20 мај 2009 г.

Crazy random commotion

Всушност, ова е аниме кое стално го препорачувам, кога бараат препорака од мене. Па решив да го „расклопам“ малку и да се потсетам. Baccano! беше комплетно уживање за мене.
До пред некое време беше најчудното нешто што сум го гледала. Прво, приказна која апсолутнo „нема врска“ - 1930-тите години на мафијашки завојуваната Америка, свинг музика - ви остава впечаток дека ќе гледате нешто a-la-mafia-shoot-outs. But, no... - толку рандом ликови, кои не ви е јасно зошто се појавуваат и што имаат сега врска со приказната...а потоа се сеќавате дека не можете да ја видите главната нишка на приказната.
Ставате прст на глава и не можете да дефинирате кој лик е главен. Дали се Isaac и Miria - the comedy duo (апсолутно хистерични, како Bonnie & Clyde во комбинација со ... Dumb & Dumber???), дали е тотално повлечениот и тивок gang-member (така барем личи) Jacuzzi Splot (and what's with the names) и неговата мистериозна, прекриена со лузни партнерка Nice, дали се мафија браќата Gandor и фраерот Luck, дали се чудниот пар на садистички настроениот Ladd Russo и неговата секогаш тажна свршеница Lua Klein, или никако неврзаните ликови на Firo, кој речиси прв го среќавате во серијата, Ennis, за која на моменти ќе помислите дека е робот и Cheslaw Meyer, the freakish, almost vampire-like kid.
Всушност, приказната започнува со Carol, која се обидува да склопи ги склопи рандом настаните во логична приказна, па ги листа настаните од 1930г. , до 1711, па назад до 1931 итн. се’ до 2002 година. Настаните продолжуваат, поточно започнуваат, на луксузниот воз Flying Pussyfoot (and look up a dictionary, it's not a pun or anything) кој патува, каде очекувате дека ќе се случи некаква пресметка меѓу различни семејства на мафија, добивате некаква слика која би била приказната, некако сите настроени да го држат во заложништво возот, се’ додека не се појави мистериозно суштество кое си зацртало цел да истреби се’ живо во возот.What the hell? Што се случува? Што е приказнава? Акција? Драма? Комедија? Хорор? Вампири? Мистерија? И се навлекувате...уште кога ќе го сретнете кутриот кондуктер, за кого мислите ќе ја има улогата на bellhop-от Tim Roth во Four Rooms. Всушност, така би го споредила анимево - како било која "pulp fiction" приказна на Quentin Tarantino (do you actually need a link?), без циничниот хумор и олеснета од "deep=no meaning".
Spoiler (not the end tho):

И кој би помислил, дека приказната се врти околу алхемијата. Пред 300 години, на брод до Америка, група алхемичари го повикуваат Демонот да им даде бесмртност. Ја добиваат во форма на вино кое треба да го испијат. Кога еден по еден ќе почнат да гинат, им станува јасно дека се опасност еден за друг и се расштркуваат низ светот. Оваа приказна раскажува за оние кои преживеале и живеат во параноја или среќно скриени, за оние кои случајно ќе налетаат на скапоценото вино, и случајно во времето на Прохибицијата во САД, кога виното е скапоценост само по себе. Потполна игра на судбината и потполнa потврда на Теоријата на хаосот. Како низ бркањето и бегањето, и експлозиите и пресметките ќе се роди една оригинална приказна. Не судете прерано, погледнете го анимево, па ќе разговараме. It was fun, at the very least...
Всушност, покрај оригиналните 13 епизоди, издадени се уште 3 како ОВА, како довршување, дообјаснување, дополнување.
Постои light-novel кој e "currently publishing". Why don't you try that one too...? If you can find it that is. Меѓувреме....

EDIT: Spellcheck & quality-check by bliznako, 26.05.2009

0 коментари: