Денес, еден дечко ме потсети дека на времето пишував постови за аниме, без оглед колку луѓе ме читале или се согласувале со мене. Иако она што сакам да го променам на блогот е се’ уште under construction, eве еден пост изваден од архива и довршен, конечно, после точно година дена.
Seiyuu:
Како што важат очекувањата и критиките за големите филмски режисери, и големите филмски куќи, така важат и очекувања и критиките за големите аниме куќи и големите аниме автори. И кај нас, меѓу оние кои се аниме и манга фанови, а и оние кои само наслушнале што е тоа, познато е името на Studio Ghibli и Hayao Miyazaki. Дури и мојот личен, а и почетокот на овој блог ми беше врзан со Miyazaki. На блогот, се’ на се’ 6 постови:
poljaff_manga & anime: Hayao Miyazaki
poljaff_manga & anime: Spirited Away
poljaff_manga & anime: Spirited Away - ликови
poljaff_manga & anime: Nausicaa of the valley of the wind
poljaff_manga & anime: Howl's moving castle
poljaff_manga & anime: The anti-fascist flying pig
Искрено, не е можно да не сте фан на Miyazaki. Пред се’ поради неверојатната имагинативност и авантурите во кои ве води, конзистентноста во ексцентричниот стил на чудната приказна и (пре)слатките ликови. Јас лично се радувам на камео улогите на нему омилените лица. Чекам да видам кого ќе препознаам и климам задоволно кога ќе успеам да фатам некој негов trademark.
Но, Gake no Ue no Ponyo (Ponyo on the cliff by the sea), не би знаела така да го оценам, како што тоа го направија Venice Film Festival и Japan Academy for Animation. И овој пат (2008), со поддршка на Disney Studio, меѓународно промовиран, со помпезни кампањи и фестивалски прикажувања. Да, навистина, филмот има одлична анимација, интересен soundtrack, но толку е очигледно наменет за многу младата публика, што мене лично дури помалку ме иритираа претерано искрените карактери на златната рипка, Ponyo и петгодишното момченце Sousuke. Базирана на идејата за Малата сирена која сака да стане човек, но без длабочината на приказната на останатите филмови на Miyazaki, Ponyo останува фантастична и немирна детска авантура за која особено мора да сте расположени, за да уживате во неа. Доколку имате помало братче или сестриче, или your own little bundle of joy, филмот е возбудлива фамилијарна забава. Понекогаш, ваквите анимации одлично одмараат, посебно во пауза од blood-shed, fight-style анимеата, но понекогаш, едноставно, премногу е напорно да се вратите на своите 5 години и на „првата“ љубов. Понекогаш, ви е преку глава од cuteness overload и едноставно, не ви се гушка плишаното мече на вашата полица (if you actually have any).
Уф, сум била премногу moody пред година дена. Ама, бар искрено сум си ги опишала впечатоците од филмот. И денес можам да кажам дека не би го гледала филмот пак, веројатно се’ додека и самата немам дете. Не бев фасцинирана од начинот на кој беше адаптирана Малата сирена на Андерсен, веројатно зашто за мене и како сказна имаше некоја друга димензија. Иако, морам да признаам, она што ме воодушевува отсекогаш кај Miyazaki и Ghibli, е што успеваат во секој филм да ја доловат љубовта во секоја димензија над еротската привлечност, карактеристична за приказните од Западот и Дизни.
Оценки на аниме сајтови
ANN: 7.9 / 10.0
AnimeNFO: 7.2/10.0
Anime Source:0 9.0/10.0
Anime DB: 7.91/10.0
MAL: 8.11/10.0
Мои оценки
Приказна: 7.00
Карактери: 7.00
Гласови: 8.00
Цртеж и анимација:9.00
Звук и музика:7.00
Вкупно уживање:7.50
Тип:Филм
Премиера: Jul 19, 2008
Продукциски куќи: Studio Ghibli, Dentsu, d-rights, Toho Company, Walt Disney Studios<
Жанр: Adventure, Fantasy
Траење: 101 мин.
Рејтин: G -(за сите возрасти)
Режија, Сценарио, Оригинална идеа: Miyazaki Hayao
Музика: Hisaishi Joe
Сценографија: Yoshida Noboru
Директор на анимација: Kondo Katsuya
Директор на звук: Kimura Eriko
Директор на фотографија: Okui Atsushi
Извршен продуцент: Hoshino Koji
Продуцент: Suzuki Toshio SuzukiSeiyuu:
Sousuke ~ Doi Hiroki
Ponyo ~ Nana Yuria
Fujimoto ~ Tokoro George
Risa ~ Yamaguchi Tomoko
Како што важат очекувањата и критиките за големите филмски режисери, и големите филмски куќи, така важат и очекувања и критиките за големите аниме куќи и големите аниме автори. И кај нас, меѓу оние кои се аниме и манга фанови, а и оние кои само наслушнале што е тоа, познато е името на Studio Ghibli и Hayao Miyazaki. Дури и мојот личен, а и почетокот на овој блог ми беше врзан со Miyazaki. На блогот, се’ на се’ 6 постови:
poljaff_manga & anime: Hayao Miyazaki
poljaff_manga & anime: Spirited Away
poljaff_manga & anime: Spirited Away - ликови
poljaff_manga & anime: Nausicaa of the valley of the wind
poljaff_manga & anime: Howl's moving castle
poljaff_manga & anime: The anti-fascist flying pig
Искрено, не е можно да не сте фан на Miyazaki. Пред се’ поради неверојатната имагинативност и авантурите во кои ве води, конзистентноста во ексцентричниот стил на чудната приказна и (пре)слатките ликови. Јас лично се радувам на камео улогите на нему омилените лица. Чекам да видам кого ќе препознаам и климам задоволно кога ќе успеам да фатам некој негов trademark.
Но, Gake no Ue no Ponyo (Ponyo on the cliff by the sea), не би знаела така да го оценам, како што тоа го направија Venice Film Festival и Japan Academy for Animation. И овој пат (2008), со поддршка на Disney Studio, меѓународно промовиран, со помпезни кампањи и фестивалски прикажувања. Да, навистина, филмот има одлична анимација, интересен soundtrack, но толку е очигледно наменет за многу младата публика, што мене лично дури помалку ме иритираа претерано искрените карактери на златната рипка, Ponyo и петгодишното момченце Sousuke. Базирана на идејата за Малата сирена која сака да стане човек, но без длабочината на приказната на останатите филмови на Miyazaki, Ponyo останува фантастична и немирна детска авантура за која особено мора да сте расположени, за да уживате во неа. Доколку имате помало братче или сестриче, или your own little bundle of joy, филмот е возбудлива фамилијарна забава. Понекогаш, ваквите анимации одлично одмараат, посебно во пауза од blood-shed, fight-style анимеата, но понекогаш, едноставно, премногу е напорно да се вратите на своите 5 години и на „првата“ љубов. Понекогаш, ви е преку глава од cuteness overload и едноставно, не ви се гушка плишаното мече на вашата полица (if you actually have any).
Уф, сум била премногу moody пред година дена. Ама, бар искрено сум си ги опишала впечатоците од филмот. И денес можам да кажам дека не би го гледала филмот пак, веројатно се’ додека и самата немам дете. Не бев фасцинирана од начинот на кој беше адаптирана Малата сирена на Андерсен, веројатно зашто за мене и како сказна имаше некоја друга димензија. Иако, морам да признаам, она што ме воодушевува отсекогаш кај Miyazaki и Ghibli, е што успеваат во секој филм да ја доловат љубовта во секоја димензија над еротската привлечност, карактеристична за приказните од Западот и Дизни.
Оценки на аниме сајтови
ANN: 7.9 / 10.0
AnimeNFO: 7.2/10.0
Anime Source:0 9.0/10.0
Anime DB: 7.91/10.0
MAL: 8.11/10.0
Мои оценки
Приказна: 7.00
Карактери: 7.00
Гласови: 8.00
Цртеж и анимација:9.00
Звук и музика:7.00
Вкупно уживање:7.50
6 коментари:
Woohoo , нов пост!
Дизни одсекогаш знаел да профитира од детските приказни за „судир на различни светови“, било тоа да е со романтична или пријателска конотација. Тоа што ги прави лесни за идентификување се (скоро) детската искреност на ликовите, а дефинитивно ја има во ова аниме. Не знам , можеби поради таа блискост со Дизни одсекогаш ми било тешко да го класифицирам Мијазаки во аниме.
А за блогот, барем јас се трудам да биде што посубјективен и ценам субјективност. Мислам дека доколку во различни моменти од животот гледам ист филм, ќе го доживеам различно, и секогаш ми е интересно кога ретроспективно ќе погледнам на мислењата што некогаш сум ги имал (as should you :).
Секогаш се насмевнувам кога луѓето ги оценуваат старите (за новите немам коментар :) Дизниеви анимирани филмови, па конкретно сега и Поњо на Мијазаки, за детски и само детски. Со тоа, на некој начин, не им оставаат простор на „возрасните“ да се радуваат на животот во неговата светлина и чистота. Волт Дизни во некоја пригода има кажано дека не правел анимирани филмови за деца, напротив она што сметал дека е интересно да се прикаже на широкото платно, тоа и го правел. Тоа што во тие приказни владее кроткоста и невиноста на нештата, само кажува за свесноста на креаторите за убавото. Она што „оди“ на платно. Тоа е она што ги прави тие приказни убави и тоа е она што ги „тера“ луѓето да кажат дека се за деца. Само да ве потсетам возрасните се пораснати деца, а децата колку и да се мали - се личности со свои желби и не-желби. Имав прилика да им го прикажам Поњо на повеќе деца - само на едно од нив искрено му се допадна. Другите го „најдоа“ за досаден цртан во кој нема тепачки и „акции“. Значи ако судиме по тоа, Поњо веќе не е ни за повеќето деца. Но нивната реакција ни малку не го обезвреди Поњо во очите на тоа едно дете, па ни во моите очи. Се работи за личносниот однос кон нештата.
Јас за Поњо ќе кажам дека е прекрасен анимиран филм. Не кажувам дали е за деца или не. Секој нека си оцени сам за себе. Но, сметам дека искреноста на чистото пријателство има многу подлабока животна димензија од откривањето си на некаква „шифра“ за спас на „цивилизацијата“.
Сеедно, убав ден :)
K.M. фала за коментарот и мислењето. Не верувам дека сте читале некој мој претходен пост, па ниту ме познавате лично мене и работите кои ме радуваат. Но, мислам дека е очигледно дека држам до детето во себе и до нешта кои се’ уште ми ја разгоруваат фантазијата.
Сепак, блогот и постовите во него се мој личен став, макар колку и да е смешен некому. Оној момент кога сум го напишала постот за Понјо, така сум го доживеала филмот. Споредено со сите филмови на Мијазаки и Гибли, а сум ги гледала сите без еден, не можам да го споредам во однос на начинот и квалитетот на опишување на „искреното пријателство“ кое го има во останатите филмови. А тоа што секогаш го нагласувам, а и не е некое мое неверојатно откритие, е дека во различно расположение и различни околности, различно се доживуваат, во случајов, анимираните филмови. Можеби ако го гледам повторно некогаш ќе си го сменам мислењето за него. Само моментално, не горам од желба. И постот, за сега, останува таков каков што е.
И, благодарам, имајте и вие убав ден. :)
Cool website buddy I am gona suggest this to all my list of contacts.
AnimeOnHand.com
Wonderful learning guys I’m a fan of your website.
http://sim-only-deals.co.uk
I am dreadfully thankful to all of your team for sharing such motivating information.asos telephone number
Објави коментар