

Манга (漫画, Manga) е јапонски збор за стрип. И исто така битно, освен кориците на стрипот, цртежите се најчесто црно-бели, а текстот се чита од десно на лево. Денес во останатиот дел од светот, е поим за сите стрипови кои потекнуваат од Јапонија.
Аниме (アニメ, Anime) се однесува на стилот на анимација кој потекнува од Јапонија. Аниме-то најчесто се емитува на ТВ или се продава на DVD после нивното емитување или директно како оригинална видео анимација (OVA - original video animation, ). Понекогаш и игрите наменети за компјутер или за разните гејмерски конзоли содржат делови или сцени кои би можеле да се окарактеризираат како аниме (попознати како синематици, ако некој не е упатен).
Еден мал дел од сите манга стрипови се адаптира во аниме (оној кој заслужил по оригиналност, приказна и начин на цртање, кој едноставно, често во соработка со оригиналниот автор на манга-та. На ист начин се развиваат и компјутерски игри (за жал најмногу за конзоли, многу, многу ретко за PC).
Кон популарните аниме наслови често се приклучуваат и долгометражни цртани филмови (кои добиваат делови, како што добива Роки, Терминатор, или Умри машки, негокаш и дури 13 дела во случајот со Dragonball), а понекогаш и играни филмови и телевизиски програми (некои, случајно, се навистина добри).
0 коментари:
Објави коментар