Омилени анимеа

Осврти и мислење за популарните и не-толку-популарните анимеа

Омилени манги

Осврти и мислење за популарните и не-толку-популарните манги

Топ листи

Годишни осврти на најдобрите манги и анимеа

Кратки анимации

Видео од кратки но слатки уживања

Музика во анимеата

Фантастичките почетни или завршни музички теми

29 август 2009

Социјални предвидувања - ttly random stuff

Следствено на моето расположение...и фактот што многу гледам аниме, па на памет ми дојде следново. Што ли е со Јапонците и предвидувањата? Што е тоа што ги тера да фантазираат во стилот на Жил Верн? Зошто сите овие приказни со технички, општествени, социјални предвидувања за иднината? Не само на база на искуствата од минатото или познавањата на меѓучовечките односи. Не зборувам за оние моментално нереални приказни за други и паралелни светови, за измислени држави и светови, за вонземјани и џиновски роботи. Ниту зборувам за развојот на случувањата во приказната како варијанта. Зборувам за (црните) мисли на Јапонските манга и аниме автори за тоа каде води светот, односно која е иднината на Јапонија конкретно. Страв ли е, или желба?

  • Selecao шаховските игри во Higashi no Eden, претпоставките како ќе реагира светот на вашите акции, како ќе реагираат вашите соперници, и вие самите, како ќе го спасите. Или претпоставките за социјалната иднина на младите, NEET-овци, cyber генијалци, „социјални зомбија“. Претпоставките за најблиската иднина, за утрешниот ден.

  • The Book of Prophecies во 20 Century boys, комплетната детска фантазија во една книга: како да владее и како да се спаси светот, колку да се верува во пропишаните норми за она што е правилно и добро, и колку е Вистина вистината на победникот. ESP предвидувања кои гледаат 50 години нанапред во политичкото уредување на светот.

  • Комплетната замисла на Shangri-la: Трендовите на денешницата, екстремно декадентно развиени - карбон валута и ограничување на потрошувачката на CO2, транссексуализам како секојдневие (важејќи за двата пола), деца со натпросечна интелегенција кои владеат со светските берзи преку неверојатни хакерски вештини... една варијанта на тоа како би можел да изгледа светот после повеќе од пола век.

  • Велам, моето расположение... бидејќи еден аниме зависник од забава, не би размислувал толку конкретно за еден небитен детал.

    25 август 2009

    Моќ, Политика, Религија - Спасител и Рај на Истокот

    Доста беше аниме пост, back in critical action ;)

    И од кај да се почне... Веројатно најдобро од секојдневието, барем моето онака обично, веќе помалку NEET-овско (а.к.а. social zombie!). Желбата да се пронајде херој, или да се обвини некого за својата безперспективна иднина. Да се уништи бескруполозно она што ве повредило или да се продолжи да се биде жртва, предадена од преметот на вашата борба. Да се побегне од реалноста во дигиталниот свет или да се живее со надеж за спас на светот надвор. Да се бунтува против конформизмот на денешницата или да се верува во човештвото и неговата иднина. Секако, оние што го гледале Higashi no Eden, не се збунија од овој вовед. Навистина, покрај сите оние lovey-dovey shoujo и сите kick-ass shounen anime-a и сите адаптации на игри што излегоа во оваа година, конечно нешто оригинално што привлекува внимание. Оригинално, само во смисол на различно од горе-наведеното,но доволно да ве задржи пред мониторот.

    Уште една приказна за херој во еден од нас, херој во секој обичен, доволно интелегентен, доволно визионер, доволно самоуверен и доволно оптимист - без супер-моќи, роботизирано оружје или натприродни и нереални сојузници. Уште една приказна за спас или доминација на светот, или Јапонија. Уште една игра на опстанок „а-ла-Battle Royale“ и победа на најдобриот, најоригиналниот, највештиот. Уште една приказна тесно поврзана за социјалниот статус и проблемите на младите Јапонци. Уште една приказна за играта на случајности. Уште една (не)реална приказна за пријателството и љубовта. Земете било која тема од овие одделно и ништо особено. Ставете ги сите на куп и добивате одлично аниме, кое дефинитивно заслужува продолжение, па нека биде тоа и во вид на филмови. Навистина, 11 епизоди беа само доволни за вовед, да ви стане интересно и да сакате уште.

    Кога го гледав трејлерот ме привлече уште од старт, и го ставив во plan-to-watch листата. Но, кога почна да се емитува... Хм, гледајќи ги оценките, помислив, мора да е too-hyped. И почекав малку, за повторно да ме возбуди. Но, искрено не ме возбуди премногу. Ама ми се допадна: ликовите - многу симпатични, главните добро обработени, споредните доволно дополнувачки; приказната - со интересен почеток, интересен тек, интересна кулминација, забавна и воопшто не-напорна; хуморот - па, ве држи во текот на целата серија, очигледен и оптимистички, ништо прикриено и саркастично; цртежот - симпатични едноставни лица, од една страна, детално векторизирани позадини, внимателно обработени, од друга; а музиката - искрено, ме изненади OP theme-от од Oasis, но не значи дека не ми се допадна, а ED-от беше графички фантастичен, иако музиката, како и целиот soundtrack, не беше нешто посебно.

