Омилени анимеа

Осврти и мислење за популарните и не-толку-популарните анимеа

Омилени манги

Осврти и мислење за популарните и не-толку-популарните манги

Топ листи

Годишни осврти на најдобрите манги и анимеа

Кратки анимации

Видео од кратки но слатки уживања

Музика во анимеата

Фантастичките почетни или завршни музички теми

4 јуни 2009 г.

Geniusly assembled, part 4

Уште едно од оние artsy-go-figure-it-out дела, вклопено во „генијалната дружина“. Happy machine e уште едно чудно, но врвно дело на генијалецот Yuasa Masaaki. Ако не ви е познат, само ќе споменам наслови како Mind Game, Cat Soup и Kaiba. И се надевам ќе ви се разјасни малку. Сите се игри на цртеж и приказна, апстрактен начин на раскажување и прикажување на идејата и помалку напорни за мозочните ќелии. Не дека нема да ги разберете, верувам во вашата интелегнција, штом сте почнале воопшто да гледате аниме. Туку од аспект што не се за лесна забава, туку за долгочасовно дискутирање после гледањето. Истото се случува и со Happy Machine. Едноставно треба да ги продискутирате сите ликови и сите моменти од ова 20-минутно аниме кое кругот на животот го врти без дијалози.



Последната епизода, 7-ма по ред од првото DVD e Baby Blue. И слободно можам да се надоврзам на групата приврзаници на титулата "Makoto Shinkai rip-off". Дефинитивно. Неверојатно колку потсеќа на 5cm per second и The place promised in our early days. Приказната се врти околу момче и девојче, кои бегаат од школо и одат на еднодневна авантура. Љубовта е горка колку што е и слатка. Имаат време само колку да се потсетат колку биле среќни како деца и колку се оддалечиле со растењето. И сега, конечно се разделуваат со чувство дека нема веќе да се видат. Искрено, би очекувала повеќе од автор како Watanabe Shin'ichiro, режисер и одговорен за сторибордот на серии како Cowboy Bebop, Samurai Champloo, Ergo Proxy, Eureka 7, Macross plus, па дури и творец на музиката на Michiko to Hatchin. Blah!




Од вкупно 13 епизоди од Genius Party, една е сеуште необјавена (Le manchot mélomane од Nicolas de Crécy), две епизоди од првото ДВД не се преведени - Deathtic 4 и Limit Cycle. Успеав да најдам RAW верзија од Deathtic 4, меѓутоа, многу е тешко да се разбере што сакал да каже авторот, кога цртежот е тотална деменција, а јазикот не е ниту јапонски. А Limit Cycle, од она што го прочитав е дефиниција за деменција... Сепак, ако некој случајно дојде до некоја од овие 3 епизоди, нека ме контактира, чисто колекционерски, да си го догледам анимето и да го тргнам од on-hold листата :))

3 јуни 2009 г.

Appleseed 1, 2, 3....

Од рачно-цртаната верзија од 1988 до новата верзија или второто продолжение на Appleseed од 2007, не можам да најдам нешто што би ме навело да ја гледам најавената за иднина 26-епизодна серија. Посебно што сите три приказни до сега се како продолженија на Robocop (после оригиналот, the same old sh*t) - секоја приказна се врти околу „терористите“ кои се обидуваат да го срушат утопискиот свет Олимпус. Во него луѓето, биороидите и сајборзите живеат среќно и мирно заедно...Yeah, right.
Главните ликови се Deunan Knute, оригинален човек, т.е. жена-воин и Briareos Hecatonchires, сајборг воин, ex-human кој го изгубил телото во 3-тата Светска војна. Tие се всушност, професионален и љубовен пар, чија љубов ги надминува границите на физичките разлики. Again, yeah, right.
Иако е некако клише, една работа што мене лично ми се допадна во приказната (ок, освен sci-fi, military, shounen... стилот...стандард) е употребата на митови, легенди и други религии и познати личности во именувањето на ликовите и местата. На пример, Athena (премиерот), Olympus (рајот), Nike (заменикот на Атена), Uranus (генералот на човечките сили), Gaia (како Геа, компјутерот кој се’ одржува во живот), Tartarus (објектот во кој се регенираат биороидите), Hades (полковник, анти-биороид-ист)...

Notice anything different? ^^
Appleseed (OVA), првата аниме верзија на мангата, е 70 минутна оригинална анимација, која со мангата се соединува само по карактери и сетинг. Appleseed (2004) e првата CG анимирана везија, со по малку 2D рендеринг и прераскажана приказна за главните ликови , a нејзиното продолжение Appleseed Ex Machina со уште подобар рендер и фантастична анимација. И уште подосадна приказна. Имате впечаток дека гледате "WOW!" одличен синематик, ама 2 саати синематик...кај е возбудата на играта!!??!!

Прво, да расчистиме - оригиналната видео анимација е рачно цртана, соодветно на техниката на анимирање од минатиот век (Е, ова звучи смешно) - цртежот е класичен, стандарден, ништо посебно.

Верзијата од 2004 - О М G! Ако зборуваме за анимацијата, тешко дека може да се најде замерка во анимацијата на движењата на ликовите - перфекција!!! Околината, механиката, роботиката... без замерки. Ама голем минус на ликовите. Без оглед на тоа колку Deunan изгледа убаво, а Briareos моќно, нема никаква анимација на лицата, ко да гледате во керамички кукли, со онакви големи стаклени очи. Ајде да речеме, соодветно на техниката на анимирање од 2004. Но, всушност, не можеме тоа да го речеме. Animatrix e oд 2003-та!


А продолжениево, иако поработиле повеќе на деталите на лицата, и рендерот е помалку „цртан“, т.е. повеќе е 3D, сепак повторно заостанува зад своите „современици“ во однос на анимацијата на фацијалните изрази (nice one, ay? ^^) Заклучокот е сепак, дека неверојатно реалистично се претставени движењата, во борба, дури и во обично замавнување во лутина - quiet impressive!!! And the concept art-----O M G!!!! Sugoi!!!!!


И, ако немате против, тоа би било тоа, неверојатно импресивна анимација, во однос на бескрајно просечна приказна. Во секое продолжение.... А сепак се планира и серија (???)....

1 јуни 2009 г.

Geniusly assembled, part 3

Now here's something by my own taste! За мене врв, досега, меѓу овие кратки анимации. Kawamori Shoji e меѓу творците на Macross (повеќе изданија), творец на Еscaflowne, Earth Girl Arjuna, новата серија Basquash!, mechanical designer за Еureka 7, Parlabor 2, Gundam 0083... my kind of guy. Во Shanghai Dragon очигледна е супериорноста на авторот во цртањето и доловувањето на роботите, но не е тоа она што ме освои. Ставот дека светот во иднина и световите далеку од овде ќе се потпираат на детската имагинација, на соништата и желбите и моќта на нивната реализација - тоа ме освои. Теоријата дека еден ден, во средината на минатиот век, на едно пет годишно дете ќе му биде / му било врачено оружје во вид на „светлосен молив“ кој ќе ги реализира неговите фантазии, а момент потоа светот е нападнат од џиновски роботи во лов на потенцијалниот иден најголем непријател. И сликата која често ја сонувам - темното небо освоено од џиновски вселенски брод. Што да кажам, I'm a sucker for a good sci-fi, плус кога има ваква невиност во приказната, поддржана со доза на анти-клише хумор.




Од друга страна, Doorbell - дело на Fukuyama Yoji. Овде пак очигледно е дека авторот е манга-ка, со одлично чувство за раскажување, меѓутоа, анимето заради тоа заостануваше малку. Предоминантна беше приказната врз цртежот, иако за да се раскаже ваква едноставна приказна, не треба сложен цртеж. Сепак. Главниот лик среќава друга верзија од себеси, која мора да ја надитри и претрка за да не остане дух во сопствениот свет. На крај станува свесен дека има многу негови „верзии“ и мора да внимава да се зачува себеси и да не дозволи да исчезнe неговото вистинско ЈАС.


And just a few more left...

30 мај 2009 г.

Geniusly assembled, the beginning

Нешто што заслужува посебен пост! Потполно се воодушевив, од комплетната петминутна презентација! Неверојатно! Интересно! Возбудливо! ( И мојот омилен збор, очигледно) Оригинално! And you actually get it in the end!


Во техно-tribal музика, едно суштество налик на птица ги лови малите, камени топки во пустината и се храни со нивните мисли и соништа за љубовта кон кометите, кои всушност нивните чувства и емоции, развиени, пораснати, блескави. И на крај, сите тие мали, камени топки, гледајќи се едни со други, имитирајќи се, се поврзуваат низ бран на електрицитет.
Genius Party - како забава на генијалци или моето прво толкување, друштво на генијалци. И токму тоа е - одлично интро, за одлична забава :)
За жал, потрагата по дела од авторот Fukushima Atsuko повторно ме доведоа до stub articles. Но, беше и пријатно изненадување да се види, дека оваа журка беше пропратена со музиката на Joe Hisaishi. Пет минути и не се многу да ги посветите на вакво мало ремек-дело. A screen-shot-овите се во случај да ве мрзи и толку да посветите.

29 мај 2009 г.

Geniusly assembled, part 2

И продолжуваме. Moondrive е третата епизода од второт ДВД и е нешто многу откачено. Авторот Nakazawa Kazuto стои зад наслови како Kigeki, The Origin of O-Ren (анимираниот клип во Kill Bill), како и зад дизајнот на ликовите во Samurai Champloo и сеуште необјавениот Miyamoto Musashi - Souken ni Haseru Yume. Moondrive e откачена пародија за трагачи по злато во свет на тотално безредие и беззаконие - или тоа е само светот во кој припаѓаат четворицата наши главни јунаци. По мрачната атмосфера и острите карикирани линии на ликовите ме потсети на мојата стара љубов Cool World (и не заради Brad Pitt :P) или пак на тоталната деменција од Aachi wa Ssipak


Четвртата епизода не ми остави голем впечаток, всушност најлош од сите. Како авторот Ohira Shinya да се присилувал да се потсети на некој страшен сон од детството, ама некако очигледно дека го заборавил сонот, па за љубовта на својата мајка да го направил Wanwa the Puppy со помош на едноставен детски цртеж и креони. Сепак, уникатно аниме.


Последната епизода, мислам дека многумина би се сложиле, заслужува серијализација. Tanaka Tatsuyuki успеа да направи интересно аниме, не толку психоделично, а во никој случај безлично. Tojin kit, во cyber-punk атмосфера, со оригинален стил на анимација, раскажува чудна приказна на добар начин. Девојка одгледува забранети миленичиња „вонземјани“, скриени во плишани зајачиња, жапчиња, кукли...Се’ додека еден ден владини службеници не влезат во нејзиниот стан. Кога ќе сфатите колку брзо дошол крајот, сакате уште.


Во моментов го гледам првото ДВД, кое за жал, не успеав да го најдам цело, но сепак, следува prequel-от за неколку денови.
Од срце, препорачувам да се гледаат, сите епизоди. Во секој случај, интересна комбинација на жанрови, стилови на анимација. Нешто сигурно ќе ви ги разбуди пеперутките во стомакот.