Омилени анимеа

Осврти и мислење за популарните и не-толку-популарните анимеа

Омилени манги

Осврти и мислење за популарните и не-толку-популарните манги

Топ листи

Годишни осврти на најдобрите манги и анимеа

Кратки анимации

Видео од кратки но слатки уживања

Музика во анимеата

Фантастичките почетни или завршни музички теми

30 мај 2009 г.

Geniusly assembled, the beginning

Нешто што заслужува посебен пост! Потполно се воодушевив, од комплетната петминутна презентација! Неверојатно! Интересно! Возбудливо! ( И мојот омилен збор, очигледно) Оригинално! And you actually get it in the end!


Во техно-tribal музика, едно суштество налик на птица ги лови малите, камени топки во пустината и се храни со нивните мисли и соништа за љубовта кон кометите, кои всушност нивните чувства и емоции, развиени, пораснати, блескави. И на крај, сите тие мали, камени топки, гледајќи се едни со други, имитирајќи се, се поврзуваат низ бран на електрицитет.
Genius Party - како забава на генијалци или моето прво толкување, друштво на генијалци. И токму тоа е - одлично интро, за одлична забава :)
За жал, потрагата по дела од авторот Fukushima Atsuko повторно ме доведоа до stub articles. Но, беше и пријатно изненадување да се види, дека оваа журка беше пропратена со музиката на Joe Hisaishi. Пет минути и не се многу да ги посветите на вакво мало ремек-дело. A screen-shot-овите се во случај да ве мрзи и толку да посветите.

29 мај 2009 г.

Geniusly assembled, part 2

И продолжуваме. Moondrive е третата епизода од второт ДВД и е нешто многу откачено. Авторот Nakazawa Kazuto стои зад наслови како Kigeki, The Origin of O-Ren (анимираниот клип во Kill Bill), како и зад дизајнот на ликовите во Samurai Champloo и сеуште необјавениот Miyamoto Musashi - Souken ni Haseru Yume. Moondrive e откачена пародија за трагачи по злато во свет на тотално безредие и беззаконие - или тоа е само светот во кој припаѓаат четворицата наши главни јунаци. По мрачната атмосфера и острите карикирани линии на ликовите ме потсети на мојата стара љубов Cool World (и не заради Brad Pitt :P) или пак на тоталната деменција од Aachi wa Ssipak


Четвртата епизода не ми остави голем впечаток, всушност најлош од сите. Како авторот Ohira Shinya да се присилувал да се потсети на некој страшен сон од детството, ама некако очигледно дека го заборавил сонот, па за љубовта на својата мајка да го направил Wanwa the Puppy со помош на едноставен детски цртеж и креони. Сепак, уникатно аниме.


Последната епизода, мислам дека многумина би се сложиле, заслужува серијализација. Tanaka Tatsuyuki успеа да направи интересно аниме, не толку психоделично, а во никој случај безлично. Tojin kit, во cyber-punk атмосфера, со оригинален стил на анимација, раскажува чудна приказна на добар начин. Девојка одгледува забранети миленичиња „вонземјани“, скриени во плишани зајачиња, жапчиња, кукли...Се’ додека еден ден владини службеници не влезат во нејзиниот стан. Кога ќе сфатите колку брзо дошол крајот, сакате уште.


Во моментов го гледам првото ДВД, кое за жал, не успеав да го најдам цело, но сепак, следува prequel-от за неколку денови.
Од срце, препорачувам да се гледаат, сите епизоди. Во секој случај, интересна комбинација на жанрови, стилови на анимација. Нешто сигурно ќе ви ги разбуди пеперутките во стомакот.

28 мај 2009 г.

Macross Air Shows

Мене ми се допаѓа идејата за ваква промоција на серијалов. Не успеав да ги најдам за download, но баш и не трошам bandwidth на 2 минутни епизоди на YouTube. Уживајте, бар вие кои сте mecha (the planes/robots kind-of) фанови :))


Macross Zero ver.



