14 декември 2007 г.

Spirited Away - ликови

Chihiro Ogino/Sen (荻野 千尋, Ogino Chihiro) 10-годишното девојче кое е носител на главното дејствие во филмот. Во светот на духовите, таа го губи своето име и го добива името Sen. Во јапонската ортографија Sen е алтернативно читање на првата канџа Chi од името на Chihiro, и двете со значење 1000.
Haku/Nigihayami Kohaku Nushi (ハク/ニギハヤミコハクヌシ, Haku/Nigihayami Kohaku Nushi) е момче кое ја штити Chihiro, иако често се однесува грубо со неа. Тој има моќ да се престори во змеј и да лета. И тој како Chihiro го изгубил името и станал слуга на Yubaba, а Chihiro му помага да се сети кој е.
Yubaba (湯婆婆, Yubaaba, lit. "bath crone" = старица од бања, топла вода). Нацртана е со ненормално голема глава и нос, прикажана како исклучително авторитарна, но и алчна личност. По нешто наликува на Кралицата Срце од Алиса во земјата на чудата. Yubaba има сестра близначка Zeniba, која е нејзина потполна спротивност
Kamajii (釜爺, lit. "boiler old man") е ликот кој работи во котларницата на бањата, со своите 6 раце и помошниците, топчињата од саѓи кои му носат јаглен за бојлерот. Тој ја прима Chihiro кај себе и и помага да го спаси Haku. Со своите бушави кафеави мустаќи и црните наочари наликува на пилотот на пиратите од Laputa: castle in the sky. Наводно личи и на Doctor Eggman, непријателот на Sonic (??? мене ама ич не ми личи, којзнае...)
Kaonashi (カオナシ lit. 'No Face') e еден од препознатливите ликови во филмот. Тој е чуден, осамен дух, без лице, кому Chihiro му се допаѓа. Во надеж дека ќе се спријатели со некого, тој почнува да дели злато и за возврат проголтува се што му е на патот. Chihiro, нормално, успева да му најде дом и пријатели. Маската која ја носи потсетува на маските од јапоснкиот Noh театар.
Boh (坊, Bō, "young child") e синот на Yubaba кој е всушност бебе, но е физички двапати поголем од неа. И неговото однесување е како на бебе, зашто мајка му претерано го разгалува. Zeniba го претвора во дебел глушец, кој одвај се поместува без помошта на една мува (смалената птица на Yubaba). Во текот на приказната тие се спријателуваат со Chihiro и и помагаат да се сети на своето име. За мене беа вистински comedy relief во филмот. Да и Kashira (カシラ, Kashira) алармниот систем на Yubaba, трите зелени глави без тела кои скокаат наоколу и мрморат :)На крај, филмот е одличен, ликовите се одлични, приказната е одлична... цртежот, боите...

Може да најдете сличности со Neverending story, да речете дека е поборник за чиста околина, дека е критичар на алчноста, дека е филм за созревањето. И ништо од тоа не е ни блиску до фактот дека, барем за мене, тоа е еден од најдобрите аниме филмови на сите времиња.

0 коментари: