind

Пoстирано на poljaff.blog.com.mk на 09.02.2008

Животното дело на Miyazaki Nausicaa" of the Vаlley of the Wind (風の谷のナウシカ, Кaze no tani no Naushika) започна како манга под истото име. Во 1984 година Светскиот фонд за природа му го презентираше на светот филмот на компанијата за анимација Topcraft. Всушност, таа компанија иако зад себе ги имаше делата како Hobbit, the Lаst Unicorn (мислам дека се сеќавате на овој цртан), набрзо пропадна а целата екипа се префрли во новоформираното студио Гибли на Мијазаки така што Кaze no tani no Naushika станува првото и најголемото дело на студиото Гибли.

Филмот е за оние кои се љубители на научната фантастика, Internet Movie Database (imdb.com) во 2007 го рангира на 29 место од топ 50 sci-fi филмови. Филмот е и за сите љубители на Дина(Dune) na Herbert Frank, oдносно истоимениот филм од 1984 г. Ама, само помалку, заради големите црви, кои потсеќаат на Ohmu-те од Наушика или обратно.

Приказната се базира на два лика - Принцезата која ги сакаше инсектите (јапонска приказна од 13.век) за јапонската принцеза која била позната по тоа што не се однесувала како сите девојки од тоа време и која чувала инсекти за домашни миленичиња. Истовремено, и на ликот на Nausikaa од Хомеровата Одисеја, која му помага на Одисеј да се врати дома.

Наушика на Мијазаки е мирољубива, но и одличен борец и пилот на беспогонско летало (mehve), со натприродна дарба да комуницира со инсекти. Приказната е пост-апокалиптична, поставена 1000 години после "Седумте денови на огнот", кога целата цивилизација е уништена, на земјата остануваат неколку народи, светот е прекриен со токсични езера и шуми од огромни токсични габи (Sea of Decay), со кои владеат огромни инсекти. Мене, лично, филмот многу ми се допадна, особено фактот дека Наушика буквално "kicks ass"!!! Girl power!!! LOL!!! Не, искрено, цело време имав впечаток дека филмот сум го гледала кога сум била дете, и дека како дете многу сум го сакала... можеби... но некако не верувам дека МТВ некогаш го давала...*Помош овде*

За да не бидам spoiler, нема да ви раскажам ништо од синопсисот. Еве еден добар линк и уште еден добар линк , ги има уште многу, ако не сте расположени да го гледате филмот. Ама ова морам да го кажам. Ако го барате филмот, најдете ја јапонската верзија, или новата американска од 2005 (иако не сум поборник на синхронизирани филмови).

New World Pictures презентираа филмот на американската јавност во 80-тите, арно ама, американците немаше да бидат самобендисани глупаци, ако не го искасапеа филмот, го скратија за пола саат (наводно кога летала Наушика и се гледал задникот!!! Наушика носи панталони низ цел филм!!!), ја прекрстија во Зандра (леле, ама клише!), го преименуваа филмот во "Warriors of the wind" (види постер) и го направија филмот бесмилен. А Мијазаки ги замолил фановите да го заборават филмот, и воведе "no-cut" клаузула за странските верзии на филмовите. Кога Harvey Weinstein сакал да го "сецне" Mononoke-hime, Студио Гибли му испрати оригинална катана, со порака "no cuts". In a samurai style!!!

10 април 2009

Mizu no kotoba

Заради должината на анимацијата, на YouTube е возможно да се најде во целост. Ова аниме беше прво arsty-anime за мене - ми остави силен впечаток и добив голема желба да ви го претставам.



Веднаш се гледа дека е скица за нешто поголемо, прототип за нешто прекрасно, and I like it - A LOT!!!

09 април 2009

Кратко но слатко

После долго време, конечно го откопав блогов. Имам доволно време да пишувам, и наместо да се посветувам на други луѓе, групи и страници, да решив да се посветам на мојата. Па еве со нешто што по после година и пол интензивно гледање аниме, ми остави неверојатен впечаток. На МАЛ, овој господин ми е меѓу омилените автори на аниме.

(Ова е се’ што најдов за него и тоа на Wikipedia, па само го преведов, со надеж дека ќе успеам да научам и нешто повеќе во иднина.)


Yoshiura Yasuhiro (吉浦 康裕 ) е јапонски сценарист и режисер на кратки анимирани филмво. Роден е 1980 во Hokkaido, а пораснал во Fukuoka. Дипломирал на Kyushu University's Faculty of Design (поранешен Kyushu Institute of Design) во 2003. По неговото преселување во Tokyo следува објавувањето на Pale Cocoon во 2006. Продукциската компанија наYoshiura го носи името Studio Rikka. Моментално излегува неговата кратка серија на OVA - Eve no Jikan, додека паралелно работи и на други проекти во аниме индрустријата. И во Eve no Jikan, и во Pale Cocoon, го позајмува гласот на некои споредни карактери.


Mizu no kotoba (Aquatic language) e 9 минутна кратка анимација од 2002 година., добитник на наградата "excellent work award" на Токискиот интернацинален аниме фестивал, заедно со ghost in the shell - stand alone complex. Дејството се одвива во еден кафе ресторан, кога меѓу вообичаените кафе-муабето ќе се случи нешто невообичаено.



Pale Cocoon е 23 минутна оригинална видео анимација од 2006 година. Тивка приказна за светот без континенти и океани, кој ја изгубил историјата, и се обидува да се потсети кој е и од каде доаѓа низ огромното море на неврзани податоци кои ги собира Одделот за Ископување на Архивите. Од мене 9-ка за тишината, и мечтите, и сеќавањето, и оптимизмот.


Eve no Jikan (Eve's time) e OVA составено од 6 епизоди и моментално на ДВД се издадени првите 3. (04 излегува во Мај, 05 во јули, а 06 во септември). Како вљубеник во роботиката и мека-сериите, мене ме воодушеви. Исак-Асимовска приказна за односот на луѓето и роботите, нормално со обавезните 3 закони на роботиката. Актерите уште еднаш се среќаваат во кафе-ресторан каде постои едно правило - не смеете да кажете нити да прашате дали сте човек или робот. И наеднаш, повеќе не постои правило - за пријателство, роднински врски, за љубов... Јас сум вљубена и едвај чекам нови изданија :))

Студио Рика е творец и на неколку музички спотови и сични кратки анимации. За сите е карактеристична заматената атмосфера, анимацијата помешана со 3Д графика, амбиенталната музика, впечаток дека сте дел од нечиј сон. Во секој случај, ваквите кратки анимации се совршено освежување помеѓу епизодните клишеа на Bleach, D.Gray-man, Naruto....