14 декември 2007 г.

Spirited Away

"For the people who used to be 10 years old,
and the people who are going to be 10 years old."
--Hayao Miyazaki

Најдобриот филм на Miyazaki најверојатно по профит, гледаност и награди е дефинитивно Spirited Away (千と千尋の神隠し, Sen to Chihiro no Kamikakushi,2001, lit. Sen and Chihiro's spiriting away). Филмот е добитник на Oscar за најдобар анимиран филм, прво аниме во историјата кое добило ваква награда, и добитник е на Златна мечка на Берлинскиот филмски фестивал во 2002г.

Накратко, филмот е авантура-фантазија за 10-годишната Chihiro која случајно од секојдневието на Јапонија низ мистериозен тунел ќе влезе во потполно поинаков свет, во Земјата на Духовите. Нејзините родители ќе бидат претворени во свињи од алчната вештерка Yubaba. За да ги спаси, таа мора да го предаде своето име (и станува Sen) и мора да служи и да работи мачни задачи во бањата на 8 милиони богови. За нејзина среќа тука се нејзините пријатели, особено мистериозното момче Haku, кое таа го препознава од своите сеќавање. Chihiro / Sen од плачливо девојче израстува во силна, одговорна личност која на крај успева да го најде патот до дома.

Значи, нема момент во филмот кој нема да го запаметите, потполно ви го опфаќа вниманието, фантастично. Се чувствувате како да сонувате, и ништо не ви е јасно, се до крајот, кој ќе го дочекате насмеани. Искрено го препорачувам!!

0 коментари: