11 април 2009 г.

Nausicaa of the valley of the wind

Пoстирано на poljaff.blog.com.mk на 09.02.2008

Животното дело на Miyazaki Nausicaa" of the Vаlley of the Wind (風の谷のナウシカ, Кaze no tani no Naushika) започна како манга под истото име. Во 1984 година Светскиот фонд за природа му го презентираше на светот филмот на компанијата за анимација Topcraft. Всушност, таа компанија иако зад себе ги имаше делата како Hobbit, the Lаst Unicorn (мислам дека се сеќавате на овој цртан), набрзо пропадна а целата екипа се префрли во новоформираното студио Гибли на Мијазаки така што Кaze no tani no Naushika станува првото и најголемото дело на студиото Гибли.

Филмот е за оние кои се љубители на научната фантастика, Internet Movie Database (imdb.com) во 2007 го рангира на 29 место од топ 50 sci-fi филмови. Филмот е и за сите љубители на Дина(Dune) na Herbert Frank, oдносно истоимениот филм од 1984 г. Ама, само помалку, заради големите црви, кои потсеќаат на Ohmu-те од Наушика или обратно.

Приказната се базира на два лика - Принцезата која ги сакаше инсектите (јапонска приказна од 13.век) за јапонската принцеза која била позната по тоа што не се однесувала како сите девојки од тоа време и која чувала инсекти за домашни миленичиња. Истовремено, и на ликот на Nausikaa од Хомеровата Одисеја, која му помага на Одисеј да се врати дома.

Наушика на Мијазаки е мирољубива, но и одличен борец и пилот на беспогонско летало (mehve), со натприродна дарба да комуницира со инсекти. Приказната е пост-апокалиптична, поставена 1000 години после "Седумте денови на огнот", кога целата цивилизација е уништена, на земјата остануваат неколку народи, светот е прекриен со токсични езера и шуми од огромни токсични габи (Sea of Decay), со кои владеат огромни инсекти. Мене, лично, филмот многу ми се допадна, особено фактот дека Наушика буквално "kicks ass"!!! Girl power!!! LOL!!! Не, искрено, цело време имав впечаток дека филмот сум го гледала кога сум била дете, и дека како дете многу сум го сакала... можеби... но некако не верувам дека МТВ некогаш го давала...*Помош овде*

За да не бидам spoiler, нема да ви раскажам ништо од синопсисот. Еве еден добар линк и уште еден добар линк , ги има уште многу, ако не сте расположени да го гледате филмот. Ама ова морам да го кажам. Ако го барате филмот, најдете ја јапонската верзија, или новата американска од 2005 (иако не сум поборник на синхронизирани филмови).

New World Pictures презентираа филмот на американската јавност во 80-тите, арно ама, американците немаше да бидат самобендисани глупаци, ако не го искасапеа филмот, го скратија за пола саат (наводно кога летала Наушика и се гледал задникот!!! Наушика носи панталони низ цел филм!!!), ја прекрстија во Зандра (леле, ама клише!), го преименуваа филмот во "Warriors of the wind" (види постер) и го направија филмот бесмилен. А Мијазаки ги замолил фановите да го заборават филмот, и воведе "no-cut" клаузула за странските верзии на филмовите. Кога Harvey Weinstein сакал да го "сецне" Mononoke-hime, Студио Гибли му испрати оригинална катана, со порака "no cuts". In a samurai style!!!

0 коментари: