15 мај 2009 г.

Љубов до Месечината и назад

Дали сте го гледале Akira? Дали ви се допадна Kakurenbo? Епа, немам многу што да кажам, освен дека ако барате некаква средина, но многу „посветла“, оптимистичка и со среќен крај, погледнете го и Freedom (Project). Toa е ОВА од 7-епизоди, или време на отприлика 3 саати долг филм, заеднички продукт на Otomo Katsuhiro (автор на Akira, Steamboy, Neo-Tokyo, Mushishi) и Morita Shuhei (креаторот на Kakurenbo). Funny enough, анимево е рекламен продукт на Nissin Cup Noodles, за нивното 35 годишно постоење. Нивни реклами отворено ги ќе видите низ целово аниме.
Приказната започнува во изолираниот свет на Eden, на 230.000 милји од Земјата, на површината на Месечината, каде живеат околу 30-тина милиони Лунарци под сознание дека нивната стара татковина, Земјата, е само за’рѓана топка на небото, без грам живот (familiar... -_-). Се’ додека една група 15 годишњаци (khm!) не наидат на фотографија на девојка и деца, на зелена ливада на Земјата на кои стои порака дека Земјата е добро и луѓето на неа се молат за Лунарците. Заљубениот и авантуристички настроен Takeru, заедно со својот верен пријател Biz, успева да најде начин да го пропатува небесното растојание до Америка и Флорида и да ја најде Ао. Приказната е многу „слатка“, симпатична, лесна, без големи драми, без премногу акција, без некоја скриена порака.
Downside e 3D анимацијата. Иако сосема солидно се доловени дури и емоциите на лицата, да не зборувам за ефектите и пејсажите, сепак, помалку ќе ве нервира компјутерската анимација на ликовите во 2D render.
Моја препорака за релаксација, како долг авантуристички филм, како пауза меѓу она се’ и сешто што го гледаме

0 коментари: