Омилени анимеа

Осврти и мислење за популарните и не-толку-популарните анимеа

Омилени манги

Осврти и мислење за популарните и не-толку-популарните манги

Топ листи

Годишни осврти на најдобрите манги и анимеа

Кратки анимации

Видео од кратки но слатки уживања

Музика во анимеата

Фантастичките почетни или завршни музички теми

28 декември 2012

Полжаф манга листа за 2012, дел 2.

(продолжува од дел 1.)

11. Claymore е манга која има аниме, но анимето застанува со аркот за Пиета, а мангата продолжува уште и уште и уште трае. Kога станува збор за гледање аниме, да се разбереме, aнимето е едно од оние кои се референтни. А бидејќи приказната не завршува во него, нормално дека мангата би ми била интересна за читање. Ја почнав уште пред години, па сега ја пречитував од почеток. На кратко, во средновековен свет, единствен спас од демоните кои јадат луѓе, се жените воини „вештиците со сребрени очи“ и сребрени коси,  кои носат мечеви клејмор. Приказната започнува со Клер, која го носи најголемиот број, односно е најслабиот клејмор. Нормално, нашиот underdog е најголемиот херој и главниот јунак на приказната. И толку од спојлери од мене. На почеток е тешко да преминете преку едноличноста на ликовите, посебно што нервира фактот што покрај различните специјални способности на девојките, различни им се единствено фризурите. Практично нема ни дистинкција меѓу мажите и жените. Но, варијациите на способностите и облиците на демоните се очигледно бесконечни. Приказната патува низ времето, објаснувајќи го потеклото и на клејморите и на јома демоните. Акција, мистерија, мечеви, супер моќи, драма, емоции, врски и пријателства... што друго да посакате за забава?

Жанрови: акција, авантура, хорор, фантазија, шонен
Книги: 23 / Поглавја: 133 (досега)
Статус: Се’ уште се објавува (Започна со издавање: 2001)
Автор: Yagi, Norihiro
Серијализација: Jump SQ
Baka Updates: 8.90 / 10.0 /// Manga Helpers: 4.7 / 5.0 /// MAL: 8.74/10.0
Моја оценка 9.0/10.0 Образложение: зашто не е фантастична, но е повеќе од одлична

12. Кога станува збор за Naver, едно од популарните webcomic изданија преведувана на сајтовите за читање манга е Noblesse. Како „вампирска“ манва некако не ме привлече веднаш, ама сепак ја почнав. Навистина е лесна за читање, и споро напредува, симпатично и лесно раскажувајќи ја приказната и напредувајќи логично низ арковите. Како што веќе спомнав станува збор за свет во кој вампирите и врколаците постојат, хиерархиски распоредени во кланови на благодарници, како заштитници на луѓето. Од друга страна, се организациите на луѓето, алчни за бессмртност и супермоќи. Има мноштво главни ликови, обични средношколци, модифицирани луѓе, бессмртни благодордници и исто толку антагонисти. Но, за жал, не се премногу анализирани и детализирани. Манвата до сега има 4 аркови, и така се поделени и книгите кои почнаа да излегуваат благодарејќи на популарноста. Цртежот е доста типичен за западните стрипови, со елеганцијата на долгите, истенчени стави на ликовите типични за мангата. Дигитален и во боја, со многу убави лица и тела (за среќни очи). Дури и како типичен западен стрип, се чита од лево на десно, обратно од мангата. Но, сепак, лесен и доволно интересен за да не го оставам и после речиси 270 поглавја.

Жанрови: акција, авантура, комедија, хорор, школо, шонен, супермоќи
Книги: 6 (колку што јас сум видела, и тоа по три за првиот и вториот арк/сезона) / Поглавја: 263 (досега) 
Статус: Се’ уште се објавува (Започна со издавање: 2007)
Автори: Son, Jae-Ho (Приказна), Lee, Gwang-Su (Цртеж)
Серијализација: Naver
Baka Updates: 9.10 / 10.0 /// Manga Helpers: 4.6 / 5.0 /// MAL: 8.74/10.0
Моја оценка 9.0/10.0 Образложение: не е ништо посебно, ама многу е лесна за следење и читање

13. Наеднаш нешто екстремно ретро. Five Star Monogatari e мнооогу ретро цртеж, многу ретро приказна. Цртежот е многу класичен, типичен за 80-тите, со многу долгокоси феминизирани машки ликови, од типот на Сент Сеија. Приказната, ликовите, световите, меката, сето е поединечно и детално објаснето на крајот од секоја книга.  Во основа, како и во секоја спејс опера, во епски димензии се раскажува за завојувани светови на различни планети нивните владетели и војски и воените и политичките стратегии. Војните се водени од витези во мека оклопи со кои ракуваат девојки клонови со вештачка интелегенција, создадени со таа единствена цел - да управуваат со меката. Девојките се ретки, особено убави и многу скапи, па дури и војни се водат за нив. Тој донекаде шовинистички момент, карактеристичен за покласичните манги, малку ме одбива, но тоа не значи дека самата манга е одбивна. Напротив, цртежот е убав, без големи позадински детали, а приказната е забавна и на епската димензија и е додадена симпатична доза на хумор. Јас лично застанав на 4-тата книга и тешко ми е да продолжам, пред се’ поради тоа што на интернет може да се најдат целите книги по стотина страни, неподелени на поглавја, така што понекогаш ми е тешко да се снајдам до кај сум застанала.

Жанрови: мека, сај-фај, воена стратегија, спејс опера
Книги: 13 / Поглавја: /
Статус: Завршена (Издавана: 1986 до 2006)
Автор: Nagano, Mamoru
Серијализација: Newtype
Baka Updates: 9.10 / 10.0 /// Manga Helpers: 4.6 / 5.0 /// MAL: 8.74/10.0
Моја оценка - /10.0 Образложение: немам се’ уште мислење

14. Понекогаш се обидувам да прочитам и нешто слајс оф лајф, па се решив за Bakuman. Таа е популарна манга која доби веќе трето продолжение аниме. Има многу оригинална приказна и раскажува за амбициите на две момчиња кои сакаат да станат професионални мангаки - Акито со висока интелегенција и талент за пишување, и Моритака со вистински талент за цртање, наследен од неговиот починат чичко мангака. Успехот на Моритака како мангаки му е многу битен, па амбицијата ја надополнуваат со ветувањето дека нема да отиде на состанок со Михо, додека нивната манга не добие аниме. Приказната ги опишува потешкотиите со кој секој автор на стрип се соочува која се обидува да објави свое дело. Почнувајќи од натпревари за едноволуменски манги, до серијализација во популарниот јапонски Шонен Јамп стрип магазин. Јас застанав со читање некаде на третина, зашто едноставно ми дојде премногу чекање да успеат. Разочарувања имам и премногу во личниот живот за да чекам и на некој друг да му се случи чудо.

Жанрови: комедија, драма, романтика, шонен
Книги: 20 / Поглавја: 176
Статус: Завршена (Издавана: 2008 до 2012)
Автор: Obata, Takeshi (Art), Ohba, Tsugumi (Story)
Серијализација: Shounen Jump (Weekly)
Baka Updates: 8.6 / 10.0 /// Manga Helpers: 4.7 / 5.0 /// MAL: 8.55/10.0
Моја оценка - /10.0 Образложение: немам се’ уште мислење

15. Кога сакам да се забавувам тогаш читам шонен манга, и тоа типична. Интересно ми е кога читам критики за мангите. На пример, на МАЛ Ao no Exorcist ја опишуваат како една од топ десетте. Можеби и може да се квалификува во топ 10 меѓу оние кои излегуваат во последните 3-4 години. Но, кога пројдоа доволно години, што Наруто и Блич се веќе референтни и класични манги, оваа манга, не само што не нуди ништо ново, туку и имитира практично се’ што до сега сте виделе. Јас на пример, цело време гледам референци од D.Gray-man, Soul eater или Harry Potter. Секако дека е многу тешко да направите нешто ново со веќе многу силни слични претходници и веројатно на некој што прв пат се среќава со аниме и манга би му биле и супер интересни. Раскажува за школо егзорсисти со посебни вештини, а во центарот на приказната се близнаците Окумура, синови на ѓаволот. Нашите јунаци се ниту добри, ниту зли, едноставно си го бараат местото во светот. И секако, имаат по 15 години. Цртежот е одличен, заедно со акционите сцени и позадините, иако на моменти потсетува повеќе на шоџо отколку на шонен. Мангата добро напредува, и иако излегува еднаш месечно и до сега има околу 40 поглавјa, очигледно успеала побрзо од многу други да добие свое аниме, кое до сега има една сезона од 12 епизоди, неколку специјални изданија и филмче. Воопшто не е не-вреден наслов за читање/гледање, но мислам дека би му бил поинтересен на некој кој е нов во аниме/манга.

Жанрови: акција, демони, школо, комедија, шонен, натприродни сили
Книги: 11 (досега) / Поглавја: 41 (досегa)
Статус: Се’ уште се објавува (Започна со издавање: 2009)
Автор: Katou, Kazue
Серијализација: Jump SQ
Baka Updates: 8.6 / 10.0 /// Manga Helpers: 4.7 / 5.0 /// MAL: 8.34/10.0
Моја оценка 6.0 /10.0 Образложение: веќе видено

16. Во оние што високо котираат во моментов, и како манга и како аниме спаѓа и Beelzebub. Насловот е славното име од демонологијата на еден од седумте принцови на пеколот, или во некоја литература и името на самиот ѓавол. Еден деликвент, кој сите работи ги решава низ тепачки, случајно ќе стане старател на синот на ѓаволот во светот на луѓето. Сите перипетии и авантури почнуваат и се вртат околу Ога и голото бебе Биелзебаб кое му виси на врат, каде и да оди Ога (да, толку е лудо). Мангата го има бизарниот хумор на Gintama, концепт ко Katekyo Hitman Reborn, став ко GTO, тепачки ко Yu Yu Hakusho и слични, со тоа што за разлика од Ao no exorcist, Биелзебаб, како и Гинтама, често јасно ги објаснува референците на кои се повикува ( Dragon Ball, Saiyuki итн). Мангата напредува брзо, со повеќе аркови и потприказни, многу забавно и во акција и во хумор, но заради многуте филери, искрено премногу ме потсеќа на темпото во Блич, и полека ме губи како фан, посебно што не гледам каде би можела понатаму да оди приказната. Мангата има и свое аниме, како што спомнав, со 60 епизоди, но искрено, не планирам да го гледам.

Жанрови: акција, демони, школо, комедија, шонен, натприродни сили
Книги: 18 (досега) / Поглавја: 186 (досегa)
Статус: Се’ уште се објавува (Започна со издавање: 2009)
Автор: Tamura, Ryuuhei
Серијализација: Shounen Jump (Weekly)
Baka Updates: 8.8 / 10.0 /// Manga Helpers: 4.7 / 5.0 /// MAL: 8.40/10.0
Моја оценка 6.0 /10.0 Образложение: почнува да се врти во круг, со многу филери без цел

17. Кога веќе читам шонен, ќе се префрлам на едно од моите омилени анимеа D.Gray-man. Исто како и Claymore, анимето престана да се снима, а мангата и понатаму продолжува да излегува, иако имаше мала пауза и промена на серијализацијата. Најпрво ја исчитав Zone, која како one-shot има сличен концепт, но различен главен лик. Веројатно добро прошла кај читателите на Џамп па не била тешка ни серијализацијата. Темата е веројатно таа што секогаш успешно проаѓа - демони, натприродни моќи, борба на добро и зло. До сега нема филери, дејството си тече и интензивира, се внесуваат нови карактери, се обработуваат пополека и детално. Цртежот е по малку конфузен при акцијата, но деталите на ликовите и нивните моќи, а особено различните стилови на декадентни класични облеки, особено на главниот негативец Ерлот на Милениумот и неговата фамилија Ное се многу стим-панк, што мене ми е многу привлечно. Досега сум се’ уште на делот што се анимираше и носталгично се сеќавам на скоро се’. Се надевам дека уживањето ќе продолжи и понатаму.

