Зошто во основа гледаме аниме?
Се цитирам себеси, од пред година дена....
.... или едноставно - за чиста, незаборавна, неверојатна >>ЗАБАВА<< !!
Неверојатно, но вистинитно, јас сеуште гледам аниме заради тоа - чиста Забава! Можеби ми се под-истенчил вкусот и не лепам толку 10-ки на анимеата и толку! I'm having FUN!!!
Во моментот на гледање на првата епизода на ова аниме - Sengoku Basara, јас бев во делириум од смеење. Прво и основно, толку е очигледно дека е направено по игра... ликовите имаат свои карактеристични напади во различни бои, (демек се тепаат нешто црвениот и плавиот)... нинџите се појавуваат од нигде-никаде... едниот главен лик уфрлува англиски зборови кога напаѓаат, како Let's go guys, другиот ентузијастички прима удари од неговиот oyakata-sama (буквално-господар) ... жената-нинџа е практично гола, и нормално, паѓа во „љубовен занес“... Леле, навистина незнам од каде да почнам, каде да завршам...
Кога се оценува некое аниме на МАЛ, најниската оценка е (1) - unwatchable. Според мене такво нешто не постои, тоа само зависи од расположението и ставот на гледачот. За (2) - horrible - не сум приврзаник ни на оваа оценка, ако е вака дефинирана... во секое аниме се наоѓа по нешто, инаку воопшто не би ни гледала аниме. Значи почнувам со (3) - very bad. И тоа е оценката овде, само што доби 3 плуса и еден голем минус-

- (+) за seiyuu ангажирале фантастични артисти - прво и основно ги имате Ichigo(Bleach) и Mugen(Samurai Champloo) еден против друг, а плус еден од главните фаци e Ed Elrick(Fullmetal Alchemist) - и уште многу закон гласови!
- (+) за сцените на пејзажите и традиционална Јапонија од тој период, за сцените на дуелите или масовните сцени на борба, одлични се, за рачно нацртани аниме (добро, не комплетно, но очигледно е дека нема некои драстични употреби на компјутерска анимација)
- (+) многу битно за мене, за одличната seinen смисла за хумор, ликовите се стереотипни до екстреми, хуморот во цртежот е типично стриповски, pure fun - so, thumbs up!
- (-) за приказната - супер е идејата за прикажување на фантастична верзија на Sengoku периодот (периодот на завојуваните држави), но не ми се допаѓа идејата на давање натприродни моќи на историски битни личности на Јапонија, како Oda Nobunaga, или главните протагонисти, реални daimyo од тоа време - Date Masamune и Sanada Yukimura. Не ми се допаѓа кога историјата на некој начин се исмејува, заради некои западни стандарди на забава. Ако го исклучам овој факт, може и понешто да научам за јапонската историја, со чепкањево по Wikipedia.
Сепак и’ давам шанса на серијава, ако не заради приказна, тогаш заради забавата. Се надевам нема да ме разочара, па отпимистички и дадов 6-ка, што веројатно не ни заслужува. Ама и онака сум вообичаено великодушна.
3 коментари:
Леј човече колку си продуктивна на блогов, супер.
На едно седнување се изначитав постови :)
Замисли на јапан.мк сите евтори да беа вакви, :О
30 луѓе, па секој ден ќе имаше по дваесетина поста :)) немреш боливит
јас ќе ти велев тргни ја кепчава, а ти дури и ги модерираш коментарите :)))
опасна си значи :*
Не сум ни приметила дека сум оставила comment moderation :))) Тоа од пред една година, кога се плашев од критики, пред да сфатам дека ова си го правам за моја душа, така да... пиши коментари слободно :)))
Објави коментар