Омилени анимеа

Осврти и мислење за популарните и не-толку-популарните анимеа

Омилени манги

Осврти и мислење за популарните и не-толку-популарните манги

Топ листи

Годишни осврти на најдобрите манги и анимеа

Кратки анимации

Видео од кратки но слатки уживања

Музика во анимеата

Фантастичките почетни или завршни музички теми

10 август 2011

Една поинаква Arrietty

Она што ме поттикна конечно да го довршам и објавам претходниот пост е последниот филм на Ghibli Karigurashi no Arrietty (The Borrowers Arrietty). Филмот во февруари оваа година беше објавен во Франција, пред 10-тина дена беше премиерно прикажан во Велика Британија, а во САД ја очекува својата премиера во февруари наредната година. За разлика од претходниот филм на Ghibli, каде беше само позајмена идејата за малата сирена, во овој филм, адаптирана е, но јасно препознатлива комплетната приказна за Позајмувачите на Мери Нортон, почнувајќи од ликовите и локацијата, до текот на дејствието.


Тип: Филм
Премиера: Jul 17, 2010
Продукциска куќа: Studio Ghibli
Жанр: Фантазија
Траење: 94 мин.
Рејтинг: PG - за деца

Режија, Сториборд: Yonebayashi Hiromasa
Сценарио: Miyazaki Hayao
Музика: Cécile Corbel
Оригинална идеја: Mary Norton
Сценографија: Yoshida Noboru , Takeshige Youji
Директор на анимација: Yamashita Akihiko, Kagawa Megumi
Директор на звук: Kasamatsu Hiroshi
Продуцент: Suzuki Toshio

Seiyuu:
Arrietty ~ Shida Mirai
Haru ~ Kiki Kirin


Кога започнав со гледањето на филмот, имав впечаток дека гледам било кој филм од познатата продукциска куќа. Не се воодушевив. Препознатлива ми беше приказнатa, ликовите, дејството. Но, кога сфатив дека токму поради тие препознатливите црти на Ghibli нема да има садизам и бруталност како во цртаните филмови со Том и Џери, ја споредив оваа анимирана верзија со сите претходни играни филмови што сум ги гледала.

Имено, овој филм е наменет за деца. Не би требало да има нехумани бодења со шилци, ловење со правосмукалки и лепенки за глувци, полнење на ѕидовите со отровен гас. И секако дека нема. И она малку „насилство“ преземено врз малите човечиња овде е прикажано како негрижа и невнимание. Дури и онаа желба на „големите“ да го докажат постоењето на малите луѓе, која и овде е прикажана како ниска страст, е без лудилото и Acme производите на Брзата птица итрица и којотот.
Напротив, приказната е едноставно раскажана - мирно и тивко е опишано растењето, созревањето по преселувањето и разделбата со ново стекнатите пријатели. Жртвите што ги правиме од одговорност према себе и нам блиските и храброста во соочувањето со реалноста.
„Позајмувачите“ не се само дел од природата - тие се природата. Размислете, како работите кои ги запоставуваме изгледаат од друга перспектива; храната или предметите кои ги фрламе - како некому се потребни или им носат страшни последици; како нашите себични дејствија, макар да се и нај добронамерни, може многу лошо да влијаат на некого друг.
Една од скриените пораки на филмот е изумирањето на природата.
Borrowers aren’t meant to be seen. … We make do. We always have. You don’t know anything about us. We’re not going to die out that easily.
Сепак, еден од најпрекрасните елементи на приказната ми е сочуваната викторијанска куќичка за кукли, која е очигледно дел од љубовта на Мијазаки кон Западот. Таа е симбол на детската фантазија, која вреди да ја сочуваме и кон која треба да се навраќаме. Истовреме е и симбол на фамилијарните врски и наследството кое не’ потсетува на љубовта и грижата на родителите.
Музиката е повеќе келтска отколку јапонска и помалу репетитивна, но тоа воопшто не му смета на филмот, туку совршено го надополнува светот на фантазијата и малите луѓе.
Ме интересира како ќе пројде филмот во Америка. Но, без оглед на тоа, сметам дека е успешна адаптација на една фантастична приказна и аниме вредно за гледање.


Оценки на аниме сајтови (до денешната дата)
ANN: 8.3 /10.0
AnimeNFO:  - /10.0
Anime Source: - /10.0
Anime DB: 8.57/10.0
MAL: 8.43/10.0

Мои оценки
Приказна: 10.00
Карактери: 8.00
Гласови: 8.00
Цртеж и анимација:9.00
Звук и музика:9.00
Вкупно уживање:9.00

08 август 2011

The little mermaid... oops, goldfish

Денес, еден дечко ме потсети дека на времето пишував постови за аниме, без оглед колку луѓе ме читале или се согласувале со мене. Иако она што сакам да го променам на блогот е се’ уште under construction, eве еден пост изваден од архива и довршен, конечно, после точно година дена.

Тип:Филм
Премиера: Jul 19, 2008
Продукциски куќи: Studio Ghibli, Dentsu, d-rights, Toho Company, Walt Disney Studios<
Жанр: Adventure, Fantasy
Траење: 101 мин.
Рејтин: G -(за сите возрасти)

Режија, Сценарио, Оригинална идеа: Miyazaki Hayao
Музика: Hisaishi Joe
Сценографија: Yoshida Noboru
Директор на анимација: Kondo Katsuya
Директор на звук: Kimura Eriko
Директор на фотографија: Okui Atsushi
Извршен продуцент: Hoshino Koji
Продуцент: Suzuki Toshio Suzuki

Seiyuu:
Sousuke ~ Doi Hiroki
Ponyo ~ Nana Yuria
Fujimoto ~ Tokoro George

Како што важат очекувањата и критиките за големите филмски режисери, и големите филмски куќи, така важат и очекувања и критиките за големите аниме куќи и големите аниме автори. И кај нас, меѓу оние кои се аниме и манга фанови, а и оние кои само наслушнале што е тоа, познато е името на Studio Ghibli и Hayao Miyazaki. Дури и мојот личен, а и почетокот на овој блог ми беше врзан со Miyazaki. На блогот, се’ на се’ 6 постови:
poljaff_manga & anime: Hayao Miyazaki
poljaff_manga & anime: Spirited Away
poljaff_manga & anime: Spirited Away - ликови
poljaff_manga & anime: Nausicaa of the valley of the wind
poljaff_manga & anime: Howl's moving castle
poljaff_manga & anime: The anti-fascist flying pig


Искрено, не е можно да не сте фан на Miyazaki. Пред се’ поради неверојатната имагинативност и авантурите во кои ве води, конзистентноста во ексцентричниот стил на чудната приказна и (пре)слатките ликови. Јас лично се радувам на камео улогите на нему омилените лица. Чекам да видам кого ќе препознаам и климам задоволно кога ќе успеам да фатам некој негов trademark.

Но, Gake no Ue no Ponyo (Ponyo on the cliff by the sea), не би знаела така да го оценам, како што тоа го направија Venice Film Festival и Japan Academy for Animation. И овој пат (2008), со поддршка на Disney Studio, меѓународно промовиран, со помпезни кампањи и фестивалски прикажувања. Да, навистина, филмот има одлична анимација, интересен soundtrack, но толку е очигледно наменет за многу младата публика, што мене лично дури помалку ме иритираа претерано искрените карактери на златната рипка, Ponyo и петгодишното момченце Sousuke. Базирана на идејата за Малата сирена која сака да стане човек, но без длабочината на приказната на останатите филмови на Miyazaki, Ponyo останува фантастична и немирна детска авантура за која особено мора да сте расположени, за да уживате во неа. Доколку имате помало братче или сестриче, или your own little bundle of joy, филмот е возбудлива фамилијарна забава. Понекогаш, ваквите анимации одлично одмараат, посебно во пауза од blood-shed, fight-style анимеата, но понекогаш, едноставно, премногу е напорно да се вратите на своите 5 години и на „првата“ љубов. Понекогаш, ви е преку глава од cuteness overload и едноставно, не ви се гушка плишаното мече на вашата полица (if you actually have any).

Уф, сум била премногу moody пред година дена. Ама, бар искрено сум си ги опишала впечатоците од филмот. И денес можам да кажам дека не би го гледала филмот пак, веројатно се’ додека и самата немам дете. Не бев фасцинирана од начинот на кој беше адаптирана Малата сирена на Андерсен, веројатно зашто за мене и како сказна имаше некоја друга димензија. Иако, морам да признаам, она што ме воодушевува отсекогаш кај Miyazaki и Ghibli, е што успеваат во секој филм да ја доловат љубовта во секоја димензија над еротската привлечност, карактеристична за приказните од Западот и Дизни.

Оценки на аниме сајтови
ANN: 7.9 / 10.0
AnimeNFO: 7.2/10.0
Anime Source:0 9.0/10.0
Anime DB: 7.91/10.0
MAL: 8.11/10.0

Мои оценки
Приказна: 7.00
Карактери: 7.00
Гласови: 8.00
Цртеж и анимација:9.00
Звук и музика:7.00
Вкупно уживање:7.50