Вчера се потсетив зошто го засакав анимето воопшто. Се потсетив дека како дете чекав да почне оваа серија на телевизија, за чудо, се сеќавав на се’ - MACROSS!!! Кај нас го носеше името Роботека (тоа е американската верзија, адаптација и преработка на оригиналниот Макрос - кај нас беше давана таа верзија). Сеедно - ми стана јасно, зошто од секогаш сум сакала military, sci-fi, giant robot stuff анимеа. МАКРОС!!!
Серијата започнува со нејзино емитување во Јапонија во 1982-3 година. Сеуште е популарна и сеуште се снимаат продолженија. Во чест на 25 годишницата од првото издание, во 2007 излезе пилот епизода, а во 2008 и цела ТВ серија - Macross Frontier (првично замислена како Macross 25).
Оваа навистина голема франчиза опфаќа 3 серии, 3 филмови, 2 манга едиции, 6 OVA серијали, и 5 видео игри, што за компјутер што за Play Station.
Хронологијата е следнава
1. Во 1982 до 1983 година во Јапонија излегува The Super Dimension Fortress Macross, како ТВ серија од 36 епизоди, со хронологија на настани од 2009-2012 година (во Америја поод наслов Macross Robotech Saga запошнува да се емитува 1985)
2. Во 1984 излегува филмот The Super Dimension Fortress Macross: Do You Remember Love? со алтернативен крај на серијата,од 2-ра до 27-та епизода и хронологија од 2031
3. 1987 излегува ОVA - The Super Dimension Fortress Macross: Flash Back 2012, како епилог на филмот за „совршено издание“ - хронологија од 2012
4. За 10-годишнината на Macross излегува The Super Dimension Fortress Macross II: Lovers, Again - 6 епизодна OVA, како континурана паралелна реалност - хронологија од 2089
5. Macross Plus започнува во 1994-1995, како споредна приказна раскажана низ 4 OVA, која продолжува онаму каде завршува оригиналната приказана, со хронологија од 2040.
6. Серијалот продолжува со Macross 7, во 49 епизоди во 1994-1995, со хронологија од 2045-46 година.
7. Нормално, следуваат филмски верзии Macross Plus: Movie Edition, во 1995 и хронологија 2040, како алтернативна серија со додадени сцени.
8. Истата 1995 излегува и филмската верзија на Macross 7 the Movie: The Galaxy is calling me, хронологија 2045-46, како резиме на серијата
9. 1995 излегува и 3-епизодната OVA - Macross 7: Encore, како дополнителни епизоди на серијата, со иста хронологија
10. 1997-1998 е 15 годишница, па нова серија, т.е. OVA од 4 епизоди Macross Dynamite 7, за наредната 2047
11. 2002-2004 на 20 годишницата, започнува со прикажување 4-епизодната OVA, Macross Zero, како prequel на оригиналниот Macross, односно со хронологија на настани од 2008
12. 2007 - излегува пилот епизодата на Мacross Frontier - Deculture Edition, во чест на 25-годишницата на серијалот. Овојпат дејствието се одвива во 2059.
13. 2008 - успешниот пилот, значи и успешна серија од 25 епизоди - Macross Frontier, со дејствие од 2059.
14. За 2009 е најавен филмот, двочасовна верзија на серијата Macross Frontier Movie Edition.
Можеби за 30 години ќе гледаме и нова серија. Којзнае, се надевам. Јас сум спремна, екстерниот хард е полн (додуша Zero и Frontier се во мојата листа на completed anime), и среќна продолжувам од почетокот, повторно.
Само уште една кратка тривијалност. Името на серијалот требало да е Battle City Megaload, бидејќи во јапонскиот би звучело и како Megaroad, па насловот би има двојно значење - на градот кој го носи во себе и на патот пред себе. Но спонзорите, како фанови на Шекспир (???) инсистирале да го носи името Macbeth. Како компромис се дошло до Macross - како макро (големо) и како далечината што треба да ја поминат (cross). Како и да е Мacross e епик-серијал, веќе и дефиниран како anime classic. I'm REALLY looking forward to it...Oтидов да гледам аниме!!!!!
0 коментари:
Објави коментар