26 април 2009 г.

Weird or Wired

Во Јапонија не е чудно еден проект да биде замислен како мултимедијален, не само како аниме, манга или видео игра. Таков е случајот со Serial Experiments Lain - во една иста 1998 година излегува игра за PlayStation, аниме од 13 епизоди и doujinshi (манга или новела, кое ја објавува и финансира самиот автор) The nightmare of fabrication во рамките на artbook-от (книга со концептуални скици од сцени од анимето) Omnipresence in the Wired.
Бидејќи немам можност да ја погледнам играта, можам само накратко да ја опишам од она што прочитав. Оригиналното сценарио, првата замисла за Lain е играта, иако е последно издание на франчизата. До денес не е квалифицирана во ниту еден жанр, а самите автори ја нарекуваат "Psycho-Stretch-Ware" (w/e the hell that means ) или графичка новела. Во неа собирате потполно random информации за Lain, кои треба да ги организирате во приказна, со цел да ја „почувствувате“ и сфатите Lain. (a-ha... so that's what they meant.). Некако очекувано е дека само малкумина останаа заинтересирани да ја играат играта, и тоа само оние кои го засакале анимето. Познавајќи го гејминг светот, очекувано нормално, поради игривоста или недостатокот од неа.
The nightmare of fabrication е манга во колор од 18 страници, нацртана од истиот автор Abe Yoshitoshi, но навистина интересна, и доволно интригантна за да го погледнете анимето (ако сте како мене, на пример). Интересно е дека приказната е потполно независна, и нема никаква врска со онаа на анимето или PS играта. Мрачна, помалку хорор, помалку научна фантастика, а најмногу присхолошка.

Епа, после вакво „влечење“ на погледот, следува и гледање на анимето...
Наскоро од poljaff ^^

2 коментари:

Psycho-Stretch-Ware is my (new) middle name :)
Шала на страна , една од подобрите забеготини , али ако се напнеш моеш да најдеш некоја дубина (which reminds me - ја забораив што најдов :)))
И One-Shot-от е супер.

Јас сепак би сакала да ја пробам играта, пошто и така не сум типичен гејмер, wanna feel the presence of weirdness :)))