16 април 2009

Репер за sci-fi анимеата

Објавено на poljaff.blog.com.mk на 06.03.2008

За љубителите на Артур Кларк и оние на аниме

Долго ме немаше нешто и еве ме назад "by popular demand"- фрлена сум на гледање на аниме, заостанувам зад 15-годишњаци, значи доцнам скоро 15 години со едно 900 аниме наслови (^_^). Притоа да додадам уште нешто за мене - не ги сакам баш оние аниме серии кои се во моментот актуелни, пазам да најдам нешто оригинално или нешто "старо, а добро".

Neon Genesis Evangelion го гледав пред некое време, и се воодушевив, како што како дете се воодушевував на книгите на Жил Верн, само што NGE / Eva / Evangelion е аниме како извадено од главата на Артур Кларк. Можеби зашто креаторот на серијата Hideaki Anno пател од клиничка депресија, што толку болно е развлечено низ серијата. Според мене, една од емоционално најискрените и најреалните aниме за наоѓањето на своето место под сонцето. Плус постапокалиптичната тема, одличната sci-fi приказна и kick-ass mecha-та. Одличен рецепт за успех.

Ikari Shinji e 14-годишен пилот на Ева, биомеханички mecha, со извонредно висок процент на синхронизација со својата Ева - Unit 01. Ayanami Rei и Soyru Asuka Langley се двете девојки пилоти на Unit 00 и Unit 02. Shinji е депресивен дечко, без самодоверба, сонува за се што е женско, па и машко во анимето, па ви доаѓа да го заплескате во стилот "ало, свести се!!". Rei e многу тивка, осамена и единствена цел и се борбите - lives to obey, и вие цело време се чудите како истрпила тооолку ќотек. Asuka e енергична, мора-да-биде-најдобра, гласна и нападна. Покрај двете девојчиња, кои без двоумење би можела да кажам дека се многу посилни ликови од Shinji, тука е и Katsuragi Misato, капетан одговорна за обуката и старател на Shinji. Мене лично Мисато ми беше омилен лик, ми се чини единствен копмплетен.

Приказната се одвива во Токио-3, постапокалиптичен, милитаризиран град, после "The Second impact", удар најпрво опишан како пад на метеорит на Антарктика, заради кој оската на Земјата се искривува, нивото на светската вода се подига и следат огромни климатски промени. Токио-3 е постојано нападнат од "Ангели" против кои се борат Евангелионите водени од трите деца. Секој напад на Ангелите е се појак и води до целосно уништување на Земјата.

И бидејќи предлагам да го гледате анимето, само ќе надополнам дека мора да ги гледате и OVA-те, зашто од серијата нема да ви стане јасен крајот, а богами ни приказната. Макијавелистички - целата приказна се врти околу вредноста на индивидуата, соочувањето со стравовите и сомнежите, за вредноста на постоењето, за поттикнување на следниот степен на еволуцијата - колективната свест, како глобален духовен ентитет. Ве збунив? Верувајте, анимето уште повеќе ќе ве збуни. Можеби затоа толку ми се допадна.

0 коментари: