Еве ја и целата песна на You Tube
Осврти и мислење за популарните и не-толку-популарните анимеа
Осврти и мислење за популарните и не-толку-популарните манги
Годишни осврти на најдобрите манги и анимеа
Видео од кратки но слатки уживања
Фантастичките почетни или завршни музички теми
Во Јапонија не е чудно еден проект да биде замислен како мултимедијален, не само како аниме, манга или видео игра. Таков е случајот со Serial Experiments Lain - во една иста 1998 година излегува игра за PlayStation, аниме од 13 епизоди и doujinshi (манга или новела, кое ја објавува и финансира самиот автор) The nightmare of fabrication во рамките на artbook-от (книга со концептуални скици од сцени од анимето) Omnipresence in the Wired.
Бидејќи немам можност да ја погледнам играта, можам само накратко да ја опишам од она што прочитав. Оригиналното сценарио, првата замисла за Lain е играта, иако е последно издание на франчизата. До денес не е квалифицирана во ниту еден жанр, а самите автори ја нарекуваат "Psycho-Stretch-Ware" (w/e the hell that means ) или графичка новела. Во неа собирате потполно random информации за Lain, кои треба да ги организирате во приказна, со цел да ја „почувствувате“ и сфатите Lain. (a-ha... so that's what they meant.). Некако очекувано е дека само малкумина останаа заинтересирани да ја играат играта, и тоа само оние кои го засакале анимето. Познавајќи го гејминг светот, очекувано нормално, поради игривоста или недостатокот од неа.
The nightmare of fabrication е манга во колор од 18 страници, нацртана од истиот автор Abe Yoshitoshi, но навистина интересна, и доволно интригантна за да го погледнете анимето (ако сте како мене, на пример). Интересно е дека приказната е потполно независна, и нема никаква врска со онаа на анимето или PS играта. Мрачна, помалку хорор, помалку научна фантастика, а најмногу присхолошка.

Кога читате на recommendations на MAL... искрено, од опишаниве анимеа, не ме потсети на ниедно од нив. Можеби сепак на крај приказната ќе испадне уникатна. Ќе видиме до крај...
Морам да цитирам едно review на Myanimelist. „Комбинација на Thelma& Loiuse и City of God“. Скоро совршен опис. Дејството е поставено во латино-американска земја, може било која, но е измислено името - Дијамандра. Нетипично за едно аниме, посебно што нема никаква врска со Јапонија. Не е шпанска серија - далеку од тоа. Двете хероини, во потрага од слободата и човекот со кој конечно би биле семејство, едната бегајќи од затворот и законот, другата од семејството кое ја малтретира и физички и психички, ќе се пронајдат во улогите на мајка и ќерка.
Michiko Malandro e агресивна, некултурна, необразована, детинеста, но независна, самоуверена, своеволна и доволно искусна во светот во кој владее мафијата, насилството и законите на џунглата.
Со еден збор, двете заедно се едно. Во потрага по Hiroshi Morenos (не ја сфатив комбинацијата на јапонски и латино имиња), кој наводно е татко на Hatchin, сретнуваат најразлични луѓе, во најразлични ситуации. Постојано се бркани од полицијата и мафијата и никогаш немаат доволно пари. Секоја епизода оди напред, и секоја епизода гледа назад. Во речиси секоја епизода препознавате некоја непријатна приказна од животот во Латинска Америка - мафија, изнудувања, детска проституција, физички малтретирања....
Ме потсети на еден пост на еден мој колега од јапан.мк
Долго ме немаше нешто и еве ме назад "by popular demand"- фрлена сум на гледање на аниме, заостанувам зад 15-годишњаци, значи доцнам скоро 15 години со едно 900 аниме наслови (^_^). Притоа да додадам уште нешто за мене - не ги сакам баш оние аниме серии кои се во моментот актуелни, пазам да најдам нешто оригинално или нешто "старо, а добро".
Neon Genesis Evangelion го гледав пред некое време, и се воодушевив, како што како дете се воодушевував на книгите на Жил Верн, само што NGE / Eva / Evangelion е аниме како извадено од главата на Артур Кларк. Можеби зашто креаторот на серијата Hideaki Anno пател од клиничка депресија, што толку болно е развлечено низ серијата. Според мене, една од емоционално најискрените и најреалните aниме за наоѓањето на своето место под сонцето. Плус постапокалиптичната тема, одличната sci-fi приказна и kick-ass mecha-та. Одличен рецепт за успех.
Ikari Shinji e 14-годишен пилот на Ева, биомеханички mecha, со извонредно висок процент на синхронизација со својата Ева - Unit 01. Ayanami Rei и Soyru Asuka Langley се двете девојки пилоти на Unit 00 и Unit 02. Shinji е депресивен дечко, без самодоверба, сонува за се што е женско, па и машко во анимето, па ви доаѓа да го заплескате во стилот "ало, свести се!!". Rei e многу тивка, осамена и единствена цел и се борбите - lives to obey, и вие цело време се чудите како истрпила тооолку ќотек. Asuka e енергична, мора-да-биде-најдобра, гласна и нападна. Покрај двете девојчиња, кои без двоумење би можела да кажам дека се многу посилни ликови од Shinji, тука е и Katsuragi Misato, капетан одговорна за обуката и старател на Shinji. Мене лично Мисато ми беше омилен лик, ми се чини единствен копмплетен.
Приказната се одвива во Токио-3, постапокалиптичен, милитаризиран град, после "The Second impact", удар најпрво опишан како пад на метеорит на Антарктика, заради кој оската на Земјата се искривува, нивото на светската вода се подига и следат огромни климатски промени. Токио-3 е постојано нападнат од "Ангели" против кои се борат Евангелионите водени од трите деца. Секој напад на Ангелите е се појак и води до целосно уништување на Земјата.
И бидејќи предлагам да го гледате анимето, само ќе надополнам дека мора да ги гледате и OVA-те, зашто од серијата нема да ви стане јасен крајот, а богами ни приказната. Макијавелистички - целата приказна се врти околу вредноста на индивидуата, соочувањето со стравовите и сомнежите, за вредноста на постоењето, за поттикнување на следниот степен на еволуцијата - колективната свест, како глобален духовен ентитет. Ве збунив? Верувајте, анимето уште повеќе ќе ве збуни. Можеби затоа толку ми се допадна.
На пример, нешто што многу ми се допадна беше The Time Milk Wound the Spring. Надреални сцени полни со фантазија, мене не ми беа мистични туку сонувачки некако и прилично смешни.... сеедно... ми се допадна многу
Вчера се потсетив зошто го засакав анимето воопшто. Се потсетив дека како дете чекав да почне оваа серија на телевизија, за чудо, се сеќавав на се’ - MACROSS!!! Кај нас го носеше името Роботека (тоа е американската верзија, адаптација и преработка на оригиналниот Макрос - кај нас беше давана таа верзија). Сеедно - ми стана јасно, зошто од секогаш сум сакала military, sci-fi, giant robot stuff анимеа. МАКРОС!!!
Можеби за 30 години ќе гледаме и нова серија. Којзнае, се надевам. Јас сум спремна, екстерниот хард е полн (додуша Zero и Frontier се во мојата листа на completed anime), и среќна продолжувам од почетокот, повторно.









