25 април 2009 г.

Fantastic Children - интро


Во моментот на пишување на постов, стигната сум до 16-та од 26 епизоди, оттука она „интро“ во насловот.

Се сеќавате ли на Village of the damned? Кога ќе се испородат деца со бели коси во едно селце во Америка, со чудни манири на возрасни и страшно, страшно зли? Кога прв пат го видов постерот и прочитав набрзина што се случува во Fantastic Children, помислив на овој филм. За среќа, нема абсолутно никаква врска.

Годината на случување е 2012 на Земјата кога конечно ќе се реши мистеријата на „Децата од Befort“ (измислено село во Белгија), кои се појавуваат низ различни места во Европа, секои 11 години, во последните 500 години. Веднаш знаете дека приказната можеби не е уникатна, но ќе биде навистина добра.
Навистина сакам sci-fi приказна која расте. Нека има и враќање назад, и скокање напред, ама да има правец. Од првата, потполно збунувачка епизода, кога не ви е јасно што има врска сега Конрад Рендген со анимево, до 15-тата кога почнуваат пополека да се разјаснуваат работите, и кога ќе ја видите и втората, приказната во приказната, со светлосни години подалечна и поинаква. Тоа е драма во фантазија во научна фантастика...
Анимето не е впечатливо по цртеж, ликовите се премногу едноставно нацртани, со премногу нагласени диференцијални карактеристики, но послушајте ме и не дозволувајте тоа да ве одвлечи од приказната. Кога издржав да ја прегледам петтата епизода веќе ми беше навистина привлечно анимево.
Потоа се зачитав по интернет, како што и обично правам за скоро секое аниме што го гледам, и открив дека авторот Nakamura Takashi, кој е комплетен автор на ова аниме, е режисер и на насловите A tree of Palme (филм кој беше во официјална конкуренција на Берлинскиот филмски фестивал), background artist на Akira (филмот од 1988) и key-animator на наслови како Nausicaa of the valley of the wind. (веќе презентирано на овој блог). И кога се потсетив на A tree of Palme, ми стана јасно каде сум го видела ликот на Helga (главниот женски лик е идентичен во двете анимеа).
Кога читате на recommendations на MAL... искрено, од опишаниве анимеа, не ме потсети на ниедно од нив. Можеби сепак на крај приказната ќе испадне уникатна. Ќе видиме до крај...

0 коментари: