29 април 2009 г.

Fantastic children - импресии

Понекогаш избегнувам анимеа кои имаат во опис драма или романса. Всушност, многу често. Од некоја причина, премногу емоции, солзи, ми го намалуваат уживањето во гледањето аниме :)
Неможам да кажам што точно ме привлече да почнам да го гледам анимево, но на крај сфатив дека гледав една трагедија, една драма, една прекрасна љубовна приказна. Некако ме потсети на Хамлет, на Ромео и Јулија, на практично се’ што сум читала од Шекспир.
Како поинаку да дефинирам жанр, освен трагедија, во кој, со секое ново раѓање, со секоја инкарнација вие живеете живот, среќавате луѓе; и кога ќе се присетите на некого кого неизмерно сте го сакале, било љубовник, сестра, родител, другар, а сте го оставиле „назад“ во времето, сте ја направиле таа грешка, што ли ќе осетите освен неизмерна болка? А што ако неможете да се присетите и ви остане празна душата знаејќи дека нешто заборавате, некое ветување што сте го дале некому, и тоа ве излудува?
Искрено, анимево беше најмалку научна-фантастика. Ако треба да го споредам со нешто, можеби со Contact - зашто зад кулисите на фантазија и научна фантастика, се крие длабока приказна за љубовта, во општа смисла. Ако го споредувам со аниме... незнам со кое, можеби единствено со Laputa, но во делот на скриените технологии и патот до пронаоѓањето на вистинското „јас“. Ако бидам „пообјективна“ и помалку бесчувствителна, би рекла потсеќа на оние cheesy sci-fi филмови од 60-тите и 70-тите, првите обиди за научно-фантастични филмови, кога Шон Конери имал бубуљици.
Но, за среќа, малку се продлабочив во анимево, па навистина ми остави впечаток на добра приказна. И покрај почетниот слика дека ликовите се деца, а цртежот едноставен. Понекогаш треба да се пројдат тие клучни први епизоди. Понекогаш ќе се открие ремек-дело.

1 коментари:

Сакам да го гледам
А колку немам време :(