Омилени анимеа

Осврти и мислење за популарните и не-толку-популарните анимеа

Омилени манги

Осврти и мислење за популарните и не-толку-популарните манги

Топ листи

Годишни осврти на најдобрите манги и анимеа

Кратки анимации

Видео од кратки но слатки уживања

Музика во анимеата

Фантастичките почетни или завршни музички теми

30 ноември 2009

Лесно читање 2

Edited:
Почетокот на приказната, и како Araragi-kun стана вампир - Kizumonogatari

Bakemonogatari/Koyomi Vamp/001


I met her in the spring break between my second and third years of high school. That meeting was impactful , and also quite devastating. In any case, I thought I had really bad luck――of course, this probably wouldn't be the case if I weren't there, but instead, someone else were in my shoes. Actually, I do think it's quite irresponsible to say that it was really bad luck that got me into this, and that maybe I should just accept that it was all my fault. In the end, I believe that me being there had started that chain of events.

That chain of events.

Not putting too much thought on such a careless thing, expressing it in that way――just for the sake of presenting it as "that chain of events", I honestly don't know exactly how large this chain actually was. What event was it that started it all, and where did it follow, and how did it end――I can't come up with a clear picture of it. And that's possible because even now it hasn't ended, or maybe that it hasn't even started yet――I honestly believed that, neither putting it as a pretense, nor a play on words.

In the end, I couldn't tell how it all played out from any point of view other than my own, and so I leave others wondering for all of eternity, exactly what kind of meaning this chain of events did have――as well as what kind of meaning this chain of events did not have. If I were able to ask them about the story, perhaps I would be able to grasp that much――but it is precisely because of that, that I wouldn't be able to tell if that was the real story.

It wouldn't be the truth, but what they recognized.

And that might be enough.


Loving it ^^

Лесно за читање


Во недостаток од моментална занимација на работа и недостаток од интернет, што ме спречува да google-ам, tumblr-ам и twit-ам, да читам rss feed-ови, да гледам спотови на youtube (иако на моево жалосно компјутерче нема ни слушалки), па дури и да читам манга online (иако не сум голем фан на читањето стрипови на малиот екран) почнав да читам light novels. Baka-Tsuki линкот од страна - одлично место за почеток.

Јас почнав со Kara no Kyoukai и Haruhi и Bakemonogatari...
Bakemonogatari...

Hitagi Crab/001



In the corner of the room, Senjougahara is always reading alone. Sometimes it is a hard cover book; sometimes it is one of those comics that will lower your IQ. She seems to be quite indiscriminate about her choice of books. It may be because she reads anything with words, though there may be quality in her reading choices.

I have never seen her conversing with anyone. From my point of view, the sight of her reading a book, the very action of her reading a book may have created a wall around her.

Even if a miracle occurred and you share the same class with anyone for three years, I don't think that I’ll feel lonely not exchanging any words with that person. It just ends up as a memory that such a person had existed. Even though I don't know what will happen to me a year after I graduate from high school, I probably won't have a reason to remember Senjougahara's face, nor be able to do so.

That was what I thought.

... Senjougahara, whom I caught and hence stopped her fall, was very - impossibly light. No kidding, she was mysteriously, eerily, light.

As though she wasn't even there. That's right. Senjougahara was so light; it was as if she had no weight.

Нели е доволно за да почнете да читате?
Како што беше доволна првата епизода од анимето да ме улови. Штета само што не е преведено понатаму. I'll wait, I'll definetily wait for a story like this.
Морам да кажам дека помислив дека не би требало да постои разлика меѓу оваа тинејџ-вампирска приказна и Twilight Saga. Ама за среќа постои! Thank God! Веројатно кога би била во моите рани тинејџерски години би ми повеќе лиги би ми течеле на Edward и Bella, отколку на оваа приказна. Но, после толку прочитани книги од една страна и толку гледани анимеа од друга, топло ја препорачувам Bakemonogatari (Ghostory) за било која возраст, и за читање и за гледање. Well, I'll have fun for sure, hope you'll have too.

28 ноември 2009

Чистилиштето

I'm a sucker for a good slow mystery/drama anime. Барем во последно време.
Haibane Renmei е еден неуспешен проект како doujinshi na Abe Yoshitoshi. Прво започнал како неколку страници, краток опис на ликовите со ореоли и сиви крилја, слични на ангели. Потоа прерасна во приказната која е разработена во анимето, и тоа навистина добра приказна. Сигурна сум дека ако авторот продолжеше да црта и да работи на doujinshi-то ќе читавме манга подобра од анимацијата, но сепак.
Haibane се ликови налик на ангели со ореоли и крила, родени во кожурки. Во кожурките сонуваат за патот од нивниот поранешен живот, до новиот свет. Rakka сонува како паѓа од небото, па така го добива своето име Rakka (落下 lit. "falling"). Се раѓа во свет, во кој Haibane не се мешаат со луѓето, употребуваат работи и живеат на места кои луѓето веќе не ги користат. Свет опкружен со ѕидови кои не смее да ги помине додека не биде повикана на денот на нејзиниот „Лет“. Запознава други Haibane, учи за нивните карактери, и секоја од нив добива некакво значење и место во нејзиниот живот. И постојано е опседната со чувство дека заборавила нешто значајно од претходниот живот, дека некого поврeдила и треба да се искупи. Постојано се прашува каде припаѓа додека не и потемнат крилата, како знак дека е обземена со грев. Додека комуникаторот не и каже дека тоа е кругот на потрагата по гревот што треба да се исчисти и губењето на патот кој треба да се оди. Дека гревот се раѓа кога мислиш дека не грешиш и дека се прочистуваш од гревот во моментот кога го препознаваш. Тука ќе почне нејзиното лечење и патот до прифаќањето, дека најголемиот грев е немоќта да се присетат на сонот на нивоното раѓање - и со тоа, значењето на своето постоење. (Ако не го сфатам ова како дел од сфаќањето на јапонците за светот, погрешно ќе го дефинирам како клише)
Авторот оставил простор за замислување на постоењето на Haibane, па некако јас дојдов до заклучок дека Glie, градот внатре во ѕидините е еден вид на чистилиште, за оние кои треба да расчистат со сопствените внатрешни борби и товари, и да ја најдат смислата на своето постоење.

17 ноември 2009

Средбата која требаше да (не) се случи

Ако по некоја random случајност сте се запрашале за девојките на banner-от, пратете ме внимателно... Пополека започнувам да ги опишувам карактерите од истоимената манга и аниме (кое btw, истера трета сезона) еден од моите омилени серијали - Sayonara Zetsubou Sensei - неверојатно интересен пристап на критика на секојдневието и социјланите стереотипи во јапонската култура,медиумите и политиката


Anthology of Despair
When you get of a tunnel, there's another tunnel. And when you get out of that tunnel, there's still another tunnel, and when you get out of THAT tunnel, there's yet another tunnel. No mаtter where you go and what you do, there are tunnels and tunnels and more tunnels. That's my life.

11 ноември 2009

Okairi-desu!

Едно од оние малку сцени кои ме смеат до солзи секој пат кога ги гледам


Sumomo - Chobits

09 ноември 2009

The sky crawlers

The sky crawlers е новела во 5 дела на Mori Hiroshi, која Ito Chihiro во 2008 година ја адаптира во анимираната верзија во режија на неверојатниот, прославениот, Oshii Mamoru. Аниме кое дефинитивно не е воено, нити авантуристичко, нити акционо. Аниме кое може единствено да се сврсти во философска расправа и психолошка драма. Сеуште се обидувам да го дешифрирам насловот и единствено ме потсеќа на Тага.
Во една можна верзија на сегашноста на светот, или подобро на Светот од претходната војна, возрасните се забавуваат со војната, во која актерите се Kildren - деца-пилоти, осудени да живеат вечно во својата адолесценција во круг на избор на смртта и повторно будење заради нивните пилотски способности. Децата се деца само во физичка смисла на зборот; во нивните потези, размислувања, сеќавања нема ништо детско. Во тишината меѓу борбите ги гледате нивните возрасни, тажни и празни лице.
Воопшто не е mainstream филм, па оние кои нема да се потрудат да поработат на своите размислувања, нема да ги прочитаат пораките за значењето на војната, животот под секојдневниот притисок на смртта и значењето на сеќавањата. Ова е онаков филм за кој размислувате дури го гледате, и потоа уште размислувате, и уште, и ве држи уште некое време, како deja vu. Чувство што го имате како кога го гледате Blade Runner, или нешто слично. И бидете стрпливи и почекајте до последната секунда на филмот за да си ја надополните само листата на теми за размислување, особено за егото и цинизмот на отаку светот.
Самото аниме е полно со тишина, онаква каква што може да ја исполни само Kawai Kenji, во 2Д сеќавања, и гласни и брзи, 3Д реалистични воздушни пресметки на пилотите ловци. Можеби некому ќе му смета преминот од едноставниот цртеж на ликовите во компјутерски совршено направените воздушни борби. Мене лично ме воодушеви. Зашто „децата“ во тишината, изгледаа како ехо и постојано повторување на реалноста, а борбите, грубо и прецизно ја опишуваа брзината на дејството, адреналинот на летањето, близината на смртта и потрагата по целта на сето ова повторување.
Дефинитивно да се запрашаме што се сеќавањата, а што секојдневната потрага по изненадувањето, што е животот воопшто.

07 ноември 2009

My stereotypical anime taste :)

превземено од AltJapan

Girls Who Like Boys (Who Drive Giant Robots)

AnimeGenreRanking

Gemuste: Anime/Comic Ranking By Gender (Japanese language)

Compiled by the otaku matchmaking service (!) Otakuma from a poll conducted between April and August of this year, here are the top anime series ranked by popularity by gender.

Males

1) K-On!

2) The Melancholy of Suzumiya Haruhi

3) Lucky Star

4) Gundam (all series)

5) Saki

Females

1) Gundam (all series)

2) K-On!

3) Code Geass

4) Macross Frontier

5) Evangelion / Toradora! (tie)

So what do we have here? Four out of five of the top shows watched by girls are about giant robots, while four out of five of the top shows watched by boys are about little girls! Welcome to the new world order, otaku-style...


Хмм, се осеќам дел од стереотипот, со тоа што никогаш не сум ги сакала момците кои ги возат роботите, туку самите роботи, и сум ги ценела девојките што ги растураат / водат момците кои возат роботи.
Enough excuses - my anime taste - a part of the new world order, otaky-style :)))

05 ноември 2009

Emotional with a gun


Madlax OP Theme
"Hitomi no Kakera" (瞳の欠片, Fragments of a Gaze) by FictionJunction YUUKA


NOIR ED Theme
"Kirei na Kanjo (「きれいな感情」 Beautiful Emotions)" by Akino Arai



And remember Canaan?

Ме интересира дали е само стереотип што анимеата за девојките-убијци а-ла Никита заслужиле вакви емотивни музички теми

03 ноември 2009

Metropolis revitilized

Под псевдонимот кој го носам без право, продолжувам да пишувам на страницава, за душичкава моја и менталната релаксација која ми ја дава анимето, воопшто.

Кога го прочитав насловот, очекував нешто слично на Metropolis, германскиот нем екпресионистички научно фантастичен филм од 1927 година. И не се излажав многу. Всушност, премисата на двата филмови е иста - последиците од капитализмот и социјалната криза на класната поделба. Иста е и неверојатно замислената архитектура, на високи згради која потсеќа на Њу Јорк, аналогијата на Вавилонската кула / Зигуратот - патот до небото и Боговите, напредната технологија која доминира низ целата приказна и во секојдневниот живот на јунаците.
Анимето се базира на манга, која оригинално е напишана од Tezuka Osamu (The God Of Manga) во 1949 година, инспирирана од единствена слика од раѓањето на роботот од германскиот филм, без авторот претходно да го погледне филмот. Меѓутоа, филмуваната верзија, т.е. анимето, тема на постот е многу поблиску до оригиналниот нем филм. Но барем, карактеристичниот цртеж на авторот на Astro Boy и Black Jack, ја задржал својата мекост на острата позадина на технички фантастичниот свет.
Разликата е и во ликовите и нивната улога, го нема дуалитетот кој беше некако подтема на филмот, во однос на пример, на улогата на работниците (како роботи), ниту пак виси во воздух прашањето на полот на ликовите. Иако Duke Red и овде се бори меѓу улогите на татко и владетел над градот. Tima е робот - девојче со реален човечки лик, направена како ќерката на Duke Red. За разлика од неа, Michi е главниот лик во мангата, кој може да си го менува полот по желба. Или пак, ликот на Мариа и роботот по нејзин лик, и нивната улога во оригиналниот филм.

Музиката е некако „откачено вклопена“, цело време вие New-Orleans-style-brass band-jazz, а во климаксот на настаните кога се руши Зигуратот, свири Ray Charles и неговата I Can't Stop Loving You - искрено мене ми беше memorable moment, можеби поради тоа што звукот на песната ги надгласи звучните ефекти на рушењето. Не беше ништо помалку ефективно од оригиналната симфониска музика на големиот оркестар на Вајмарската република во лајт-мотивот на Wagner и Strauss. Едноставно поддршка на ефектот дека се случува нешто величенствено.


Don't you ever let them tell you who you are