Жанрови: акција, демони, авантура, комедија, шонен, натприродни сили
Книги: 23 (досега) / Поглавја: 217 (досегa)
Статус: Се’ уште се објавува (Започна со издавање: 2004)
Автор:  Hoshino, Katsura
Серијализација: Shounen Jump и Jump SQ
Baka Updates: 8.6 / 10.0 /// Manga Helpers: 4.6 / 5.0 /// MAL: 8.39/10.0
Моја оценка 8.0 /10.0 Образложение: не сум сигурна дали ќе остане истата оценка и понатаму

18. Gamaran е манга која ги има сите предиспозиции за успешност. Самураи во едо периодот, добар цртеж, боречки вештини- измислени и реални, на кои е посветено доста време во истражување, и варијации од ликови со добро обработени карактери и детали. Тоа што Vagabond ми е една од омилените, сосема е јасно дека и Гамаран ќе ми се допадне. Секако дека не се исти и една со друга можат да се споредат само со стилот на раскажување за класичните јапонски боречки вештини. Но, Гамаран не е шонен. Навистина, главниот лик има 15тина години, и начинот на растење на неговите моќи е многу нереален. Понатаму, темата на натпревар во боречки вештини исто така не е нова и е досега многу обработена. Но самиот тек на настаните и ставањето на натпреварот во втор план, уфрлањето на политичките и освојувачките агенди на aнтагонистите го вжештува дејството и ја созрева приказната до сеинен. Дејството некогаш се убрзува, некогаш успорува, а посебно во моментов на пишување на блогот, многу споро се напредува, претпоставувам, се’ во интерес на автентичноста на крвавиот и скоро невозможен пат до стигањето до целта.

Жанрови: акција, историска, боречки вештини, шонен
Книги: 18 (досега) / Поглавја: 169 (досегa)
Статус: Се’ уште се објавува (Започна со издавање: 2009)
Автор:  Nakamaru, Yousuke
Серијализација: Shounen Magazine (Weekly)
Baka Updates: 8.4 / 10.0 /// Manga Helpers: 4.7 / 5.0 /// MAL: 8.06/10.0
Моја оценка 8.0 /10.0 Образложение: мој тип на приказна, секако, далеку од совршен

19. За да не си го заборавам сај-фај фанатизмот, ископав еден стар наслов на аниме, кој сум го ставила на листа за гледање, но кого сепак го најдов во манга верзија. Повеќе политичка од воена, приказната на Venus Wars раскажува за меѓуконтиненталната војна на населената планета Венера. Приказната е раскажана во два дела, едната за првата војна на Венера кога јужниот континент Афродиа е нападнат од северниот Иштар. Во центарот на првата книга е младиот волонтер војник, возач на оклопен моторцикл и неговите пријатели. Втората приказна е за освојувачките амбиции на полковникот на Иштар и младиот офицер кој му се спротивставува. Се разбира и Земјата е овде да го надгледува растењето на своите потомци. Приказната е речиси досадна и донекаде недообработена, а цртежот е ретро класичен. Повторно, незнам колку ќе им се допадне на оние кои не се пораснати во 80-тите. Но, беше интересно како пауза за читање.

Жанрови: акција, сај-фај, воена, шонен
Книги: 4 / Поглавја: 29
Статус: Завршена (Издавана: 1986 до 1990)
Автор:  Yasuhiko, Yoshikazu
Серијализација:  Comic NORA
Baka Updates: 6.8 / 10.0 /// Manga Helpers: - / 5.0 /// MAL: 7.03/10.0
Моја оценка 7.0 /10.0 Образложение: недообработена приказна

24 декември 2012

Полжаф манга листа за 2012, дел.1

Благодарејќи на апликацијата за која пишував пред месеци, се изначитав манга. За среќа навистина, зашто сега немам време толку за аниме. Немам време ни да пишувам, па затоа одлучив со овој еден пост да ги разглобам на кратко насловите заради кои доослепев, читајќи во кревет на 3.7 инчното екранче на смартфонот.

Ќе си почнам со ред, како си ги читав годинава. Не се по распоред на некоја ранг листа. Прво да се изјаснам дека сакам да читам манга која нема адаптација во аниме. Сај-фај, мека, стратегија (воена или вселенска) или самураи / боречки вештини - мои фаворити. Се надевам ќе ви се допадне изборот.


1. По ранг листа на МАЛ и со препорака на моите пријатели (т.е. стокирање на нивните профили) ја открив Psyren. Прво што ми беше интересно, што никогаш не бев слушнала за неа, ниту пак некој во моето неколкугодишно читање/гледање манга/аниме ми ја спомнал (кое его, нели). Второ, ме освои уште првото поглавје кое веднаш ве упатува во мрачната игра во Сајрен - со телефонските картички чии импулси се трошат со патување во светот на чудовишни убијци, во кој треба да се преживее до следната телефонска говорница. Има две финти - мораш да се јавиш кога ќе ти ѕвони телефонот од другиот свет и мора да стигнеш до 0 импулси ако сакаш да се излезеш од играта. Тоа е основата. Но, приказната е многу покомлицирана, особено што играта ги надминува границите на времето. Парадоксите на патувањето низ времето практично се потполно анулирани, што ја прави приказната доста логична и ви остава да уживате во нејзиното развивање пропратено со акцијата. Акцијата од своја страна не е толку оригинална, но е многу забавна особено што го прати секогаш популарното сценарио на супер psy моќи. Плус симпатичната доза на романтика, доста солидниот цртеж и не претерано разработените карактери ја прават мангата навистина забавна за читање, што ви е жал што не продолжува понатаму.
Жанрови: акција, авантура, гејм, шонен, супер моќи, психолошка
Книги:16 /Поглавја:45
Статус: Завршена (Издавана:2007 до 2010)
Автор:Iwashiro, Toshiaki
Серијализација:Shounen Jump (Weekly)
Baka Updates:8.5 / 10.0 /// Manga Helpers: 4.6 / 5.0 /// MAL: 8.26/10.0
Моја оценка 7.0/10.0 Образложение: прилично нова манга, па многу елементи се веќе видени
2. Shinigami of the East како хронолошки почеток на приказната на Immortal Rain ми се допадна повеќе од оригиналната приказна. Ја најдов по ранг листата и ја одбрав поради должината и оценката. Приказната е кратка но слатка, и многу послатка од Рејн. Знаете кога читате нешто и кога не се знае позадинската приказна заради која главниот јунак е таков каков што е, и го прави тоа што го прави, и се крие со толкава мистериозност што едвај чекате да ја откриете? Шинигами ја раскажува токму приказната позади врската на главните ликови Рејн и Мачика и многу убаво ја разоткрива мистеријата. Акцијата е присутна, но не е во преден план, како што е во Бессмртниот Рејн. И бидејќи Шинигами е понова, цртежот е позрел и јас искрено повеќе уживав во него. Кога ќе ги споредам двете, Шинигами почнува, трае и завршува, одлично искомпонирано, забавно и комплетно - не и’ треба ништо повеќе, ништо помалку. Бессмртниот Рејн некако не најдобро ја искористува својата бессмртност во 66-те епизоди, а симпатичноста на неговата трапавост опаѓа како што расте „напорноста“ на ликот на Мачика. На моменти повеќе шоџо од акција, доволно забавна да се прочита и дочита, но не и да стане омилена.
Shinigami of the East Жанрови: акција, фантазија, шоџо
Книги: 1/ Поглавја:11
Статус: Завршена (Издавана:2007)
Baka Updates:9.0 / 10.0 /// Manga Helpers: - / 5.0 /// MAL: 8.50/10.0
Моја оценка 9.0/10.0 Образложение: кратко, но слатко
Immortal Rain Жанрови: акција, авантура, комедија, драма, фантазија, шоџо, романса
Книги: 11/Поглавја:66
Статус: Завршена (Издавана:1999 до 2011) 
Baka Updates:8.8 / 10.0 /// Manga Helpers: 4.6 / 5.0 /// MAL: 8.35/10.0
Автор: Ozaki, Kaori
Серијализација: Wings
Моја оценка 6.0/10.0 Образложение: 66 епизоди во 12 години? секако дека ќе се изгуби авторот по пат

3. Нe е манга туку e manhwa (што значи авторот е кореанец и е оригинално напишана на кореански), ама сепак The Breaker и нејзиното продолжение New Waves, се одлични и забавни за читање, особено за фановите на боречките вештини. Приказната е позната - слабиот и често малтретиран средношколец станува наследник на боречката вештина на силниот и таинствениот мајстор, Чун-Ву - Змејот на деветте вештини. Првиот дел е многу возбудлив и многу логично напредува целото дејствие. Си има почеток, развој, кулминација, се’ што треба. Искрено, не ни приметив колку брзо ги првите 72 поглавја. Е сега вториот дел,  се’ уште излегува, и искрено, ништо не ми е јасно. Некако премногу го исполитизираа, внесоа премногу нови ликови, фракции, фамилии, босови и поданици, интереси и завери. Да, да, секако дека има акции, но многу е тешко после тоа како заврши првиот дел да се направи продолжението. Авторот искрено се труди, само мене ми е премногу расплината приказната. Моментално се излезени 97 поглавја и не гледам никаков развој, само вртење во круг. Цртежот пак од своја страна, е многу добар, но не толку во диференцијата на многу ликови,  колку во акционите сцени.
Автори: Park, Jin-Hwan (Цртеж), Jeon, Geuk-jin (Приказна)
The Breaker Жанрови: акција, боречки вештини, комедија, драма, школо
Книги: 10/ Поглавја: 72
Статус: Завршена (Издавана:2007 до 2010)
Серијализација: Daiwon
Baka Updates: 8.9 / 10.0 /// Manga Helpers: 4.7 / 5.0 /// MAL: 8.72/10.0
Моја оценка 9.0/10.0 Образложение: комплетна манга
The Breaker: New Waves Жанрови: акција, боречки вештини, комедија, драма, школо
Статус: Се’ уште излегува (до сега 97 поглавја) (Почна со излегување: 2010)
Серијализација: Daum
Baka Updates: 8.8 / 10.0 /// Manga Helpers: 4.7 / 5.0 /// MAL: 8.48/10.0
Моја оценка 7.0/10.0 Образложение: ги губи врските со оригиналот, иако многу се труди 

4. Бидејќи почнав со добри манги, неизбежна беше Pluto, која ми е срам да кажам, не сум ја читала до сега. Плуто е спин-оф на Tetsuwan Atom, легендарното дело на легендарниот Тезука Осаму. Раскажува детективска приказна за мистеријата позади убиствата на познати луѓе и роботи. Сај-фај-крими-мистерија - нормално дека ќе биде добра манга. Цртежот е специфичен за Урасава (Monster, 20 Century Boys) и можеби не му е секому привлечен, но совршено одговара на целата атмосфера на мангата. Мене ми стана една од омилените на листата на МАЛ. А доколку сакате опис со повеќе спојлери еве го од Макс на јапан@мк блогот
Жанрови: акција, мистерија, сај-фај, сеинен
Книги: 8/ Поглавја: 65
Статус: Завршена (Издавана:2003 до 2009)
Автори: Urasawa, Naoki (Цртеж и приказна), Tezuka, Osamu (Приказна)
Серијализација: Big Comic Original
Baka Updates: 8.9 / 10.0 /// Manga Helpers: 4.6 / 5.0 /// MAL: 8.68/10.0
Моја оценка 9.0/10.0 Образложение: возбудлива, паметна, емотивна, скоро па совршена

5.  Кога сме веќе кај омилени, добри и сај-фај манги, неизбежна беше и Eden: It's and endless world или Eden (ENDO). Пар елементи што за мене ја прават омилена - оригиналните постапокалиптични визии и фантазии, детално обработените ликови, одличниот развој на приказната од аспект на различните ликови и немањето остри граници помеѓу она што е добро и она што е зло (во зависност од гледиштето на ликот). Како фан на сај-фај жанрот уште од времето на Жил Верн, ги сакам оригиналните шпекулации за иднината, посебно оние кои ги надминуваат границите на (за мене) логичниот развој, па лесно беше мангата да ме освои. На моменти уфрлени се комични елементи, но сериозноста повторно доаѓа во план, штом се вратат гор или секс сцените, а ги има доста. Мал проблем е единствено цртежот и фактот што едноставно не ги разликувате (физички) ликовите.
Жанрови: акција, драма, психолошка, сај-фај, сеинен 
Книги: 18/ Поглавја: 127
Статус: Завршена (Издавана:1998 до 2008)
Автор: Endo, Hiroki
Серијализација: Afternoon
Baka Updates: 8.7 / 10.0 /// Manga Helpers: 4.5 / 5.0 /// MAL: 8.51/10.0
Моја оценка 9.0/10.0 Образложение: одлична приказна, малку помалку добар цртеж

6. Нешто што ретко ми се случува а тоа е да читам драми. Но, оценката на МАЛ (иако често не смее да биде референтна, со оглед на огромниот број нару- и блич-тарди) е навистина добра, па некако се нафатив да ја прочитам.Watashitachi no Shiawase na Jikan или Нашето среќно време е адаптација на новела на една од најпознатите јужно-кореански новелистки Гонг Џи-Јонг. Приказната раскажува за зближувањето на два емотивно и физички изолирани ликови - Јури која се обидува да се самоубие три пати безуспешно и Ју кој ја чека смртната казна после тројното убиство. Низ писмата и физичките средби, во минато и во заедничката прегратка ја наоѓаат повторно желбата за живот. Приказната е дури и премногу емотивна, карактерите се повеќедимензионално одлично обработени, а цртежот е навистина добар. Сите карактеристики на добра манга.
Жанрови: драма, романса, психолошка, трагедија, парче-од-животот, сеинен 
Книги: 1/ Поглавја: 8
Статус: Завршена (Издавана:2007)
Автор: Yumeka, Sumomo
Серијализација: Comic Bunch
Baka Updates: 9.2 / 10.0 /// Manga Helpers: 5.0 / 5.0 /// MAL: 9.11/10.0
Моја оценка 9.0/10.0 Образложение: едноставно не сум фан на драми

7. Во меѓувреме, како го читам Макс, така ги собирам препораките и ја зачитав несамурајската манга Vinland Saga. Јукимура Макото е автор на приказната на едно од моите поомилени анимеа - Planetes, за кое, за жал, не сум пишувала. Но Винланд сага единствено е слично со Планетес во неверојатното запазување на реалноста, историските факти и техничките детали. Поради тоа ова е брутална манга, не само во крвавите сцени, туку и во психолошка смисла, во поглед на градењето на ликовите и градењето на приказната. Премногу реалистично се раскажани политичките настани на единаесеттиот век, освојувањата и пустошењата, односите меѓу мажите и жените, стратегиите, мотивациите и осветите. Како споредба, Game of Thrones во манга, само со не-толку епски димензии. Цртежот е исто така специфичен, добро и детално разработен, и во опишувањето на карактерите, и во акционите сцени. Со еден збор, со мерак ја читам и со нетрпение ја чекам секоја нова епизода
Жанрови: акција, авантура, драма, историска, сеинен
Статус: Се’ уште излегува (до сега 88 поглавја) (Почна со излегување: 2005)
Автор: Yukimura, Makoto
Серијализација: Afternoon
Baka Updates: 9.0 / 10.0 /// Manga Helpers: 4.7 / 5.0 /// MAL: 8.74/10.0
Моја оценка 8.0/10.0 Образложение: многу брзо почна, многу споро продолжи, а и стилот на цртежот не ми е најомилен

