Michiko to Hatchin е последна серија која ми остави впечаток. Сепак се работи за личен вкус. Мојата листа на fav anime ја содржи, на пример, Samurai Champloo - не секој може да поднесе комбинација на хип-хоп и самураи. А јас се заљубив... дури и во ликовите.
Морам да цитирам едно review на Myanimelist. „Комбинација на Thelma& Loiuse и City of God“. Скоро совршен опис. Дејството е поставено во латино-американска земја, може било која, но е измислено името - Дијамандра. Нетипично за едно аниме, посебно што нема никаква врска со Јапонија. Не е шпанска серија - далеку од тоа. Двете хероини, во потрага од слободата и човекот со кој конечно би биле семејство, едната бегајќи од затворот и законот, другата од семејството кое ја малтретира и физички и психички, ќе се пронајдат во улогите на мајка и ќерка.
Michiko Malandro e агресивна, некултурна, необразована, детинеста, но независна, самоуверена, своеволна и доволно искусна во светот во кој владее мафијата, насилството и законите на џунглата.
Hana "Hatchin" Morenos е десет-годишно девојче, кое пораснало пред време. Често имате впечаток дека таа е возрасната личност во дуото. Таа е вредна, чесна, но и претпазлива и недоверлива. Со бушава коса, слабичка и налик на момче, речиси потсеќа на ангел - потполна спротивност од нејзината мајка -"the sexy diva".
Со еден збор, двете заедно се едно. Во потрага по Hiroshi Morenos (не ја сфатив комбинацијата на јапонски и латино имиња), кој наводно е татко на Hatchin, сретнуваат најразлични луѓе, во најразлични ситуации. Постојано се бркани од полицијата и мафијата и никогаш немаат доволно пари. Секоја епизода оди напред, и секоја епизода гледа назад. Во речиси секоја епизода препознавате некоја непријатна приказна од животот во Латинска Америка - мафија, изнудувања, детска проституција, физички малтретирања....
Незнам дали би ја опишала серијава како драма, или како комедија, или како акција, можеби авантура одговара...но не во онаа смисла кога се опишуваат цртани серии... Едноставно, одлична приказна, фантастична музика, прекрасен цртеж. Да не беше Mitchiko практично семоќна во физичките пресметки, дури и оние против огнени оружја, од мене ќе добиеше 10 - masterpiece. Сепак и една оценка подолу не е на одмет, посебно кога уживањето беше големо.

5 коментари:
*СПОИЛЕР*
Јас не би ги проицирал на таа оска (возрасен детинест)
Мене баш ми беше попрагматична во начинот на справување со проблемите (јес да иде све у напад) , меѓутоа барем свесна беше за својата сила како жена (и маж :) ).
А детево ми беше неизживеан идеалист без никакво искуство.
Како коментаров ти е споилер, извини? Altho, на место.
Според мене, Мичико не знаејќи да го пренеси своето лично искуство и својот план како ќе го реши проблемот се однесуваше детинесто или најблаго речено, недораснато
Спилерот беше дека читателот добија insight on the mentality of the anime characters :).
I guess it`s that yin-yang shit again :)
Извадок од лирикс на Легијата
„..изнервиран како Муген , мирен како Јин..“
У принцип East meets West миксот треба да е стварно нешто посебно да ме привлече , Мичико е average attempt .. Samurai champloo ми беше поеќе On Target.
Можеби затоа што не е толку "East meets West", туку "east meets Latino", различни светови сепак. So it's right on target :))
Објави коментар