Омилени анимеа

Осврти и мислење за популарните и не-толку-популарните анимеа

Омилени манги

Осврти и мислење за популарните и не-толку-популарните манги

Топ листи

Годишни осврти на најдобрите манги и анимеа

Кратки анимации

Видео од кратки но слатки уживања

Музика во анимеата

Фантастичките почетни или завршни музички теми

11 декември 2010

Long time no see

Не сум напишала одамна ништо.
Размислував да го променам дизајнот и концептот на блогот, можеби еден ден ќе успеам и во тоа, но во суштина не сум гледала одамна ништо.
Лажам...

Во суштина сум погледнала неколку епизоди од различни анимеа, ама не сум изгледала ништо.
Мојата листа на аниме кои ми се започнати, расте по стрмна нагорна линија. Дури и MAL го забаталив, за да не ме фаќа паника од што се’ треба да завршам со гледање.
Последниве неколку месеци ја затурив мојата „ненаситност од аниме“, и се посветив на „живите“ ликови од американските телевизиски серии. Да не набројувам сега, ама скоро да компензирав за сето време што досега го посветив на анимираните јапонски серии.
И со сите промени во мојот живот, малку повеќе се посветив на готвењето, особено во вештината и различните вкусови на мафините (можеби наскоро ќе започнам со пишување и на таков еден блог, едноставно од вишок време и само моментално пригушената желба да прибележувам се’.)

Сепак, од време на време, го отварам фолдерот со аниме на екстерниот диск наместо да буричкам по куповите дивидија - така ми е најлесно - постојано достапен и од двата компјутери. Насловите кои ги чепнав и за кои се надевам наскоро ќе успеам да напишам и стандарното краток осврт, а кои во меѓувреме ги препорачувам како не популарни и скоро непознати: Master Keaton, Skullman и FLAG.
И покрај мојата моментална доследност на „трендот“ на следење на моментално популарните американски ТВ серии, стојам зад мојата максима бар кога станува збор за аниме: Бидете авантуристи и дозволете си да најдете нешто различно од Bleach, без оглед дали имате со кога да го споделите тоа. Едноставно, аниме светот е навистина богат. И ако еднаш сте влегле во него, тешко дека ќе го напуштите засекогаш.