14 мај 2009 г.

Casshern - the Shinigami...oops! - the Neo-human

Моментално го преместуваат дата-серверот на MAL, и после 3 саати, можам да заклучам дека не се баш „спремни“. Оh well. Ќе си пишувам на блогов, па шо!
Приметив дека најмногу пишувам за анимеа кои сметам дека се „оригинални“ - почнувам да мислам дека го измислив тој концепт :) Ако гледаме објективно, 50% од анимеата се оригинални, било по приказна, цртеж или музика. Или ако гледаме субјективно, кога гледам по ред, мека, мека, милитари, милитари... и потоа Casshern SINS, ofc дека е оригинално аниме.Ѕирнете само неколку screen-shot-ови, па кажете ми дека сте виделе досега вакво нешто. Искрено, мене ме освои едноставноста на цртежот, под тенките линии на тушот како да се гледа мноштвото скицирани линии. Како да читам стрип, не да гледам аниме. Па плус има и онакви синематографски кадрови, close-ups у фаца, море у око директ. Pretty simple and straight to the point.

Всушност, тоа беше The Big Bang во мојот случај, а инаку, толку има тага во црежот и целата приказна, што на моменти ќе ви се слоши. Или најмалку, ќе се ви се смачи. Се’ се одвива донекаде споро, има некоја приказна позади, но до 20-тата епизода има толку попатни епизодни приказни, па не ви е јасно како ќе објаснат се’ во последите 3-4 епизоди. But actually they did.Во светот на иднината, луѓето не постојат, успеале да ја надминат смртта, но сега со светот владеат роботите. Некако мистериозно се појавува Луна, "The Sun called the Moon" (???) која ја има моќта да дава живот, да лекува и да ја одзема смртта. Braiking Boss (кој ќе успеете да го видете само во 2-3 сцени), нарачува нејзино убиство и за тоа го ангажира Casshern. Во моментот на нападот, нивната крв се меша, и низ светот се ослободува Распадот (смртта). Роботите насекаде се распаѓаат, умираат - сите, освен Casshern. Неговата казна за гревот е што сега половина свет го бара да го изеде, под некое лажно сознание, дека ако го изедат бессмртиот Casshern, ќе се излечат од смртта. Во првите епизоди се’ што слушате е "Devour Casshern" или "Kill Casshern". Другата половина oд светот слушнала дека Luna е жива, па тргнала да ја бара, за да се излечи и да си го врати вечниот живот. И тоа е основата - Luna како персонификација на Животот и Casshern, како „сеач“ на Смртта. И двајцата казна за светот кој во поклонот на вечниот живот заборавил на смртта.Анимево е reboot на стара серија од 1973 (толку многу се приметува во оваа нова верзија, фризурите се неверојатен показател, иако немам појма како изгледале оригиналите). Како што прочитав, приказните се скоро потполно различни, барем што се однесува на улогата на Casshern (Casshan).
Некој во 1993 решил да ја reboot-ова серијата во 4-епизодна ОВА, но со лош одзив, па фала богу решиле да ја направат оваа верзија.
И најчудното нешто е што приказната има и live-action верзија. Well can't wait to see that one.Во октомври 2008, започна со серијализација и манга со истото име, иако не успеав да ја најдам никаде. Што е ново.

Уф, долг пост... Познавам една личност што ќе ми рече сега: "The wall of text crits you. You die"... Well, excu-hu-se me ;)

1 коментари:

Дефинитивно (за мене) необичен стил на цртање. Посебно blur-от за динамизација и shadowing на сликата , причата иако се одвива релативно споро , пополнета е со интересни перспективи (лично фаворит ми се пост-апокалиптичните пејзажи) и монолози.
Се на се , интересно.