Омилени анимеа

Осврти и мислење за популарните и не-толку-популарните анимеа

Омилени манги

Осврти и мислење за популарните и не-толку-популарните манги

Топ листи

Годишни осврти на најдобрите манги и анимеа

Кратки анимации

Видео од кратки но слатки уживања

Музика во анимеата

Фантастичките почетни или завршни музички теми

25 септември 2012

Моето враќање кон мангата - Mango app

Најтешко ми е читањето онлајн или на компјутер. Но, откако „препекав“, а на крај и се стекнав со „паметен телефон“ првата апликација што ја инсталирав беше Mango (тогашната верзија се нарекуваше Pocket Manga)
Набрзина прочитав пар постови и форуми и ја одбрав од неколкуте понудени опции. Засега, немам намера да ја заменам со друга.

Mango е бесплатна апликација за Андроид и Блекбери, која овозможува читање на манга онлајн преку вашата 3G или WiFi конекција на еден од 9-те понудени сајтови (од кои еден на шпански) кои хостираат манга сканлации, како што се MangaFox, MangaHere, AnimeA и MangaReader. Со тоа ви овозможува пристап до над 9.000 наслови, меѓу кои сигурно се и некои од вашите фаворити. Mango ви нуди страниците да ги читате онлајн или да ги снимите во вашата библиотека и да ги читате на пауза, додека патувате или додека чекате. Со оглед на тоа дека на мојот телефон ја имам само WiFi опцијата за интернет, офлајн верзијата на читање ме освои, посебно како лесна варијанта за читање при долгите возења со автобус до работа.

snapshot - овите се позајмени од Google Play, затоа е целата нарутардеснес.
Кај мене ќе ги сретните Priest, Claymore, Vinland Saga, па и Noblesse (засега)


Апликацијата нуди повеќе опции кои го прават читањето на мал екран многу пријатно, посебно за некој како мене што го се уште го преферира мирисот на хартијата. Може да го подесувате правецот на читање, ориентацијата на екранот, брзината на лоадирање на страниците, на прелистување, на зумирање, начинот на кој зумирате и вртите страници и уште мноштво други.
Онлајн читањето ви дава опција за додавање на омилена манга, со што се прати напредокот на читањето, а исто така  одлична опција е следењето на нови епизоди од мангата која ја читате онлајн или офлајн. Даунлоадирањето може да го наместите и на поголем број на епизоди и може да го обновите доколку се сруши апликацијата или заспие телефонот.
Е, единствено е релативно често рушењето на апликацијата, но тоа практично никогаш не се случува при читање, а девелоперите често ги средуваат баговите кои се јавуваат со нови апдејти.

Овој нов фан на Mango, а стар фан на манга, кој само неколку месеци користи Андроид е апсолутно пресреќен кога си легнува в кревет со паметното телефонче и си ги чита омилените sci-fi и акциони манги.

* Рандом факт. последната верзија се вика Rukia, иконата е Kamina (претходната верзија беа Orihime и L), а позадината се менува Naruto, D.Gray-man и SoulEater *

Секако, како што порачуваат и програмерите од Leetsoft, секогаш кога сте во можност купувајте ги оригиналните книги, со што ги поддржувате авторите и понатаму да пишуваат. А и сигурна сум дека и вие мислите, испечатената, квалитетна и мирисна верзија од омилената манга е не може да биде заменета од било кој екран.