Па, мора од некаде да се почне, а за мене почетокот е Hayao Miyazaki. За прв пат почнав да се интересирам повеќе за аниме и манга, после Princess Mononoke (Mononoke-Hime). Така го открив еден од најголемите аниматори и режисери на Јапонија. Го нарекуваат јапонски Walt Disney заради посветеноста кон анимацијата.
Роден е во Токио 1941г, во фамилија кога во текот на Втората Светска војна поседувала авио-компанија (неговата љубов кон авионаутиката и летањето е дел од сите негови филмови).Иако завршува студии по економија и политички науки, поради големата љубов кон цртањето и неисцрпните идеи за нови аниматорски теми, во 1963г. ја започнува својата богата аниматорска кариера во студиото на Toei Douga. Потоа во започнува да работи со својот понатамошен долгогодишен партнер IsaoTakahata и станува дел од најголемите аниматорски студија во Јапонија. Во меѓувреме се жени за колешка аниматор со која има два сина.
Со Takahata во 1985 г. го основа и студиото Ghibli (Sutajio Jiburi - по името на италијанските авиони над Сахара во Втората Светска војна), по големиот успех на Nausicaa of the valley of the winds (Kaze no tani Naushika). Во логото го гледате Totoro еден од анимираните ликови на Miyazaki. Речиси сите филмови и серии се режирани, продуцирани, напишани и цртани од Miyazaki.
Веројатно најголемиот успех го има Princess Mononoke, со дотогаш најголем профит на box-office и еден Оскар, меѓутоа, тој успех беше засенет после кратко време од Spirited away (Sen to Chihito no kamikakushi).
Trademark на Hayao Miyazaki

- темата во неговите филмови е често поврзана со природата, загадувањето, екологијата, а многу често е и анти-воена
- многу често во неговите филмови има летање како тема, или како способност на некој од ликовите
- најчесто има два главни ликови, момче и девојче, од кои едниот лик има некои надприродни способности и дарби
- ликовите се најчесто инспирирани од вистински ликови од животот на Мiyazaki
- многу често во неговите филмови ликовите патуваат на места кои се забранети или недостапни како табу
- Летачките машини, и сите чудни направи најчесто ги управуваат чудни машки ликови (пр. Kamaji во котларницата во Spirited away)
- Miyazaki смета дека за да биде една компанија силна, треба да им се даде шанса на жените да работат, што го истакнува и во своите филмови (Mononoke, Porco Rosso)
- ја сака својата работа рачно нацртана иако знае дека тоа е занает кој изумира за жал, и дозволува најмногу 10% да биде CG (computer graphic / computer generated)
- Филмските сцени често ги сместува во јапонска визија на европските градови.
2 коментари:
brat imas email za msn
brat prati mi tvoj email na dame.jovanoski@gmail.com za da zamenime nekoj anime
Објави коментар