    Но, најинтересни ми беа сите оние очигледни, но донекаде и скриени метафори: Светот е зафркнат, треба да се најде Спасителот, меѓу 12 избрани; со „обврска на оние што имаат“ (noblesse oblige) и со помош од консиерж - Juiz (Судија), од Земјата на Изгрејсонцето да го направат Рајот. И мотото: The abuse of greatness is when it disjoints remorse from power! Edit: Ќе се направам паметна во моментот и ќе кажам дека го открив Шекспировиот Цезар, повторно :)

    И на крај, не беше hyped, навистина многу добро аниме. Едвај чекам до филмот,да ја видам борбата за Рајот на принцот во земја без крал ;)

    I saw you in Heaven
    and heard of your glory
    You saved our world from the fallen angels
    I saw Messiah standing,
    Standing before me with no words
    Nothing but “Hope”.
    When we lost dread, a Demon was laughing
    But now you are showing us wonder
    Giving your love
    With awe, down on my knees again
    I’ve got to know you’re the one,
    The only one reveals the world
    The king has come to lighten up your feet
    The king has come! With justice till the end
    The king has come! To save us from the dark
    Who could ever doubt? We have faith
    Let me walk with you when I'm lost in the wild
    I know you always lead me to another Eden
    LEt me bless your name, O Lord, O Lord
    Your words will never fade away
    Since we believe you're the light on Earth
    Reveals the world

    6 август 2009

    Bam!



    Ова ме насмеа сабајлево.
    You Vagabond fans catch the pun probably :))


    Ај, ветувам нема да гњавам повеќе со мангава :)

    5 август 2009

    The Great Escape

    The Great Escape


    "Only the guys who believe they'll live will survive" <- убедувањата на 10-годишно момче

    "Real life tends not to go the way you want" <- искуствата на 50-годишен човек

    Се’ поинтересно ^^

    4 август 2009

    Алхемија и концепт на еквивалентна размена

    Get up, walk ahead... you have your legs

    За да добиеш нешто, треба да се откажеш од нешто друго со иста вредност. (Не)среќно меѓу првите анимеа што сум ги гледала Fullmetal Alchemist ми остави неверојатен впечаток. Да се врати нешто што е изгубено, но да се изгуби нешто што еднакво важно. И забранетата човечка трансмутација - од куп органски и неоргански материјали, парче тело и душа, да се направи нов/стар човек. Така мрачно почна анимето, што ме остави вкопана во столица, посебно кога сфатив дека не е со незнам каква озбилна тематика, напорна за мозок, и дека е полно со хумор. Едноствано, забавно, но екстремно блиско до моите сфаќања на светот. Основниот принцип на алхемијата, концептот на еквивалентна размена (не ме сфаќајте погрешно, не мора баш во се’ буквално да се примени) концептот на сфаќање, расклопување и повторно креирање.

    Hagane no Renkinjutsushi (鋼の錬金術師) е приказна за браќата Elric - Edward и Alphonse, кои ја изгубиле својата мајка во епидемија, па во желба да ја вратат, ја прават таа забранета човечка трансмутација. Во неа, Al го губи целото тело, а Ed за да го спаси, му ја „врзува“ душата за голем рицарски оклоп, и при тоа ги губи едната рака и нога. Прогонувани од она што го направиле, а во желба да си ги вратат телата, тргнуваат во потрага по каменот на мудроста, Al со неговата душа во големиот оклоп, а Ed со челична рака и нога и моќ да прави трансмутации без алхемичарскиот круг. Поради своите таленти, Ed е регрутиран од Државните Алхемичари, во суштина војската на државата, и двајцата заедно тргнуваат на патешесетвие за вистината на светот и постоењето.
    Fullmetal Alchemist e цела огромна франчиза. Во прв план е мангата која почна да се издава во 2001 досега има 22 тома и сеуште се црта и издава. Мангата, без оглед на вредноста, уметничка или било каква, е неверојатно популарна, со изданија на повеќе јазици и интереснo контраверзни и различни сцени, на пример помеѓу јапонската и англиската верзија.
    Покрај сите оние ситни додатоци, specials & OVAs, оригиналната прва серија од 2003-та, е навистина доживување. Некаде во првата четвртина на приказната, мангата и ова аниме се разделуваат во завршеток со филмот Conqueror of Shamballa. Според мене, е еден дополнителен, екстра голем плус. Да се прераскаже така, да не се изгуби главната нишка, но да се добие токму оној ефект на паралелна димензија.

    Новата серија Fullmetal Alchemist: Brotherhood, која моментално се емитува, е исто нешто одлично. Веродостојно ја следи приказната на мангата, со помек цртеж, во кој се насетува „стриповското“ потекло, со поразредено доловување на ликовите и со поголема доза на хумор во однос на нејзината алтернатива. Ако сте се заљубиле во првата серија, и оваа ќе ви биде скоро на исто ниво. Посебно ликовите како Ed и Al, Maes Hughs, Roy Mustang, Хомункулите... still amongst the favs ^_^
    На крај, навистина концепт на (еквивалентна) размена. Трошите време за забава. Ама сепак моето време беше вредно.

    2 август 2009

    20 Century Boy(s)



    Cool песничка, со сеуште заразни рифови и скоро бессмилен текст :)) Некако така личи и почетокот на едно од оние чудни, нацртани нешта наречени манга. Замислете дека сте дете во 70-тите, во случајов во Јапонија и овој револуционерен дух ви ја разбуди фантазијата дека еден ден вие и вашата гитара ќе бидете спасувач на светот.

    Ја сум сеуште на почетокот, со прочитани 5 од 22 вол. на мангата 20 Century Boys. Но, многу ми се допаѓа, прво заради фактот што нема аниме по истиот наслов и едноставно можете сами да си ги замислувате гласовите, изразите на лицата, движењата на јунаците (иако се одлично прикажани во мангата). Второ, зашто авторот сеуште добро се сеќава на детските наивни игри: фантазиите за борба со огромни роботи со ласери и херојските акции на јунаците пред крајот на светот. Се надевам дека ќе бидам доволно трпелива да ја дочитам до крај, или пак, дека мангата ќе ја задржи свежината се’ до последната глава. А навистина, за мене е нешто навистина свежо, и во начинот на раскажување, и во уникатните ликови, и во хуморот.