27 мај 2009 г.

Geniusly assembled, part 1

Genius party e колекција од 13 епизоди од по околу 20-тина минути кои од различни и навистина генијални автори.
Првата епизода од второто ДВД насловено како Genius Party Beyond е дело на Maeda Mahiro (автор на интересните дела Blue Submarine No.6, Gankutsuou, Animatrix: Second Renaissance, key animator за Ghibli, аниматор на машините во Freedom и Escaflowne...). Gala е интересна приказна со лесна содржина и едноставен, нешто повеќе типичен цртеж. Приказната е за раѓањето на животот, раскажана од скриениот spirit world. Некако начинот на раѓањето, потпомогнат со музиката ме потсети на теоријата на J.R.R.Tolkien во Silmarillion за раѓањето на светот од музиката.
Втората епизода, или 9-та по ред насловенa e Dimension Bomb, а нејзиниот автор Morimoto Koji е познат како режисер на The Animatrix: Beyond и Memories: Magnetic Rose, режисер на анимација на Mind Game и автор на сторибордот на Tekkon Kinkreet. Искрено, мене ми треба помош, односно дискусија со некој попаменет од мене, бидејќи, навистина, не го разбрав баш анимеве, или дури ни воопшто. Не мислам дека е направено заради стилот на анимација, меѓутоа, два пати го гледав, а не можам да фатам ни нишка од приказната. Некако ми е како Mogli, кога ќе излези од џунглата и ќе почне да учи нови работи, или како Pinocchio, кога ќе посака да биде вистинско момче. Колку што сфатив, анимево е за сознанието, дека да се биде човек, значи да се открие она што е добро и она што е лошо во секој од нас, светлото / темното, топлото / ладното... Патникот од друга димензија, кога излезе од кожурката, сфати дека за да бидеш човек, значи и да сакаш, но и да боли.... така нешто... мислам... pls, correct me if I'm wrong. Уживајте малку во screen-shot-овите, па ќе разговараме :))

0 коментари: