Го споредуваат со Dragonball и Chronicles of Narnia....Mmmmmmaybe...Мене ме потсети и на Волшебникот од Оз и на книгите на Harry Potter, или на филмовите на студио Ghibli. Во основа е секоја детска приказна, секоја бајка, секоја видео игра и секоја фантазија на едно место.
Brave story e прекрасна анимација во која компјутерската технологија успеала да се вклопи не сметајќи, туку надополнувајќи го одлично цртежот и камерата. Со оглед на тоа што продуцентите на филмот се Gonzo и Warner Bros. веднаш станува јасно колку имале и буџет да се вложи во филмот.
Приказната е едноставна. Mitani Wataru е обично момче, кое расти во обичен живот, се’ додека неговите родители не се разделат. Кога неговата мајка ќе се разболи, тој посакува животот да му ја врати среќата на неговото семејство и добива можност да влезе во фантастичниот свет Vision. Со цел да добие се’ што посакува - храброст, мудрост, сила и среќа, тој е тестиран низ загатката на еден магионичар, кој на крај, го оценува само како hero apreantice. И добива меч и мисија да собери 5 скапоцени камења, кои ќе му помогнат да дојде до Божицата на Среќата, која пак ќе му исполни една единствена желба.И така започнува неговото патешествие низ Vision, запознавајќи нови пријатели, правејќи добри дела и собирајќи ги скапоцените камења. На крај, ја добива својата желба, но секако, како што е ред во овој жанр на филмови, ја користи да го спаси светот на Vision од демоните. Сепак, низ целото патешествие, Wataru созрева за да сфати дека и добрите и лошите нешта се дел од животот и треба да ги прифатиме како такви, исто како што треба да ги прифатиме и добрите и лошите страни од самите нас.
Филмот се базира на новелата со исто име од Miyuki Miyabe. Од она што го прочитав на Wikipedia, оригиналната приказна е поразлична. Но, книгата е добитник на Batchelder award - награда за најдобра книга првобитно објавена на странски јазик, а потоа на англиски за да биде објавена во САД (???). Ваквиот успех доведе до објавување на манга, под авторство на Ono Yoichiro, на филмот и на 3 видео игри за SonyPlayStation, Nintendo DS и PlayStation2.
Иако играта доби критики дека е пре-детска и дека чудовиштата се преголеми и им нема крај, дека игривоста е пре-препознатлива, а исто и приказната сепак најдобро ја оценува изјавата дека"if any of the Harry Potter books had been translated as faithfully, the game versions of Rowling's work would be selling gold and platinum right now" (Matt Paddock, Game Vortex). Значи, уште една успешна франчиза од една детска приказна.

0 коментари:
Објави коментар