Macross Frontier ver.


Now imagine them in real life...sugoi!

27 мај 2009 г.

Geniusly assembled, part 1

Genius party e колекција од 13 епизоди од по околу 20-тина минути кои од различни и навистина генијални автори.
Првата епизода од второто ДВД насловено како Genius Party Beyond е дело на Maeda Mahiro (автор на интересните дела Blue Submarine No.6, Gankutsuou, Animatrix: Second Renaissance, key animator за Ghibli, аниматор на машините во Freedom и Escaflowne...). Gala е интересна приказна со лесна содржина и едноставен, нешто повеќе типичен цртеж. Приказната е за раѓањето на животот, раскажана од скриениот spirit world. Некако начинот на раѓањето, потпомогнат со музиката ме потсети на теоријата на J.R.R.Tolkien во Silmarillion за раѓањето на светот од музиката.
Втората епизода, или 9-та по ред насловенa e Dimension Bomb, а нејзиниот автор Morimoto Koji е познат како режисер на The Animatrix: Beyond и Memories: Magnetic Rose, режисер на анимација на Mind Game и автор на сторибордот на Tekkon Kinkreet. Искрено, мене ми треба помош, односно дискусија со некој попаменет од мене, бидејќи, навистина, не го разбрав баш анимеве, или дури ни воопшто. Не мислам дека е направено заради стилот на анимација, меѓутоа, два пати го гледав, а не можам да фатам ни нишка од приказната. Некако ми е како Mogli, кога ќе излези од џунглата и ќе почне да учи нови работи, или како Pinocchio, кога ќе посака да биде вистинско момче. Колку што сфатив, анимево е за сознанието, дека да се биде човек, значи да се открие она што е добро и она што е лошо во секој од нас, светлото / темното, топлото / ладното... Патникот од друга димензија, кога излезе од кожурката, сфати дека за да бидеш човек, значи и да сакаш, но и да боли.... така нешто... мислам... pls, correct me if I'm wrong. Уживајте малку во screen-shot-овите, па ќе разговараме :))

26 мај 2009 г.

Weird history

Многу откачен "cynical gag" :) Светот меѓу двете Светски војни и неговата поделба на земјите на владеачки сили.
But the funniest thing се всушност ликовите - одделни држави. Земјите од Оската: Италија е идиот кој цело време мафта бело знаменце и се предава, и вика „ПАСТА!!“, Германија - педантен, прецизен, строг војник на диета од компири и колбаси, Јапонија - вистински отаку, околу кого летаат сакура ливчиња... И не само тоа...Земјите од Алијансата: Америка - со плакар стар 100 години, убеден дека знае се’, а планот му е „вие организирајте се, јас ќе бидам лидерот“, Англија - секогаш скришно позади, а секогаш со план, Франција - шармер со долга косичка, промовира храна од полжави, Русија - насмеано ви кажува дека е посилен од вас, во онаков "scary mood", Кина (единственото женско, или можеби и не е, ама мене ми личи така) - го научила се’ Јапонија, па кога ја надминал во вештини се кажува негова постара сестра, се бори со вок-тава и со ефекти а-ла Брус Ли...Стереотипни претстави за земјите и луѓето во нив до екстреми. Најголемиот GAG е всушност „обидот да се разбеде како моќната Империја Рим, добила ваков релаксиран, нежен внук во Италија“ :))Ова е само ED синглот, не се наоѓа така лесно, иако се 5 минутни епизоди, бидејќи и мангата и анимето се webcast (треба да платите да ги гледате и читате). Сепак, многу забавни клипчиња, цинизам и црн хумор до бесвест, плус има и онакви chibi ликови, и откачени референци, и луда музика...На авторот мора да му фали некоја даска :)))
Всушност, серијава е толку забавна, токму и за тоа што е кратка, па се најавува и втор дел, (досега само успеавме да ги ѕирниме другите земји, како Австрија и Унгарија, а Белгија, Швајцарија... беа само блиц)

22 мај 2009 г.

How otaku are you?

Јапонското списание за видео игри Famitsu ги здружи силите со Otaku USA списанието да направи анкета специјално наменета за Вас, „странски“ otaku. Анкетата именувана "The 2009 Famitsu Foreign Otaku Survey" содржи лични прашања во врска со вашето познавање како фан на аниме, манга и видео игри. Резулатите ќе бидат објавени во следното издание на Weekly Famitsu magazine. Рокот на анкетата е June 15, 2009. Па напред, да го покажете своето отаку-лудило сега! (Иако важи за САД, што ви е гајле... и вие сте отаку ;) )

21 мај 2009 г.

Swinging soundtrack

It Don't Mean a Thing If It Ain't Got That Swing
- Duke Ellington (1899-1974)

Continuing with Baccano!.
Yoshimori Makoto го споменав во постот за Natsume Yuujinchou. И онака незнам ништо повеќе за човеков, ама, луѓе, музикава што ја пишува е неверојатна. Или пак можеби само мене ми се допаѓа тој стил на музика од едно време. Big fan of oldies over here. Епа, еве еден исечок, поточно, Promo-clip-от од првото ДВД. Жалам што нема sub, ама не успеав да најдам ниедно таквo видео. Дури не успеав да ја најдам ни оригиналната OP верзија на песната. Можам на кратко да кажам дека ова се првите 4-5 епизоди, извадоци од оние настани што се случуваат во возот и првите мафијашки пресметки. So short really.

Ова е целата верзија на OP theme, Paradise Lunch и "Guns & Roses", без текстот, и малку истегнатото интро со ликовите

*Почнувам да мислам дека е добра идеја да се направи и character description, ама за тоа ќе ми треба повеќе време, и re-watch на серијава. Со оглед на тоа што глупости се изнагледав во последно време, highly likely:))*

За жал, ED песната, и колку да е прекрасна, не се вклопува во целиот свинг-концепт, but anyway, here it is (with italian subs ofc)

Девојката се вика Oda Kaori и "Calling", а целата песна, се наоѓа и на YouTube

Well, happy listening!!!

EDIT: Spellcheck and quality-check by bliznako, 26.05.2009

20 мај 2009 г.

Crazy random commotion

Всушност, ова е аниме кое стално го препорачувам, кога бараат препорака од мене. Па решив да го „расклопам“ малку и да се потсетам. Baccano! беше комплетно уживање за мене.
До пред некое време беше најчудното нешто што сум го гледала. Прво, приказна која апсолутнo „нема врска“ - 1930-тите години на мафијашки завојуваната Америка, свинг музика - ви остава впечаток дека ќе гледате нешто a-la-mafia-shoot-outs. But, no... - толку рандом ликови, кои не ви е јасно зошто се појавуваат и што имаат сега врска со приказната...а потоа се сеќавате дека не можете да ја видите главната нишка на приказната.
Ставате прст на глава и не можете да дефинирате кој лик е главен. Дали се Isaac и Miria - the comedy duo (апсолутно хистерични, како Bonnie & Clyde во комбинација со ... Dumb & Dumber???), дали е тотално повлечениот и тивок gang-member (така барем личи) Jacuzzi Splot (and what's with the names) и неговата мистериозна, прекриена со лузни партнерка Nice, дали се мафија браќата Gandor и фраерот Luck, дали се чудниот пар на садистички настроениот Ladd Russo и неговата секогаш тажна свршеница Lua Klein, или никако неврзаните ликови на Firo, кој речиси прв го среќавате во серијата, Ennis, за која на моменти ќе помислите дека е робот и Cheslaw Meyer, the freakish, almost vampire-like kid.
Всушност, приказната започнува со Carol, која се обидува да склопи ги склопи рандом настаните во логична приказна, па ги листа настаните од 1930г. , до 1711, па назад до 1931 итн. се’ до 2002 година. Настаните продолжуваат, поточно започнуваат, на луксузниот воз Flying Pussyfoot (and look up a dictionary, it's not a pun or anything) кој патува, каде очекувате дека ќе се случи некаква пресметка меѓу различни семејства на мафија, добивате некаква слика која би била приказната, некако сите настроени да го држат во заложништво возот, се’ додека не се појави мистериозно суштество кое си зацртало цел да истреби се’ живо во возот.What the hell? Што се случува? Што е приказнава? Акција? Драма? Комедија? Хорор? Вампири? Мистерија? И се навлекувате...уште кога ќе го сретнете кутриот кондуктер, за кого мислите ќе ја има улогата на bellhop-от Tim Roth во Four Rooms. Всушност, така би го споредила анимево - како било која "pulp fiction" приказна на Quentin Tarantino (do you actually need a link?), без циничниот хумор и олеснета од "deep=no meaning".
Spoiler (not the end tho):

И кој би помислил, дека приказната се врти околу алхемијата. Пред 300 години, на брод до Америка, група алхемичари го повикуваат Демонот да им даде бесмртност. Ја добиваат во форма на вино кое треба да го испијат. Кога еден по еден ќе почнат да гинат, им станува јасно дека се опасност еден за друг и се расштркуваат низ светот. Оваа приказна раскажува за оние кои преживеале и живеат во параноја или среќно скриени, за оние кои случајно ќе налетаат на скапоценото вино, и случајно во времето на Прохибицијата во САД, кога виното е скапоценост само по себе. Потполна игра на судбината и потполнa потврда на Теоријата на хаосот. Како низ бркањето и бегањето, и експлозиите и пресметките ќе се роди една оригинална приказна. Не судете прерано, погледнете го анимево, па ќе разговараме. It was fun, at the very least...
Всушност, покрај оригиналните 13 епизоди, издадени се уште 3 како ОВА, како довршување, дообјаснување, дополнување.
Постои light-novel кој e "currently publishing". Why don't you try that one too...? If you can find it that is. Меѓувреме....

EDIT: Spellcheck & quality-check by bliznako, 26.05.2009

15 мај 2009 г.

Љубов до Месечината и назад

Дали сте го гледале Akira? Дали ви се допадна Kakurenbo? Епа, немам многу што да кажам, освен дека ако барате некаква средина, но многу „посветла“, оптимистичка и со среќен крај, погледнете го и Freedom (Project). Toa е ОВА од 7-епизоди, или време на отприлика 3 саати долг филм, заеднички продукт на Otomo Katsuhiro (автор на Akira, Steamboy, Neo-Tokyo, Mushishi) и Morita Shuhei (креаторот на Kakurenbo). Funny enough, анимево е рекламен продукт на Nissin Cup Noodles, за нивното 35 годишно постоење. Нивни реклами отворено ги ќе видите низ целово аниме.
Приказната започнува во изолираниот свет на Eden, на 230.000 милји од Земјата, на површината на Месечината, каде живеат околу 30-тина милиони Лунарци под сознание дека нивната стара татковина, Земјата, е само за’рѓана топка на небото, без грам живот (familiar... -_-). Се’ додека една група 15 годишњаци (khm!) не наидат на фотографија на девојка и деца, на зелена ливада на Земјата на кои стои порака дека Земјата е добро и луѓето на неа се молат за Лунарците. Заљубениот и авантуристички настроен Takeru, заедно со својот верен пријател Biz, успева да најде начин да го пропатува небесното растојание до Америка и Флорида и да ја најде Ао. Приказната е многу „слатка“, симпатична, лесна, без големи драми, без премногу акција, без некоја скриена порака.
Downside e 3D анимацијата. Иако сосема солидно се доловени дури и емоциите на лицата, да не зборувам за ефектите и пејсажите, сепак, помалку ќе ве нервира компјутерската анимација на ликовите во 2D render.
Моја препорака за релаксација, како долг авантуристички филм, како пауза меѓу она се’ и сешто што го гледаме