8. Манвата очигледно добро котира, посебно што многу ретко се анимира, па оттаму и мојот понатамошен избор падна на KissWood. Едно нешто што ми беше интригантно е тоа што Naver објавува webcomics, што значи манвата се објавува на веб и е бесплатна за читање во оригинал (на кореански). Хард-кор фан не сака ни да замисли дигитален цртеж, но еве јас (хард-кор фан, нели) дадов/давам шанса на пар изданија, и многу ми се допаѓа. Навистина не делува како манга - прво што е во боја, второ ги нема карактеристиките на мангата (делува прозападно, но сепак доста привлечно).
Приказната исто така е интересна: осамениот градски градинар Сул, страда во пожар и го губи видот. Наеднаш неговиот дух е пренесен во светот на дрвата, на прв поглед идеален утопистички свет, но набрзо ќе се покаже дека овој свет е суров, непријателски и завладеан од тирани. Манвата ги следи авантурите на Сул до разоткривање на тајната и пронаоѓање на излезот од светот. Еден единствен проблем според мене беше надреалноста, што ме изнашета низ приказната и времето и ми требаше малку време и препрочитување за да дојдам до суштината.
Жанрови: авантура, драма, фантазија, сеинен
Книги: 2/ Поглавја: 34
Статус: Завршена (Издавана:2010 до 2011)
Автор: Ahn, Sung Ho
Серијализација: Naver
Baka Updates: 8.60 / 10.0 /// Manga Helpers: 5.0 / 5.0 /// MAL: 8.02/10.0
Моја оценка 8.0/10.0 Образложение: приказната иако има конструкција, нема јасна нишка

9. Кога го гледав филмот бев тотално разочарана, па кога ја читав манвата не сфатив дека станува збор за истата приказна. Priest е одличен стрип, манга или не, со западна естетика на цртеж и приказна која комбинира вестерн и хорор жанр. Приказната е класична за падот на свештеникот кој оплакувајќи ја својата сакана, ја продава душата на демонот. Многу религиозно ориентирана, поставувајќи го прашањето за постоењето на Бог, ѓаволот, ангелите и демоните, дејството го води низ се’ уште неосвоениот Див запад, со што додава на суровост и бруталност. Магиските елементи, поврзани со крвавите ритуали се надополнети со остриот како скица цртеж и издолжените тела и ликови. Минималистички цртеж со едноставно раскажана приказна. Мене ми остави многу добар впечаток, само што се разочарав што не можев да ги пронајдам 15тата и 16тата книга, па ми остана незавршена. Кој ги најде нека ми пише, би сакала да си ја дочитам.

Жанрови: акција, мрачна фантазија, хорор, парапсихолошка
Книги: 16/ Поглавја: /
Статус: Завршена (Издавана:1998 до 2007)
Автор: Hyung, Min-Woo
Серијализација: нема (танкобан - независно издание)
Baka Updates:7.81 / 10.0 /// Manga Helpers:4.3 / 5.0 /// MAL: 7.64/10.0
Моја оценка 8.0/10.0 Образложение:премногу западњачка на моменти

10. Понекогаш, за пауза меѓу омилените приказни, читам one-shots. Еднотомни, „едноглави“ изданија, кои знаат да бидам многу забавни или убави како раскази. Love Letter е колекција од 3 приказни од ист мангака, од кои првата, истоимената е навистина многу убава. Базирана на вистинска приказна за камиказе пилот од Втората светска војна, раскажува за социјалната средина и општествените услови во воениот период во Јапонија во средината на минатиот век. Втората приказна е Half&Half, one-shot што подоцна стана и серијализација, но искрено, кога пробав да ја читам, се разочарав. Оригиналниот one-shot е доста подраматичен и трогателен и многу поубаво ја раскажува приказната за момчето и девојчето кои после сообраќајка во која и двајцата учествуваат се вратени во живот, со цел да поминат 7 дена заедно и да одлучат кој од нив ќе умре, а кој ќе продолжи да живее. Третата приказна, Azusa не ја најдов. Нејсе, цртежот е многу нежен и е повеќе шоџо од шонен. Сепак, фино за одмарање понекогаш.

Жанрови: романса, драма, историска, воена
Книги: 1/ Поглавја: 4
Статус: Завршена (Издавана:2007, оригинално Half&Half е објавена 1996) 
Автор: Seo, Kouji
Baka Updates:7.70 / 10.0 /// Manga Helpers:4.5 / 5.0 /// MAL: 7.85/10.0
Моја оценка 7.0/10.0 Образложение: понекогаш очекувам заради должината приказните да се генијални, а оваа не беше







(постов продолжува во дел 2.)